fbpx

Не е вистина дека кодот MKD премолчено е заменет со NMK

Министерството за надворешни работи информира дека во согласност со Договорот од Преспа, кодот NМК се употребува исклучиво за регистарските таблички на возилата. За сите други намени, кодот за земјата е МК и МКD, согласно Меѓународната организација за стандардизација (ИСО)

-

Кодовите на нашата држава се MK и MKD и тие кодови се употребуваат секаде, па и во личните документи и не се сменети премолчено. Единствениот исклучок се регистарските таблички на возилата каде што се користи кодот NMK, но и тоа не е одлучено премолчено, туку е транспарентно објавено со Договорот од Преспа, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Објава на социјалните мрежи тврди дека премолчено ни ги смениле кодовите на државата од MKD со NMK. Ова не е точно.

ПРЕЌУТНО КОДОТ MKD НИ ГО БРИШАТ И ЗАМЕНУВААТ СО NMK.

ЌЕ СИ ВИСИТЕ ❗❗❗

На интернет просторот, особено на социјалните мрежи, сè уште се шират манипулации околу официјалните кодови на нашата земја и личните документи.

На 12 февруари на полноќ престанаа да важат личните документи со поранешното име на државата Република Македонија. Важечки документи за употреба на документите надвор од нашите граници е името Република Северна Македонија. Но, не сите граѓани имаат лични документи, особено патни исправи и нови регистарски таблички со новото име. Гужвите коишто се направија поради вадењето на нови документи, предизвикаа и на социјалните мрежи да се искажува револтот. Но, на дел од објавите се споделуваат и невистинити информации со кои дополнително се крева паника и се создава револт кај населението.

Една таква објава тврди дека премолчено ни бил избришан кодот MKD кој го замениле со NMK. Ова не е вистина. Никој го нема сменето кодот и тој е утврден уште од самото потпишување на Договорот од Преспа, а тоа беше транспарентно објавено и оттогаш не е сменет ниту премолчено, ниту на било кој друг начин.

Во Договорот од Преспа утврдено е решавањето на разликата околу името како и незаокружените прашања поврзани со името каде што спаѓаат и кодовите за земјата. Па, така, во членот 1, секција Д точно е утврдено кои се кодовите на државата и како тие се употребуваат.

д) Кодот за земјата на регистарските таблички на возилата на Втората страна (се мисли Република Северна Македонија – н.з.) ќе биде НМ или НМК. За сите други намени, кодот на земјата останува да биде МК и МКД, како што е официјално определено од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО).

Истиот договор, на англиски јазик е објавен и од грчкото МНР каде што е целосно истиот текст за кодот на земјата.

Ова значи дека кодот MKD не е заменет премолчено со кодот NMK како што се тврди во објавата. Кодот NMK ќе се користи исклучиво за регистарски таблички на автомобилите, а не и за личните документи. Ова го потврдија и од Министерството за надворешни работи.

Министерството за надворешни работи информира дека во согласност со Договорот од Преспа, кодот NМК се употребува исклучиво за регистарските таблички на возилата. За сите други намени, кодот за земјата е МК и МКD, согласно Меѓународната организација за стандардизација (ИСО) и како таков стои во документите издадени од Република Северна Македонија, меѓу другото и во патни исправи, лични карти, возачки и сообраќајни дозволи.

Кодовите на нашата држава се MK и MKD и тие кодови се употребуваат секаде, па и во личните документи и не се сменети премолчено. Единствениот исклучок се регистарските таблички на возилата каде што се користи кодот NMK, но и тоа не е одлучено премолчено туку е транспарентно објавено со Договорот од Преспа.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистинита.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Народната банка додели награди на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството

Народната банка, на денот на монетарната независност, 26 април, ја одржа годишната свеченост за доделување на наградата на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството. Овогодинешниот победник беше Никита...