fbpx

Казна за возачот што залепи српски грб на тетовски регистерски таблички

Изготвен е соодветен налог за изрекување на глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност, објаснуваат од СВР Тетово

-

Полицијата денес му изрече глоба на лицето кое извесно време возеше автомобил низ Тетово, со дел од табличките покриени со грбот на Србија, односно на местото на „знаменцето“ каде стои кратенката за Северна Македонија – НМК, пишува „Порталб“.

СВР Тетово за „Порталб“ извести дека денеска околу 12.30 часот на улицата „Илириjа“ во Тетово го запреле автомобилот марка мерцедес со тетовски регистарски таблички кое било управувано од лицето С.К (59) од тетовското село Жилче. При извршената контрола констатиран е сообраќаен прекршок казнив согласно членот 36 алинеа 5 „Оштетување, покривање или поставување на разни знаци или налепници на регистарските таблици на возилото“.

„Изготвен е соодветен налог за изрекување на глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност“, објаснуваат од СВР Тетово.

Инаку, во Тетово на 11 август при манифестацијата во центарот на Тетово при посетата на косовскиот премиер Албин Курти, еден граѓанин го вееше знамето на Голема Албанија. За овој граѓанин, МВР уште собира информации.

ИзворПорталб

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...