Ципрас: Лажните вести ескалираа со спроведувањето на Договорот од Преспа

-

На прес конференцијата во Скопје, освен за градењето мостови и придобивките од приближувањето на двете земји, грчкиот премиер Алексис Ципрас, зборуваше и за проблемот со лажните вести околу Договорот од Преспа,

Според Ципрас „во изминативе месеци на спроведување на договорот стана забележлив проблемот со лажните вести“.

– Во изминатите месеци додека бевме многу конструктивни во градењето односи, се занимававме со лажните вести, затоа што во Грција наеднаш почна да се кажува дека Договорот од Преспа создал проблеми. Но тие проблеми беа создавани 30 години и Договорот всушност ги решава – рече тој.

И самиот факт дека Ципрас проговори на таа тема во Скопје, укажува на сериозноста на оваа појава – и во двете земји.

Впрочем, само неколку дена порано, на 29 март во Атина, се одржа и грчко-македонска конференција „Лажни вести за Договорот од Преспа“ на која учествуваа и македонски новинари и претставници на граѓанското општество, и на која министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски соопшти дека дури 10 проценти од сите написи на македонски и на албански јазик за Договорот „имале за цел да презентираат неточни информации како факти“.

Како што потенцираше тој, во периодот од 1 април 2018 до 15 март 2019 година објавени се вкупно 35.261 написи на македонски јазик и 13.995 на албански јазик. Анализите покажуваат дека во просек 10% од овие написи може да се вбројат во информации чија цел не е информирање на јавноста, односно имале за цел да презентираат неточни информации како факти.

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за креативна одржливост...

Првата антикорупционерка Димитровска осомничена во предметот „Адитив“

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, попладнево е повикана и однесена во Кривичниот суд, потврдија од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Оттаму...

Француската агенција за развој на медиумите објави конкурс за креирање постер за борба против дезинформациите во Западен Балкан

Како дел од проектот „Balkan Voices 2“ и „Shared Horizons“, Француската агенција за развој на медиумите (CFI) објави конкурс за креирање на постер, кој што ќе служи како регионална иницијатива чија...

Завршен настан на ХЕРА: Родовата еднаквост е реалност не само цел

Под мотото „Ти и јас во еден глас: Родовата еднаквост – наша заедничка мисија“, денес во Скопје, се одржа завршниот настан на проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово...

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за...