понеделник, 10 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: глоба | 14 резултати

Изречени казни од 7.000 евра за бесправни тераси и шанкови во Охрид

4 август 2020

Поради зголемениот број на посетители во Охрид, во текот на изминатиот продолжен празничен викенд, екипи на Инспекторатот при Општина Охрид во координација со инспекторите на Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд, спроведоа заеднички контроли и извршија инспекциски надзор на плажите, угостителските и сместувачките капацитети, во делот на почитување на […]

Измамници во Софија се обидуваат да извлечат пари со лажни „решенија“ за казни за паркирање

30 март 2020

Градоначалничката на Софија, Јорданка Фандкова, преку својата Фејсбук-страница денеска извести дека засега непознати измамници се обидувааат да извлечат пари од граѓани со лажни „решенија“ за глоби поради неправилно паркирање. „Решенијата“ се мошне квалитетно направени, изгледаат слично како други официјални документи, а на нив стои дека ги издала администрацијата на Град Софија и имаат дури и […]

МТСП: Верското организирање на децата во градинките е забрането

16 јануари 2018

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопшти дека со допис ги предупредило детските градинки дека со закон е забрането верското или политичкото организирање и дејствување на децата во градинките. Според Законот за заштита на децата, доколку се инволвираат деца од овие јавни установи, предвидена е глоба од  1.000 евра во денарска противвредност, велат од […]

Драконски казни од вкупно 8,5 милиони евра за скопската и прилепската пиварница

23 мај 2017

Високи казни од 5,8 милиони евра за Пивара Скопје АД Скопје и 2,7 милиони евра за Прилепска пиварница, поради диктирање цени, изрекла Антимонополската комисија. Како што соопшти Комисијата за заштита на конкуренцијата, на вчерашната седница нејзината Комисија за одлучување по прекршок, донела решение според кое Пивара Скопје од 17.12.2012 година досега склучувала договори за продажба […]

Ад хок телото побара нови казни за медиуми поради непочитување на Изборниот законик

8 декември 2016

Ад хок комисијата за следење на медиумите на денешната седница донела одлука да поднесе барање до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за поведување прекршочни постапки против неколку телевизии и едно радио, поради прекршување на правилата за изборно медиумско претставување на политичките партии. „Предлози за поведување прекршочна постапка во која судот ќе изрече прекршочна […]

МЗШВ воведува ограничување на движењето низ шумите

7 јули 2016

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) објави дека се воведува ограничување на движењето на сите лица во шумите и во шумските појаси од денеска до 15 август, во периодот од 7 часот наутро до 17 часот попладне. Ограничувањето не важи за лица што имаат соодветна дозвола од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми […]

Активисти на „Шарената револуција“ од Штип на рапорт во полиција

22 јуни 2016

Тројца учесници во „Шарената револуција“ од Штип се повикани на информативен разговор во полиција. Разговорите со демонстрантите траеле по два часа. Последен бил повикан неформалниот лидер на демонстрантите, Горан Трајков, кој  изјави дека ќе се појави во полициската станица во Штип во посочениот термин за да види за кои објекти го товарат дека ги оштетил. Од […]

Жерновски казнет со 7.500 евра од Државен управен инспекторат

3 јули 2015

Државниот управен инспекторат го казни градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, со глоба од 7.500 евра за случајот со катната гаража на „Никофон“, објави „А1 он“ Оваа одлука е донесена по 23. по ред инспекција од Државниот управен инспекторат во Општината за овој предмет. Според  одредбите од Законот за управна инспекција, глобата се движи од 7.500 […]

Фирми од Охрид кои продавале фалсификувана стока добиле глоба од 35.000 евра

31 март 2015

Со асистенција на СВР Охрид, денеска во Охрид и во Струга беше спроведена акциска контрола од Координативното тело на Република Македонија за заштита на интелектуалната сопственост, на авторските права и права од индустриска сопственост. Акцијата беше реализирана во координација со пазарната инспекција, Управата за јавни приходи, Агенцијата за електронски комуникации и Агенцијата за радиодифузија. „Контролата е […]

Центар ќе го затвори опасното градилиште на „Настел“

21 јануари 2015

Општина Центар планира утре да го затвори градилиштето каде што фирмата „Настел“ пред неколку години ископа градежна јама за да гради хотел, соопштија од локалната самоуправа. „Земјата околу јамата на улицата Осма ударна бригада, во близина на италијанската амбасада, е пропадната, отворена е дупка поради градилиштето и е нарушена стабилноста на околното земјиште“, пишува во соопштението на […]

Страна 1 од 1