fbpx

Вистиномер: Лук, мед и оцет не лекуваат канцер

-

Не е вистина дека мешавина од лук, мед и оцет лекува канцер, медицински професионалци тврдат дека храната не може да излекува канцер. Исто така, опасно е да се сугерира дека оваа мешавина е лек, а уште помалку за големиот дијапазон на болести опишани во постот, зашто пациентите може да го доживеат третманот на канцер наивно. Секој вид на канцер бара сериозни медицински третмани по совет на доктор, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во којшто се тврди дека наводна руска исцелителка Јуна, со само три состојки излекувала илјадници луѓе.

Астма, артритис, хипертензија, неплодност, импотенција, па дури и рак, сите овие болести буквално не можат да му одолеат на лековитиот еликсир. Во рок од 2 недели од континуираната употреба на мешавина од лук, мед и оцет, дури и кај пациенти со тешка болест се забележува подобрување, се вели во написот којшто е линкуван во постот што е предмет на нашата рецензија.

Во широката лепеза на дијагнози кои наводно исчезнуваат од мешавина на лук, мед и оцет најскандалозно е вклучен и канцерот, за којшто е познато дека не може да биде излекуван со никаква храна.

Тоа го потврди и директорот на универзитетската Клиника за радиотерапија и онкологија доктор Нино Васев, кој во една изјава „Вистиномер“  за сличен рецепт (12.03.2021) кажа дека не претставува никаков лек за рак.

Ми е жал кога ќе прочитам вакво нешто. Првпат слушам, би сакал следниот пат некој таканаречен научник да каже дека гледање во снег ќе нè направи бели во лицето. Нема никаква научна потврда дека исхрана лекува ракни изјави тогаш доктор Васев.

Универзитетот Јужнозападен Медицински Центар пишува дека не постои диета, супер храна, витамин или пијалак што може да излекува канцер. Канцерот генерално е предизвикан од повеќе години генетичка штета на клетките. Оваа штета може да настане од фактори во средината, како загадување, избори во животниот стил и генетика.

Кога еднаш ќе е дијагностициран канцерот, не постои количина на кељ или витамини што ќе го направи да исчезне. Иако некои витамини минимално го намалуваат вашиот ризик за добивање некои видови канцер, често витамините може да ја зголемат шансата за развој на канцер, се вели на нивната веб-страница.

Повеќе експерти велат дека канцерот не може да се излекува со состојки како мед и лук или со храна. Според онкологот доктор Маниш Сингал, ова е беспредметно тврдење. 

Исто така е и опасно зашто пациентите може да го доживеат третманот на канцер наивно. Секој вид на канцер бара сериозни медицински третмани по совет на доктор. Да се зависи од вакви лажни тврдења особено во доцните стадиуми на канцерот може да биде фатално, вели доктор  Сингал.

Рецептот атрибуиран на наводната руска исцелителка, всушност циркулира подолго време на англиски јазик, без да и биде припишан неа.

Во врска со останатите дијагнози за кои во постот се споменува дека се лекуваат со оцет, лук и мед, клиниката Кливленд тврди дека лукот може да го подобри кардиоваскуларното здравје и крвниот притисок. Но, не се споменува кусиот временски период од само две недели за ваквите делотворни ефекти.

Во Јужна Африка оваа мешавина дури е и лажно претставувана како да е замена за бајпас, но тамошните проверувачи на факти пишуваат дека оваа информација е невистинита и опасна по јавното здравје и не може да биде замена за овие комплицирани процедури.

Поради горенаведените факти оценуваме дека не е вистина дека мешавина од лук, мед и оцет лекува канцер, со оглед на тоа што медицински професионалци тврдат дека храната не може да излекува канцер. Исто така, опасно е да се сугерира дека оваа мешавина е лек, а уште помалку за големиот дијапазон на болести опишани во постот, иако здравата храна како превенција се препорачува за конзумација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...