fbpx

Вистиномер: Економските придобивки за Северна Македонија од Преспанскиот договор (III дел)

-

Придобивките кои ги добивме со потпишувањето на Преспанскиот договор на економски план, можеме да ги поделиме на такви кои ги подигнуваат потенцијалите во самата земја, потоа на такви кои се дел од регионалниот развој и, секако, такви кои доаѓаат со фактот дека влегуваме во две големи асоцијации на држави како НАТО и ЕУ, односно даваат можност да бидеме во зоната на економска и социјална поддршка од нив, пишува Вистиномер.мк во новата анализа.

 

По два месеца од постигнатиот Договор во Преспа има само позитивни ефекти. Двојно се зголемени странските инвестиции за само една година, има раст на бруто домашниот производ, од минусното салдо што беше затекнато, сега имаме намалување на невработеноста, раст на платите. Евроатлантската иднина на Република Северна Македонија значи стабилност и безбедност за нашата држава и за регионот, но и економски развој, изјави  во една пригода лидерот на СДСМ и во тоа врема премиер, Зоран Заев,  коментирајќи ги придобивките од Перспанскиот договор. (март 2019 година)

Оваа изјава на Заев најпрвин објаснува дека после потпишувањето на Договорот беа охрабрени факторите на економскиот живот во самата земја, што пред сѐ, се однесуваше на новата клима кај нашите бизнисмени.

Некои глобални, регионални проекти би можеле да тргнат напред бидејќи подобрите односи меѓу државите на Балканот ги туркаат токму таквите програми, оние кои бараат сериозни инвеститори, кои не би жртвувале инвестиции во проекти ако ситуацијата е проблематична. Фактот што по повеќе од половина век ќе се отвори ново-стариот премин на Преспанското езеро, Маркова нога, како силен потурнувач за тој регион, кој беше еден вид на „слепо црево“ меѓу три држави, има своја симболична поврзаност со Преспанскиот договор.

Нашата земја преку Договорот од Преспа, на пример, целосно ги охрабрува големите проекти од типот на експресната пруга од Атина преку Скопје до Белград и Будимпешта. Зад овој проект стојат кинески инвеститори, а сега тие добиваат јасни стимуланси, освен за сегменти кои не зависат од нас, како што во моментот е судбината на Прешевската долина!

Да не заборавиме дека голем број наши граѓани, претежно млади лица работат сезонски во области како туризмот, зејоделство, сточарство и слично. Исто така, тука е солунското пристаниште кое е аортата на нашиот извоз.

И министерот за дигитална политика, телекомуникации и медиуми на Грција, Никос Папас, во разговор со дописничката на МИА од Атина вели дека постојат идеи кои во иднина ќе се реализираат. Зад нив ќе стојат и регионалните програми на ЕУ, кои се наклонети да поддржуваат токму вакви приоди во економијата, бидејќи, тие ја јакнат европската кохезија.

Со многу суштински и стабилни чекори се спроведува Договорот од Преспа, вели алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу, за грчката новинска агенција АНА-МПА во однос на одржаниот прв состанок на Меѓународната група на експерти меѓу двете земји. Анагностопулу објаснува дека улогата на групата е да се испитаат и да се решат можните разлики меѓу бизнис заедниците од двете земји за трговските ознаки, имиња и слично.

Што значи сето ова? Дека Грција, со Договорот од Преспа, го отвори патот за „дебалканизација“ на било кои проблеми и разлики во регионот, дека ја има обезбедено потребната средина за дијалог што носи развој на локалните заедници во клима на консензус, дека ги сруши ѕидовите на ревизионизмот и неплодната политичка интроверзија на минатото, вели Анагностопулу за АНА-МПА.

 

ДОГОВОРОТ И ТРГОВСКИТЕ БРЕНДОВИ

Уште во првиот член од Договорот, во ставот 3 (ж), се одредува што ќе биде преземено во врска со употребата на името Македонија во трговските брендови. Но и тој член остава голем простор за толкување.

Во врска со погоренаведеното име и термини во имиња за комерцијална намена, трговски марки и заштитни знаци, страните се согласуваат да им дадат поддршка и да ги охрабрат своите деловни заедници да воспостават искрен, структуиран и во добра волја дијалог, во чии рамки ќе бараат и ќе постигнуваат заемно прифатливи решенија за прашањата кои произлегуваат од имињата за комерцијална намена, трговските марки и заштитни знаци и за сите релевантни прашања, на билатерално и на меѓународно ниво. За спроведување на претходно наведените одредби, ќе се формира меѓународна група на експерти, која ќе ја сочинуваат претставници на двете држави, а во контекст на Европската Унија и со соодветен придонес на Обединетите нации и ИСО. Оваа Група на експерти ќе се формира во текот на 2019 г. и ќе ја заврши својата работа во рок од три години. Ниту една одредба од член 1, став 3 (ж) нема да влијае на сегашната комерцијална употреба сè додека не се постигне заемна согласност, како што е предвидено во оваа алинеја. (член 1, став 3 (ж) од Договорот)

Стопанските комори на Македонија и Грција сè уште не се сретнале да преговараат како би изгледале трговските марки според Преспанскиот договор. Експертската грчко-македонска комисија упати апел до коморите дека е крајно време да седнат на маса и да ги започнат преговорите, бидејќи тие се суштински дел од носењето на идејно решение.

Нема да биде наметнато ништо со сила, меѓутоа треба да се свесни деловните заедници дека тоа треба да се постигне со взаемна почит и соработка со заеднички договор. Да не врши конфузија на пазарот, да се знае од која земја потекнува, никој нема да нема монопол на тоа, а да биде, сепак, во согласност, да не биде наметнато, изјави  кон крајот на минатата година Ѓорѓи Филипов – кординатор на меѓународна група на експерти

Според Филипов, грчкиот слоган „Macedonia the Great“, промовиран од страна на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, не предизвикал негатвни реакции во бизнис заедницата, за разлика од политичарите и новинарите кои имале сензионалистички пристап.

Ние гледаме дека стопанските субјекти и во едната и во другата држава не реагираа воопшто сензионалитички како што реагираа новинарите и политичарите во однос на предлогот на премиерот со новата трговска марка, односно со промотивниот маркетиншки слоган. Мислам дека заедниците реагираа доста помудро, стопанствениците имаат еден интерес да се зголеми продажбата, профитот и размената и ќе бидат малку помудри од политичарите, вели Филипов во изјавата што ја пренесе телевизијата „Аласат М“.

Мешовитата комисија засега нема конкретен предлог како би изгледале трговските марки, туку само предлог како да се одвива преговарачкиот процес. Во мометов во земјава има околу 3.200 фирми, кои во своите производи за домашна употреба го содржат името Македонија, македонски и слично, а во Грција околу 3.500 фирми. Согласно Преспанскиот договор, прашањето за трговските марки треба да биде затворено на среднината на 2022 година.

Прв дел  тука.

Втор дел тука.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...