fbpx
Таг: Anti disinfo

таг: Anti disinfo

Вистиномер: Американската агенција за храна и лекови не брише документи за вакцината на „Модерна“

Oвој документ постои и не е отстранет, ниту пак избришан. Станува збор за извештај насловен како The summary bases for regulatory action кој американската Агенција за храна и лекови го објавила на 30 јануари 2022 година. Оттаму, ниту ФДА отстранила некакви докази од својата веб страница, а кои се поврзани со вакцината на Модерна, ниту пак го крие фактот...

Вистиномер: Не е точно дека невакцинираните не умираат

Не е вистина дека граѓаните кои нема да примат вакцина против ковид-19 немаат ризик да починат. Тоа е евидентно од статистиките на Институтот за јавно здравје кои секојдневно се споделуваат со јавноста, а кои покажуваат дека поголемиот дел од починатите лица се невакцинирани, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост на Фејсбук во кој се...

Македонски манифест: Цутење на словенските фиданки после античкиот зимски период

Ова здружение не го слушнавме да говори за нашиот словенски ген во време кога тоа не беше „во мода“, односно кога, не толку одамна, бевме претворани во антички народ, кој нема никаква врска со словенската матица. А, сега Манифестот го става акцентот на нашите словенски фиданки. Неволјата по членовите на здружението се појавува во фактот дека и Украинците се,...

Вистиномер: Вакцините против ковид-19 не се ,,лажни” и не се услов да се задржи работното место

Не само што е дезинформација дека граѓаните ќе мора да примат меѓу 2 и 4 „лажни вакцини“, а во спротивно ќе загубат работно место, како што се тврди во постот, туку во Северна Македонија повеќе од половина од населението нема примено ниедна вакцина! Камоли две или четири. Во С. Македонија, никој не принудува никого да се вакцинира. Вакцината против...

Вистиномер: Фаучи не изјавил дека не треба да се носат маски додека доминираше делта сојот на ковид-19

Оваа изјава навистина ја дал Фаучи, но не е точно дека тој го кажал ова додека делта сојот на коронавирусот преовладуваше во светот. Изјавата на Фаучи e дадена на 8 март 2020 година и не го претставува неговиот моментален став за носењето заштитни маски. Петличковски, пак, изјавата за носењето маски ја дал на 4 февруари 2022 година, во контекст...

Вистиномер: Нема докази дека маските предизвикуваат потешкотии во говорот кај децата

Фрапантниот податок изнесен во постот нема научна основа и претставува само дел од пошироката кампања во која на големо се агитира да не се носат заштитни маски, кои пак, доколку се носат правилно и се комбинираат со други заштитни мерки помагаат да се спречи ширењето на коронавирусот. Тврдењето коешто се споделува на социјалните мрежи како да е несоборен факт,...

Вистиномер: На видеото не е прикажан воскреснат мртовец, туку руски актер во играна серија

Станува збор за видео сценирано за потребите на руска играна серија. На видеото нема мртовец кој воскреснува, туку тоа е прикажан актерот Андреј Мерзликин како го создава работниот материјал за снимањето на серијата „Здраво повторно!“. Трејлерот за оваа серија  е поставен на каналот „Јутјуб“ од средината на декември минатата година, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во...

Вистиномер: Не е точно дека Велија Рамковски најавува враќање на А1 телевизија

Видеото објавено во текстот што се споделува на Фејсбук, а за кое се тврди дека преку него Рамковски најавил враќање на А1 телевизија во етерот, го објавила Фејсбук страницата А1 телевизија и истото е старо повеќе од 2 години. Но, во ова видео, Рамковски не најавува враќање на А1 телевизија, туку зборува за состојбата со медиумите во Македонија. Веста...

Вистиномер: Лага е дека со одбивање вакцини ,,си ги спасувате бебињата”

Имунизацијата претставува едно од најзначајните и најисплатливите достигнувања на јавното здравство во денешницата, бидејќи кога најголем број деца од една заедница се вакцинирани, поединечните случаи на заболувања ретко прераснуваат во епидемија. Меѓутоа, доколку некои од децата не ги добијат потребните вакцини, зголемен е ризикот од заболувања за сите. Благодарение на вакцините, некои болести, како што се големите сипаници, целосно...

Вистиномер: Пациентите со ковид-19 не се трујат со отровни лекови и не умираат исклучиво во болнички услови

Тврдењата за теории на заговор за ковид-19, труење на здрави луѓе во болниците, умирање исклучиво во болнички услови, но и „етикетирање“ на лекарите и новинарите како убијци и креатори на лажни вести, се опасни и штетни во битката со пандемијата од коронавирусот. Министерството за здравство има обезбедено терапија за болните од ковид-19 и ги следи новите третмани за лекување...

Контраспин: ВМРО-ДПМНЕ спинува за работата на ДКСК и за индексот на перцепција на корупцијата

Тврдењето дека Антикорупциска комисија работи по инструкции на СДСМ е тенденциозно и неосновно, а тоа се гледа по предметите коишто ги имаат отворено. Само изминатата година ДКСК, меѓу другото, отворила предмет за Драги Рашковски кој беше Генерален секретар на Владата, за поранешниот функционер на СДСМ, Рубинчо Заревски кој добил грант од Фондот за иновации, потоа за лицата кои учествувале...

Вистиномер: Со лажна наградна игра и со лажна страница на ,,Шкода’’ се манипулираат корисниците на Фејсбук

Нова лажна наградна игра, злоупотребувајки го брендот на ,,Шкода’’ кружи на Фејсбук. Истата ја организира ФБ страница која постои едвај три дена, а веќе доби над 2.000 следбеници. Од граѓаните се бара да го лајкнат постот, да го споделат со коментар за бојата на автомобилот што сакаат да го добијат. Вистинската компанија ,,Шкода’’ демантираше дека организира наградна игра и...

Вистиномер: Лага е дека ковид-19 не постои, дека нѐ прскаат од авиони и дека нѐ чипираат со вакцините

Со теоријата на заговор за „кемтрејлс“ користена во постот, се инсинуира дека авионите нè трујат со хемиски супстанци односно отрови кои предизвикуваат симптоми карактеристични на ковид-19. Ова, се разбира е неточно. Направени се истражувања од научната заедница и не е дојдено до ниту еден доказ дека наводните хемиски патеки се нешто различно од нормалните, вообичаени траги од кондензација кои...

Вистиномер: Не е прогласен крај на пандемијата во Германија на 14 јануари 2022 година

Не е вистина дека во Германија завршила пандемијата со коронавирусот. Напротив, земјата се соочува со рекордни бројки на новозаразени, што е закана за нејзиниот здравствен систем. Тоа го покажува епидемиолошката состојба во земјата, рекордниот број на новозаразени со омикрон во Германија во периодот пред и по 14 јануари 2022 година, препораките за вакцинација со трета доза за младите, а...

Контраспин: Генерализацијата дека сите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ се разочарување, е спин

Генерален став за 42- ца градоначалници дека биле разочарување, преку бегло споменување на четворица – петорица, е спин. За да се изгради генерална оценка потребна е оценка за секој градоначалник одделно. Сè друго е извртување на вистината, пишува „Вистиномер“ во својот Контраспин. Текстот подолу го пренесуваме во целост: На прес-конференција на СДСМ оваа партија изнесе став за работата на сите градоначалници...

Росана Алексоска: Руското влијание особено се провлекува во клучни периоди и настани за Северна Македонија

Невладината организација МОСТ, неодамна објави студија посветена на борбата против лажните вести и наративи. Студијата „Дезинформациите и информациската дисторзија во Северна Македонија декември 2021“ се фокусира на доминантните наративи во 2020 година, со посебен фокус на статиите објавени во периодот од 1 јануари до 10 мај. Анализирани се вкупно 2.658 статии од 211 портали и фејсбук-страници/групи. Фокусот на оваа...

Вистиномер: Лага е дека полицијата во Лондон затворала вакцинални пунктови и апсела поради вакцинирање

Полицијата во Лондон за Ројтерс вели дека нема никаква кривична истрага за ковид-19 вакцините и дека ниту еден вакцинален центар не е затворен, пишува „Вистиномер“. Анализата подолу ја пренесуваме во целост: Рецензираме пост на Фејсбук во кој се изнесува тврдење дека во Велика Британија, од 23 јануари 2022 година е издадена наводна наредба за заплена и стопирање на работата на сите...

Вистиномер: Како се гради фасцинација од моќта на Русија во медиумите и на социјалните мрежи

Еден од наједноставните начини на влијание врз поширок број луѓе e глорификацијата на една држава. Позитивната глорификација може да поттикнува воодушевување, чувство на припадност и заедништво, чувство на заштитеност, секогаш присутно прибежиште, алтернатива што им стои на располагање на граѓаните и на државата… Ова е особено можно во периоди на застој во развојот или неисполнети очекувања или незадоволство од брзината...

Вистиномер: Не е точно дека Црвениот крст не прима крв од вакцинирани лица

Не е точно дека оние кои се вакцинирале против ковид-19 не смеат да даруваат крв, ниту, пак, е точно дека Меѓународниот црвен крст објавил дека нема да прима крв од вакцинирани, како што се тврди во постот. На веб-страницата на американскиот Црвен крст има објаснување коешто демантира дека тие што примиле вакцина не смеат да даваат крв, пишува „Вистиномер“...

Вистиномер: Поради печатна грешка, книга за омикрон-варијантата влезе во барабанот на теории на заговор

„Вистиномер“ не најде ниту еден доказ дека книгата постоела пред декември 2021 година. Таа ексклузивно се појавува на Амазон за продажба на 5 декември 2021 и има уникатен код за издаваштво познат како интернационален стандарден број на книга од 13 цифри кој се користи за идентификација на книги. Бројот на книгата открива дека станува збор за книга што авторката...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...