Вистиномер: Груевски не заминува кај Путин

-

Поранешниот премиер Никола Груевски одговори на нашите прашања и запрашан дали информацијата објавена на МкДенес е вистинита, односно дали навистина добил политички азил и заминува во Русија, како и дали бил контактиран од страна на Путин за ваква комбинација, тој негираше, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме медиумски напис објавен на веб-страницата МкДенес, придружуван со Фејсбук објава, во коj се тврди дека поранешниот премиер Никола Груевски заминува кај рускиот претседател Владимир Путин. Фејсбук постот е исклучително вирален, а до моментот на пишување на оваа рецензија има 76 споделувања, над 1900 допаѓања и над 300 коментари. Сите овие интеракции и реакции на корисниците на социјалната мрежа се на содржина која што не се темели на ниту еден извор.

Насловот на текстот споделува информација дека Груевски заминува кај Путин, како истата да е сигурна и потврдена, а потоа прераснува во комплетна шпекулација и поставување прашања. На почетокот од текстот се тврди дека претседателот на Русија Владимир Путин му ветил политички азил на еден поранешен премиер, меѓутоа не се кажува на кој. Веднаш потоа, без никаква изјава, ниту пак било каков друг доказ или индиција, се тврди дека тој поранешен премиер е Никола Груевски и тоа преку фотографија од експремиерот.

Дали очекуваното паѓање од власт на Орбан за оваа година, ќе го принуди Груевски сепак да ја избере Русија за своја конечна дестинација, останува да видиме, се вели на крајот од текстот. 

Вистиномер се обрати до амбасадата на Русија во земјава со прашање дали навистина претседателот на Русија Владимир Путин му ветил, односно дал политички азил на Никола Груевски, но одоговор не добивме.

Но, затоа пак, поранешниот премиер Никола Груевски одговори на нашите прашања. Запрашан дали информацијата објавена на МкДенес е вистинита и дали навистина добил политички азил и заминува во Русија, како и дали бил контактиран од страна на Путин за ваква комбинација, тој негираше.

Лага е! Не ме контактирал, изјави Груевски за Вистиномер.

Со оглед на тоа што во текстот кој го рецензираме, не постојат извори, туку тој се базира исклучиво на шпекулација на непотпишаниот автор, а и со оглед на тоа што експремиерот Никола Груевски за Вистиномер изјави дека станува збор за невистинито тврдење и дека Путин воопшто не го контактирал, објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистинита. Во насловот од текстот, она што е претставено како потврдена информација, во текстот не е поткрепено со ниту еден факт, аргумент, или било каква изјава, туку текстот се движи во доменот на шпекулациите.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...