fbpx

Контраспин: Аудито на Мерко е грдо зашто е луксузирање со пари на граѓаните на Општина со долгови

-

Возилото на Мерко не е убаво, како што вели тој. Тоа е симболички грдо, најгрдо возило во моментов во државата, зашто е непотребен луксуз со јавни пари во Општина која има милионски долгови во евра, пишува „Вистиномер“.

„Гостувајќи на ТВ интервју на 24 Анализа, Мерко, всушност, покажа дека не се работи за незнаење и за некоја одлука што евентуално му ја подметнале службите, туку за свесно посегање по јавни пари за луксузно возило од висока класа, затоа што, едноставно, Мерко смета дека не заслужува да се вози во поефтино возило.

Притоа, обидувајќи се да најде оправдување, Мерко изрече серија извртени вистини и невистини, т.е. спинови, меѓу кои дека Аудито било побрзо од Шкодата, што де факто е точно, но за што веднаш треба да даде одговор со колку километри на час го возат, зашто максималната брзина во државава е 130 км/ч на автопат, па потоа, дека градоначалникот не вредел ако немал скапа облека и скапо возило, до тоа дека му било срам што пред Тадиќ, Прванов и Црвенковски пред 13 години, тој како градночалник се возел, замислете, во обична Опел Вектра, уште позајмена или купена од Општина Луково!?

Мерко очигледно има многу високо мислење за себе, но уште пострашно е што не гледа каде е проблемот, туку на крај вели дека требало да купи уште поубаво (читај поскапо) возило“, се додава во анализата на „Вистиномер“.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...