fbpx

Канал 5 никогаш не објавил прилог за фармацевтка Ивона Терзова

Не е точно изнесеното во фотомонтажата дека на социјалните мрежи масовно се споделувал статус на Терзова (тоа е дезинформација), бидејќи тој статус е конструиран специјално за потребите на лажната фотомонтажа

-

Станува збор за конструкција, односно дезинформација, а попатно злоупотребен е и брендот на медиум со национална концесија, со цел дезинформацијата да биде широко прифатена од граѓаните и тие полесно да ја проголтаат, без да ја проверат, мислејќи дека масовен медиум веќе ја извршил проверката, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме објава на социјалните мрежи во која се споделува наводна ,,вест” на Канал 5 телевизија. Фотографијата од наводната вест споделена во постот кој го рецензираме, всушност никогаш не е објавена на Канал 5 телевизија, ниту, пак, некогаш постоела на било која платформа поврзана со овој медиум. Со цел да се прошири дезинформација, а кај јавноста да се создаде револт и чувства на нетрпеливост и омраза кон фармацевтската индустрија, комплетно е измислена фармацевтка, комплетно е фотошопиран, односно исфабрикуван нејзин наводен став кој никогаш не постоел и на крајот на целото монтирано сценарио, злоупотребени се името, брендот и логото на Канал 5 телевизија. Кога ќе се погледне објавата, изгледа како Канал 5 да објавиле прилог за извесна фармацевтка Ивона Терзова, која што пак, наводно промовирала фармацевтски лукративни и неетички идеи:

Замислете многу сакаат лекот што го снабдуваме во странство да се продава во Македонија за само 2400 денари. Цел свет е спремен да ни го купи токму сега за секакви пари, дури и 2 илјади евра ќе платат за едно пакување. Никој не сака да умре од мозочен или срцев удар. И сакаат да го продадат за 2400 денари. И на кого. Сиромашните кои се бескорисни. Нискоквалификувани работници кои никогаш нема да создадат ништо корисно? И исто така пензионерите. За што? Животот веќе им помина, нека умрат, не ги жалиме. Ако високиот крвен притисок или проблемите со срцето не ги убијат, нешто друго ќе ги убие. Нема смисла да се трошат пари на стари лица. На државата не и е исплатливо да се грижи за пензионерите за да живеат долго. Ќе дадам се од себе но нема да дозволам овие идиоти да подарат лек со ограничено издание бесплатно. Мора да го продадеме и да заработиме! Тие што имаат пари сепак ќе купуваат. Што се 2 илјади евра за едно пакување? Ова не е ништо за оние кои добро заработуваат и сакаат да бидат здрави. А питачите нека си го пијат Еналаприл и нека се радуваат што не го продаваме за 2 илјади евра, пишува во фалсификуваниот пост под кој има над 557 допаѓања и 265 коментари. Коментарите и бројот на допаѓања се лажни односно графички додадени на фалсификуваниот пост кој не постои и никогаш не бил објавен на Канал 5.

Со цел оваа дезинформација да се направи поверодостојна, односно полесно да се продаде на јавноста, злоупотребени се логото, името, брендот на Канал 5 телевизија, на начин што е монтирана непостоечка вест која никогаш не постоела на нивната веб страница или на било која нивна социјална мрежа. Во невистинитиот пост

Директорот на Канал 5, Иван Мирчевски, за Вистиномер потврди дека станува збор за дезинформација и ваква вест никогаш немале објавено на медиумот. Нашите проверки на интернет (пребарувачи, платформи, професионални организации и портали, итн.) не дадоа ниеден резултат за постоење на фармацевтка Ивона Терзова. Исто така, не постои функција „заменик главен фармацевт“, како што е опишана функцијата на непостоечката Терзова во објавата која ја рецензираме.

Во постот се шират стереотипни ставови и тие лажно се атрибуираат на фармацевтската фела (дека сиромашните се бескорисни, пензионерите се луѓе на кои животот им поминал) со цел да се претстави фармацевтската индустрија како злобна, неетичка, неморална и исклучиво финансиски и лукративно мотивирана. Не е точно изнесеното во фотомонтажата дека на социјалните мрежи масовно се споделувал статус на Терзова (тоа е дезинформација), бидејќи тој статус е конструиран специјално за потребите на лажната фотомонтажа.

Поради сите горенаведени факти, постот кој го рецензираме го оценуваме како невистинит. Станува збор за конструкција, односно дезинформација, а попатно злоупотребено е и брендот на медиум со национална концесија, со цел дезинформацијата да биде широко прифатена од граѓаните и тие полесно да ја проголтаат, без да ја проверат, мислејќи дека масовен медиум веќе ја извршил проверката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...