fbpx

Вистиномер: Ахмети не дал изјава за употребата на оружје во војната во Украина

-

Со пребарување на Интернет излегува само една вест во која се вели дека лидерот на ДУИ наводно изјавил: Не можам да поверувам дека во 21 век некој ги решава проблемите со употреба на оружје!“. Но, никаде не пишува каде и кога Ахмети го кажал ова. Од ДУИ за „Вистиномер“ велат дека не се точни наводите дека Ахмети дал таква изјава, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Пост на Фејбук пренесува наводна изјава на претседателот на ДУИ,  Али Ахмети околу „употребата на оружје во решавање на проблемите“, мислејќи притоа на руско – украинската криза.

Објавата содржи две илустрации. На едната е прикажана министерот за надворешни работи, Бујар Османи, исто така член на ДУИ, и неговиот став дека со купувањето руска нафта и гас се финансира руската армија. Втората фотогрфија е на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и на неа пишува:

Али Ахмети – Не можам да поверувам дека во 21 век некој ги решава проблемите со употреба на оружје, се вели во постот.

Но, нашата проверка покажа дека станува збор за неточна изјава.

Во врска со оваа објава се обративме во ДУИ, од каде што велат дека Ахмети нема дадено изјава со ваква содржина.

Во однос на вашето прашање сакаме да истакнеме дека не се точни наводите дека претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети има дадено таква изјава. Ставот на ДУИ во однос на руската агресија врз Украина е познат за јавноста и во неколку наврати истиот е соопштен, е наведено во писмениот одговор на ДУИ на прашањето на „Вистиномер“

А кога ќе се напише оваа (дез)информација на Гугл пребарувачот излегува само една вест со наслов: „Неверојатна изјава на Ахмети за Русија: Како може некој да почне војна во 21 век!?“

Во содржинскиот дел на веста се вели дека лидерот на ДУИ наводно го изјавил следното:

Не можам да поверувам дека во 21 век некој ги решава проблемите со употреба на оружје!

Меѓутоа, никаде не пишува каде и кога Ахмети го кажал ова, ниту пак, е посочен каков било друг извор за ставот што се адресира на негово име.

Со оглед на сето погоре наведено, оценуваме дека се работи за намерно пласирање неточна содржина, со којашто, според реакциите кои ги предизвикала на Фејсбук, се сака да се создаде етничка нетрпеливост злоупотребувајќи ја притоа руската инвазија на Украина. Објавата е прилично вирална, има доста прегледи, споделувања и коментари, во кои главно се прави линк со воениот конфликт кај нас во 2001 година и се потенцира дека токму Ахмети е тој кој го користел оружјето во 21 век.

Ова се само дел од бројните коментари на постот – во моментот на нашата рецензија (11.03.2022) има над 80.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...