вторник, 17 март, 2026
Meta.mk

Ознака: Anti disinfo | 1.160 резултати

Вистиномер: Уапсената снајперистка која убила 40 луѓе не е Данијела Лазовиќ од Србија, туку Ирина Старикова од Доњецк

5 април 2022

Не е точно дека уапсената снајперистка со кодно име Багира е Србинката Данијела Лазовиќ. Станува збор за друга личност, Ирина Старикова. Српското МВР изјави дека Лазовиќ не е можно да е во Украина, затоа што таа одлежува шестгодишна казна во српски затвор, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост […]

Вистиномер: Нема докази дека 5Г и графен оксидот се поврзани со ковид-19

29 март 2022

Тврдењето дека 5Г мрежата и некакви непостоечки микрочипови во вакцините се комбиниран напор да се контролира населението, не e поткрепено со никакви факти и е невтемелено во реалноста. Дека 5Г мрежата нема никаква поврзаност со коронавирусот беше потврдено уште на почетокот на 2020 година, кога СЗО соопшти дека не е откриено влијание на оваа мрежа […]

Вистиномер: Неосновано се проблематизира ефикасноста на вакцината

27 март 2022

Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот кога се вели дека Германија го вакцинирала целото население, а има рекорд во бројот на заразени. Кога текстот – линкуван во постот, ја проблематизира спасителната функција на вакцината, не се осврнува на исходот од тие инфекции кој во најголем дел од случаите е без хоспитализација и без […]

Вистиномер: Ахмети не дал изјава за употребата на оружје во војната во Украина

20 март 2022

Со пребарување на Интернет излегува само една вест во која се вели дека лидерот на ДУИ наводно изјавил: „Не можам да поверувам дека во 21 век некој ги решава проблемите со употреба на оружје!“. Но, никаде не пишува каде и кога Ахмети го кажал ова. Од ДУИ за „Вистиномер“ велат дека не се точни наводите […]

Вистиномер: Во Бугарија веќе 17 години има македонски културно-информативен центар

4 март 2022

Во Софија веќе постои културно-информативен центар на Република Северна Македонија, кој официјално е отворен на 27 април 2005 година. Истовремено, отворен е и културно-информативен центар на Бугарија во земјава, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Објавена е вест на веб-портал од информативен карактер, која содржи неточен и сензационалистички наслов, кој во време на […]

Порталб: Сѐ уште нема лек за дијабетес што ќе ве излекува за еден ден

3 март 2022

Не е точно дека дијабетесот може да се излечи за еден ден, сите „рецепти“ што ги објавуваат некои медиуми се непроверени и читателите треба да се консултираат со лекар доколку одлучат да ги користат. Досега здравствените установи во земјата но и меѓународните не прогласиле лек за дијабетес, пишува Порталб.мк. Текстот подолу го пренесуваме во целост: […]

Вистиномер: Со маслинки и со ракија не се лечи дијабетес

28 февруари 2022

Луѓето со каква било болест мора многу да внимаваат и да не веруваат на секакви лекарства кои ќе ги најдат на интернет, а кои не се регистрирани во нашата држава. Доколку некој дијабетичар консумира маслинки во ракија, нема нешто многу да си наштети на здравјето, но тоа ќе му направи разочарување, бидејќи ќе нема никаков […]

Вистиномер: Лук, мед и оцет не лекуваат канцер

27 февруари 2022

Не е вистина дека мешавина од лук, мед и оцет лекува канцер, медицински професионалци тврдат дека храната не може да излекува канцер. Исто така, опасно е да се сугерира дека оваа мешавина е лек, а уште помалку за големиот дијапазон на болести опишани во постот, зашто пациентите може да го доживеат третманот на канцер наивно. […]

Вистиномер: Ковачевски не кажал дека Британија излегла од ЕУ за да ѝ отстапи место на Македонија

23 февруари 2022

Во оригиналната објава јасно стои дека станува збор за сатирична вест, а од Владата потврдија дека премиерот никогаш не дал изјава дека Британија излегла од ЕУ за да ѝ направи место на С. Македонија, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Пост на Фејсбук објавува невистинита содржина, во која наводно се […]

Вистиномер: Дезинформација е дека „вакцината шири вирус“

22 февруари 2022

Од само една болница во Велика Британија и состојбата со хоспитализациите во еден ден, не може да се извлече заклучок дека вакцината шири вирус. Во државата 37.650.239 луѓе примиле трета доза вакцина. Британските здравствени власти во своите извештаи наведуваат дека бустерот на Фајзер кај постари од 50 години е ефикасен против хоспитализација кај 98,8 отсто […]

Вистиномер: ПЦР тестирањето не е прикриена програма за вакцинација

18 февруари 2022

Тестот за детекција на коронавирусот не е назална вакцина и со него не се врши присилна вакцинација. Всушност, вакцините не функционираат на таков начин и нема никаква теоретска можност да се вакцинирате преку брис од нос и грло.Тестирањето, пак, игра клучна улога при справувањето со пандемијата бидејќи заразените лица кои навремено ќе се тестираат и самоизолираат […]

Вистиномер: Нема докази дека вакцината на „Фајзер“ предизвикува згрутчување на крвта

18 февруари 2022

Не постојат медицински докази дека вакцината на „Фајзер“ ја оштетува човечката крв, односно, дека ја онеспособува да го носи кислородот низ крвотокот. Консензусот на медицинската заедница која третира пациенти со ковид, не соодветствува со ова тврдење, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Пост на Фејсбук шири дезинформации за безбедноста на […]

Вистиномер: Груевски не заминува кај Путин

17 февруари 2022

Поранешниот премиер Никола Груевски одговори на нашите прашања и запрашан дали информацијата објавена на МкДенес е вистинита, односно дали навистина добил политички азил и заминува во Русија, како и дали бил контактиран од страна на Путин за ваква комбинација, тој негираше, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме медиумски напис […]

Вистиномер: Нема графен оксид во вакцините на „Фајзер“, „Синофарм“, „АстраЗенека“ и „Спутник“

17 февруари 2022

Наспроти произволните тврдења искажани во постот дека вакцините против ковид-19 се отровни и содржат „графен оксид и микротехнологија”, тие се авторизирани, ги имат поминато сите неопходни контроли и се одобрени за употреба. Медицински експерти ширум светот се категорични дека во вакцините нема вакви состојки, а тоа го покажуваат и официјалните извештаи од медицински професионални здравствени агенции. […]

Вистиномер: Има евидентирани починати лица од ковид кои примиле бустер доза, а имале коморбидитети

16 февруари 2022

Изјавата на министерот за здравство Беким Сали дека нема евидентирано починати лица со примена трета доза вакцина кои имале коморбидитети, е спротивна на изјавите на претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски и нејзиниот портпарол Злате Мехмедовиќ. Тие информираа дека во анализата на ИЈЗ – спроведена во периодот од 1 до 31 јануари, се евидентирани […]

Вистиномер: На Фејсбук се шири невистинита наградна игра на НЛБ Банка

16 февруари 2022

Oд НЛБ Банка за „Вистиномер“ изјавија дека е лажен и профилот и информацијата за наградната игра. Дополнително за ова имаше и известување на вистинската Фејсбук страницата на НЛБ Банка, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој е споделена невистинита информација за наводна наградна игра на […]

Вистиномер: Американската агенција за храна и лекови не брише документи за вакцината на „Модерна“

15 февруари 2022

Oвој документ постои и не е отстранет, ниту пак избришан. Станува збор за извештај насловен како The summary bases for regulatory action кој американската Агенција за храна и лекови го објавила на 30 јануари 2022 година. Оттаму, ниту ФДА отстранила некакви докази од својата веб страница, а кои се поврзани со вакцината на Модерна, ниту […]

Вистиномер: Не е точно дека невакцинираните не умираат

14 февруари 2022

Не е вистина дека граѓаните кои нема да примат вакцина против ковид-19 немаат ризик да починат. Тоа е евидентно од статистиките на Институтот за јавно здравје кои секојдневно се споделуваат со јавноста, а кои покажуваат дека поголемиот дел од починатите лица се невакцинирани, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме […]

Македонски манифест: Цутење на словенските фиданки после античкиот зимски период

13 февруари 2022

Ова здружение не го слушнавме да говори за нашиот словенски ген во време кога тоа не беше „во мода“, односно кога, не толку одамна, бевме претворани во антички народ, кој нема никаква врска со словенската матица. А, сега Манифестот го става акцентот на нашите словенски фиданки. Неволјата по членовите на здружението се појавува во фактот […]

Вистиномер: Вакцините против ковид-19 не се ,,лажни” и не се услов да се задржи работното место

13 февруари 2022

Не само што е дезинформација дека граѓаните ќе мора да примат меѓу 2 и 4 „лажни вакцини“, а во спротивно ќе загубат работно место, како што се тврди во постот, туку во Северна Македонија повеќе од половина од населението нема примено ниедна вакцина! Камоли две или четири. Во С. Македонија, никој не принудува никого да […]

Страна 1 од 58