fbpx
Таг: Договорот од Преспа

таг: Договорот од Преспа

Хан: На Мицкоски му кажав дека Договорот од Преспа мора да се реализира

Еврокомесарот Јоханес Хан вчера на конгресот на Европските народни партии (ЕПП) во Хелсинки се сретнал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а по средбата на „Твитер“ напиша дека му нагласил на Мицкоски дека Договорот од Преспа мора да се реализира. Тој рече и дека Мицкоски ветил дека нема да ја попречува постапката во Собранието. „Корисен разговор со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ...

Димитров: Реформите се за Македонија да стане функционална демократија

Mинистерот за надворешни работи Никола Димитров на вчерашната средба во Берлин со Јан Хекер, советникот за надворешна политика на германската канцеларка Ангела Меркел, порачал дека реализацијата на реформите во Македонија се, пред се, за бенефит на самите граѓани и трансформација на земјата во кредибилна европска демократија. Притоа двајцата соговорници заеднички констатирале „дека историската посета на канцеларката Меркел на 8...

Бујар Османи утре од Атина во Скопје се враќа со првиот лет по повеќе од една деценија

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи утре ќе отпатува во работна посета на Атина, од каде ќе се врати со авион, со првиот лет меѓу Скопје и Атина по повеќе од една деценија, соопштија од кабинетот на Османи. Тој во Атина ќе се сретне со заменикот министер за надворешни и европски работи на Грција, Јоргос Катругалос. Тема на средбата ќе...

Солун или Тесалоники: Комисијата ќе користи меѓународни конвенции за топонимите

Во однос на именувањето на населените места – топонимите (Тесалоники или Солун, Монастири или Битола…), ќе се користат меѓународините конвенции, кои за нас се доста поволни, вели за МИА Виктор Габер, кој го предводи македонскиот тим во заедничката интердисциплинарна комисија на Македонија и Грција, која, меѓу другото, според Договорот од Преспа, треба да дискутира и за учебниците и за...

Беса ќе поднесе четири амандмани за Уставот, очекува Владата да ги прифати

Пратеникот Фадил Зендели од Беса изјави дека тие ќе поднесат четири амандмани за Уставот – концепт на граѓанска држава, албанскиот јазик да биде рамноправен со македонскиот јазик, државата да се грижи за сите нејзини граѓани во дијаспората, како и тоа претседателот на државата по второто гласање на закон или друг акт во Собранието да нема право на вето, како...

Тезите за поткуп на пратениците пласирани и на бугарски левичарски портал

Бугарскиот левичарски портал „Поглед“ се приклучи на редицата онлајн-медиуми што ги објавија шпекулациите за притисоци и поткуп на пратениците во македонското Собрание. Притоа статијата објавена вчера пренесува шпекулации појавени уште од пред гласањето за почеток на уставните измени во Собранието во петокот. Статијата се повикува на информативната агенција на англиски јазик „Мина“ и на Миленко Неделковски, обвинувајќи го официјален Вашингтон...

За руската агенција „Спутњик“ земјава е „С. Македонија“

Руската новинска агенција „Спутњик њус“, порано позната како „РИА Новости“ и „Гласот на Русија“ веќе ја преименува Република Македонија во Северна Македонија. Со наслов „Грција, С. Македонија, почнаа да разговараат и покрај идентитетскиот конфликт“, руската агенција која е дел од владиниот медиумски конзорциум „Росија Сегодња“, во понеделникот објави интервју со професорот Неофитос Лоизидес од универзитетот Кент, Велика Британија, за најновите...

Алијанса за Албанците и БЕСА на Касами ќе поднесат амандмани за Албанците

Алијанса за Албанците (АА) и крилото на БЕСА предводено од Биљал Касами ќе поднесат амандмани за албанскиот јазик и за преамбулата, во текот на расправата за уставните измени кои се прават поради исполнување на обврските од Преспанскиот договор, јави „Порталб“. ДУИ, крилото на БЕСА предводено од Африм Гаши, НДП и ДПА сметаат дека сега не е време за поднесување амандмани,...

Ѕанакопулос: Во соседната земја беше направен историски чекор

Двотретински изгласаниот предлог во македонското Собрание за почеток на уставните промени е историски чекор што ги носи двете страни поблиску до финалното- стапување во сила на Договорот од Преспа, смета портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос. -Она што се случи во соседната земја, во ПЈРМ, е историски чекор за почеток на процесите за уставна ревизија и...

Дачиќ: Нема потреба Србија да ги коментира одлуките на Собранието

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска порача дека одлуката на македонското Собрание да го почне процесот на менување на Уставот е внатрешна работа на Македонија која што нема потреба Србија да ја коментира. -Ги почитуваме народот и државните органи. Им посакувам се најдобро на Грција и Македонија, но тоа се внатрешни прашања... Ние сакаме најдобри односи -...

Кривична пријава за маж што се заканувал на пратениците преку Фејсбук

СВР Скопје и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР ќе поднесат кривична пријава против 38-годишниот А.Н. од скопско Коњари, поради закани преку Фејсбук. Кривичната пријава ќе биде за загрозување на сигурноста и за ширење расистички и ксенофобичен материјал преку копјутерски систем. Полицијата вчера извршила претрес во домот на осомничениот, при што се одземени предмети, а тој бил...

Драмата со Коѕиас пак го распали огнот на „црните пари“ и тајните фондови за името

Обидот на грчкиот премиер Алексис Ципрас да го надмине раздорот во неговиот кабинет, на седницата во вторникот отиде во најлошиот можен правец, кога по острата кавга на министерот за одбрана Панос Каменос и досегашниот министер за надворешни работи Никос Коѕиас, вториот си поднесе оставка. Според грчките весници во кавгата се споменувале црните фондови на грчкото Министерство за надворешни работи (МНР). Но,...

Продолжува седницата за уставните измени денеска во 11 часот

Пленарната седница на Собранието на Македонија за уставните измени, која почна вчера, ќе продолжи денеска во 11 часот. Пријавени за збор се 66 пратеници. Во текот на вчерашната расправа немаше никакво поместување на ставовите и на власта и на опозицијата, со исклучок на пратеникот од владејачкото мнозинство, Ферид Мухиќ. Тој иако претходно рече дека нема да ги поддржи уставните измени,...

Српски медиуми: Заев нуди амнестија во замена за двотретинско мнозинство

„Денот Д за Македонија“, „Историска седница на Собранието“ и „Заев понуди амнестија за двотретинско мнозинство“, се дел од насловите на многубројните новинарски текстови во Србија за денешната седница за уставните измени на македонскиот парламент. Речиси сите медиуми велат дека премиерот Зоран Заев повикал на национално помирување и дека „на највлијателната опозициска сила ВМРО-ДПМНЕ, како гест на добра волја и понудил...

Владата ги подготви уставните измени и ги испрати во Собранието

На вчерашната 92-седница, Владата ја донела одлуката за уставните измени, односно во Собранието да ги достави измените за кои ќе бара поддршка. Тоа се случува во период кога уште не е дефинирано дека е подготвен теренот за менување на Уставот, оти за тоа е потребно двотретинско мнозинство во парламентот, односно 80 пратеници. „Владата на РМ го утврди текстот усогласен согласно...

Самарас: Им дадоа сѐ, сите ќе ги викаат само Македонци

Нема да дозволиме да ја продадат нашата Македонија. Јас секогаш поддржував дека не можеме на Скопје да му го дадеме името Македонија, бидејќи едноставно, од тој момент сите, официјално ќе ги нарекуваат, не Северномакедонци, Горномакедонци, туку само Македонци, рече поранешниот грчки премиер Андонис Самарас, во неговиот говор пред членовите на Комората во Кавала, на свеченото отворање на трговскиот и...

Хан: Не нови избори, туку градење двотретинско мнозинство во парламентот

Нови избори во Македонија ќе бидат одолговлекување на патот кон почетокот на преговорите со ЕУ, порачува комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан за австрискиот весник „Куриер“, велејќи дека го советувал македонскиот премери Зоран Заев да не свикува вонредни парламентарни избори, туку да изгради двотретинско мнозинство во Собранието кое би го поддржало Договорот со Грција. -Новите избори ќе бидат одолговлекување...

Двајца пратеници на „Независни Грци“ се спротивставија на Каменос

Со различни позиции од оние на Панос Каменос, излегоа двајца пратеници од Независни Грци во однос на договорот од Преспа. Танасис Папахристопулос и Костас Зурарис во одделни интервјуа за грчките медиуми открија дека не се на иста линија со нивниот претседател, кој не го прифаќа решението меѓу Македонија и Грција и најави дека „ќе направи сѐ, договорот да не...

ИФИМЕС: На референдумот нема да излезат 17,4 отсто од граѓаните

Вкупно 63,6 отсто од граѓаните на Македонија ќе учествуваат на претстојниот референдум, а 67,3 проценти се за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот од Преспа. На референдумот нема да излезат 17,4 отсто од граѓаните, додека 16,4 отсто не се за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот со Грција, покажува испитувањето на јавното мислење...

Каменос: Заев и Димитров со своите изјави ги вознемируваат Грците

На неформалниот самит на министрите за одбрана од ЕУ во Виена, грчкиот министер за одбрана и лидер на десничарската партија „Независни Грци“, Панос Каменос, порачал дека споменувањето македонска нација е спротивно на кој било договор и го прави бесен грчкиот народ, кој ќе го има и последниот збор, без разлика на референдумот и уставните измени во Македонија, соопшти грчкото...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...