сабота, 13 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: Договорот од Преспа | 61 резултати

Не е вистина дека патните исправи на Република Северна Македонија нема да важат ако го содржат новото име

18 февруари 2024

Преспанскиот договор уредува кодот за нашата земја на регистарските таблички на возилата да биде НМ или НМК. За сите други намени, кодот на земјата останува да биде МК и МКД, како што е официјално определено од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО). Затоа, патните исправи кои содржат Северна Македонија и код МКД се валидни и нема […]

Кратенката МКД останува на личните документи, НМК е само за регистарски таблички

15 февруари 2024

Според Договорот од Преспа кодот за земјата на регистарските таблички на возилата ќе биде НМ или НМК. За сите други намени, кодот на земјата останува да биде МК и МКД, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Објави на социјалните мрежи невистинито тврдат дека личните документи кои се издадени со новото […]

Контраспин: Жалењето на Ковачевски е задоцнето и бескорисно, зијанот е голем

15 февруари 2024

Изјавата на Ковачевски дека „мора да се биде реален“ и „тоа е процес кој мора сите заедно да го изодиме“ е спин. Министрите на СДСМ во техничката влада не го предложиле и не го изгласале ова со бесплатните возачки поради висока свест и затоа што „патот треба да го изодиме заеднички“, туку поради претстојните избори, […]

Контраспин: Несериозностa во примената на договорот од Нивице нема да се избрише со промена на законите

13 февруари 2024

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ спинуваат кога велат дека со промена на два-три закона ќе се решеле проблемите и маките на граѓаните со вадење на нови документи. Таквиот предлог е само покривање на пропустите што се направени досега, посебно на СДСМ, а обврската за нови документи останува, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Најпрво […]

Преспанскиот договор погрешно се толкува, личните документи треба да се сменат до февруари 2024 година

21 август 2023

Граѓаните, согласно Договорот од Преспа, треба да ги сменат личните документи со новото име на државата до февруари 2024 година. Владата не го измислила овој датум, како што се наведува во објавата, туку тој произлегува до Договорот кој го потпишаа Северна Македонија и Грција. Покрај пасошот, граѓаните треба да ги сменат и личните карти и […]

ДВ: Преспанскиот договор е новата реалност и за ВМРО-ДПМНЕ тоа е завршена работа?

2 ноември 2021

Во изјава за Дојче веле, повеќе партиски функционери навестуваат дека новите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ ќе го почитуваат Преспанскиот договор со кој уставното име на земјата се промени во Република Северна Македонија. Како што објави Дојче веле во текст со наслов „Дали ВМРО-ДПМНЕ на мала врата го ‘проголта’ Преспанскиот договор?“, двајца функционери на опозициската партија посочиле […]

Вистиномер: Придобивките и компромисите во Преспанскиот договор – грчки поглед (IV дел)

10 јули 2020

Како на дилемите околу Преспанскиот договор се гледа од другата, грчката, страна? Еве што пишуваше на овие теми весникот „Катимерини“ (февруари 2019), систематизирани како „најчесто поставуваните прашања“ во врска со Преспанскиот договор и нивните одговори, пренесува „Вистиномер“.   ДАЛИ РУСИЈА МОЖЕ ДА ГО ОСПОРИ ДОГОВОРОТ СО ВЕТО ВО СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОН? Според одредбите од Договорот, […]

Вистиномер: Економските придобивки за Северна Македонија од Преспанскиот договор (III дел)

9 јули 2020

Придобивките кои ги добивме со потпишувањето на Преспанскиот договор на економски план, можеме да ги поделиме на такви кои ги подигнуваат потенцијалите во самата земја, потоа на такви кои се дел од регионалниот развој и, секако, такви кои доаѓаат со фактот дека влегуваме во две големи асоцијации на држави како НАТО и ЕУ, односно даваат […]

Вистиномер: Две години подоцна – Преспанскиот договор и македонскиот идентитет (II дел)

7 јули 2020

Како и колку е заштитен македонскиот идентитет во Преспанскиот договор и можно ли е негово поништување во Обединетите нации, или, пак, од некоја идна власт во земјава?, пишува Вистиномер во својата нова анализа. ШТО ПРЕДВИДУВА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА Лидерот на СДСМ и во тоа време преимер, Зоран Заев, образложувајќи ги четирите амандмани пред собраниската Комисија за […]

Вистиномер: Две години подоцна – Политичките придобивки за Северна Македонија од Преспанскиот договор (I дел)

4 јули 2020

Зад и над сите сомнежи и евентуални релативизирања на Преспанскиот договор, тој е недвојбено признат од практично целата светска заедница и посочуван како пример кој треба да се следи од земјите кои имаат проблеми со соседите. Никому, засега, не му успева да го повтори тој чекор, иако меѓусоседски проблеми има многу, пишува Вистиномер.мк во својата […]

Јелинчич со невистина: Во договорите со Атина и Софија нема откажување од идентитетот!

12 јануари 2020

Словенечкиот политичар и пратеник, Змаго Јелинчич – Племенити, даде изјава поврзана со состојбите во Република Северна Македонија, во која се содржат и невистинити тврдења – дека со Договорот од Преспа, Заев се откажал од сè македонско, а со потписот на Договорот за добрососедство со Бугарија се откажал од идентитетот и историјата на македонскиот народ, како […]

Сервер: По Преспанскиот договор, останаа два проблеми на Балканот

2 мај 2019

Имаше три безбедносни проблеми на Балканот, а сега, по решението на спорот за името на Македонија, останати се само два: Нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија и средување на дисфункционалното владеење во Босна и Херцеговина, сметаа Даниел Сервер од Школата за напредни меѓународни студии на американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“. Тој беше еден од говорниците […]

Ципрас ја отфрли можноста за предвремени парламентарни избори

16 април 2019

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за грчката телевизија „Антена“ порача дека нема да има предвремени парламентарни избори во Грција, односно ќе бидат одржани според планот, во октомври, пренесе „АНА-МПА“. Ципрас изрази оптимизам дека неговата левичарска коалиција СИРИЗА ќе победи на претстојните избори за Европскиот парламент закажани за 26 мај. – Целта на СИРИЗА и […]

Ципрас: Лажните вести ескалираа со спроведувањето на Договорот од Преспа

3 април 2019

На прес конференцијата во Скопје, освен за градењето мостови и придобивките од приближувањето на двете земји, грчкиот премиер Алексис Ципрас, зборуваше и за проблемот со лажните вести околу Договорот од Преспа, Според Ципрас „во изминативе месеци на спроведување на договорот стана забележлив проблемот со лажните вести“. – Во изминатите месеци додека бевме многу конструктивни во […]

Владата одлучи да ја отстрани оградата, новиот Клинички ќе се гради во Ѓорче Петров

6 февруари 2019

На својата вчерашна 118-та седница, Владата ја одредила најповолната локација за новиот Клинички центар, а тоа е месноста Веле Поле во Ѓорче Петров, а донела и одлука да ја отстрани железната ограда околу владиното седиште. Исто така е донесена одлука да се отворат амбасада во Атина и генерален конзулат во Солун. Владиниот кабинет го прифатил […]

Јункер, Могерини и Хан го поздравија ратификувањето на Преспанскиот договор

25 јануари 2019

Со заедничка изјава, претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, високата претставничка за заедничка надворешна политика Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ја поздравија ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот парламент. „Со радост го поздравуваме најновиот клучен чекор во ратификацијата на Преспанскиот договор, со денешното гласање во грчкиот парламент. Од самиот почеток Европската […]

Во Солун се делат „некролози“ за Македонија

25 јануари 2019

Малубројни противници на Договорот од Преспа денеска во Солун, пред Министерството за Македонија и Тракија, на минувачите им делеа „некролози“ со името „Македонија“, изразувајќи го на тој начин својот протест против, како што велат „предавството кон грчка Македонија“. „Денеска ја погребуваме Македонија“ стои во текстот, а како потписници се „Мајка Грција, децата Македонки и Македонци“. […]

Грчкиот парламент во жешка атмосфера попладнево гласа за договорот за името

25 јануари 2019

Иако во грчкиот парламент требаше да се гласа ноќеска за ратификација на Преспанскиот договор, постапката се развлече поради огромниот број пријавени пратеници за збор, поради што најверојатно за ратификацијата ќе се гласа денеска околу 14.30 часот по локално време. Сè уште е неизвесно каков ќе биде исходот, оти последните анкети во Грција покажуваат сериозна предност […]

Ќе се гласа за доверба на владата на Ципрас

16 јануари 2019

Во парламентот на Грција денеска треба да продолжи  седницата на која ќе се гласа за доверба на владата на Алексис Ципрас. Гласањето би требало да се одржи попладнево. На вчерашното прво продолжение на седницата, имаше тензична атмосфера и жестока дискусија. Гласањето за доверба е на иницијатива на грчкиот премиер, кој се обидува да обезбеди доволно […]

Иднината ќе ја потврди исправноста на Договорот од Преспа, и порача МНР на Москва

15 јануари 2019

Македонското министерство за надворешни работи (МНР) во реакција на вчерашното соопштение на руското МНР порача дека постапката за донесување на уставните измени во склад со Договорот од Преспа е со целосно почитување на предвидената собраниска процедура и Уставот на Република Македонија, и изрази жалење што Русија „во негативен контекст става автентични политички процеси во две […]

Страна 1 од 3