fbpx

Вистиномер: Со стари или со туѓи фотографии лажно се претставува тековната состојба во гостиварската болница

-

Фотографиите или не се од нашата болница, или се стари. Кај нас се реновираат уште три одделенија во гостиварската болница, ставени се досега нови прозорци, врати и се работи на фасадата, а комплетно се реновираат и хируршкото, гинеколошкото и интерното одделение. На сликата каде што се гледаат луѓе легнати на кревети – тоа не е во нашата болница, изјавија од гостиварската болница за Вистиномер и тврдењето го поткрепија со најнови фотографии.

Текстот на „Вистиномер“ подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се тврди дека на објавените фотографии е претставена болницата во Гостивар. Фотографиите илустрираат катастрофални услови, руиниран болнички објект, запуштени соби, како и пациенти кои лежат на болничко лекување во супстандардни услови.

Хорор сликите се од општата болница во Гостивар, и не се наменети за несудениот чаирски градоначалник (сега министер за здравство) Сали, ами за бирото за вештачење! Бараме бирото да направи евалуација на објектот и да ги обучи вработените за принципот, постапката и методологијата за разликување на глувчешко дувло од медицинска установа!, се вели во постот што го рецензираме.

Од општата болница Гостивар за Вистиномер велат дека фотографиите не се од болницата во Гостивар или пак дека се стари и дека не кореспондираат со моменталната фактичка состојба.

„Фотографиите или не се од нашата болница, или се стари. Кај нас се реновираат уште три одделенија во гостиварската болница, ставени се досега нови прозорци, врати и се работи на фасадата, а комплетно се реновираат и хируршкото, гинеколошкото и интерното одделение. На сликата каде што се гледаат луѓе легнати на кревети – тоа не е во нашата болница. Немаме такви кревети. Нашите прозорци се бели, а не кафени. На едната фотографија имаше црвен радијатор, тоа лесно се докажува дека во нашата болница ние немаме таков“, велат за Вистиномер од болницата во Гостивар.

Вистиномер пронајде дека фотографијата која е објавена од тоалетот и за која се тврди дека е наводно од гостиварската болница, всушност е од тоалет на Клинички центар во комплексот клиники Мајка Тереза во Скопје и е објавена на 24 април 2017 година.

Друга фотографија од споделените кои наводно ја отсликуваат состојбата во болницата во Гостивар е и фотографија на која се наоѓа пациент во Елбасан. Нашата проверка покажа дека фотографијата е од 2013 година и истата може да се пронајде на следниот линк.

Таа фотографија во постот што го рецензираме лажно се претставува како да е тековната 2022 година, и дека потекнува од гостиварската болница, што не е точно.

 

Сепак, Вистиномер со проверка на четири од фотографиите во постот, пронајде дека потекнуваат од 2017 година од новинарска статија на Центарот за истражувачко новинарство Скуп.

Тоа се следните 4 фотографии за кои во статијата новинарите на Скуп тврдат дека ги снимиле во гостиварската болница во 2017 година.

Меѓутоа, не е вистина дека овие се тековните услови во гостиварската болница во моментот, бидејќи сите овие одделенија се реновирани. Раководството на болницата ни испрати 86 фотографии од сите одделенија, од кои објавуваме само некои.

Во моментот се поставува и нова фасада на болницата.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е точно дека општата болница во Гостивар изгледа како на фотографиите во постот кој го рецензираме.

        

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...