Вистиномер: Во Бугарија веќе 17 години има македонски културно-информативен центар

-

Во Софија веќе постои културно-информативен центар на Република Северна Македонија, кој официјално е отворен на 27 април 2005 година. Истовремено, отворен е и културно-информативен центар на Бугарија во земјава, пишува „Вистиномер“.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Објавена е вест на веб-портал од информативен карактер, која содржи неточен и сензационалистички наслов, кој во време на затегнати односи на С.Македонија и Бугарија може да создаде погрешна слика кај читателите за фактичката ситуација.

Во Софија не може, но во Белград ќе се отвори македонски културно-информативен центар, стои во написот. 

Веста на којашто се однесува овој наслов е поврзана со посетата на министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ, кога министерствата на двете земји се договориле за основање културно-информативни центри во Скопје и во Белград.

Сепак, во насловот на веста се тврди дека во Софија не може да се отвори културно-информативен центар, што е неточно.

Во Софија веќе постои културно-информативен центар на Република Северна Македонија, кој официјално е отворен на 27 април 2005 година. Истовремено, отворен е и културно-информативен центар на Бугарија во С. Македонија.

Македонскиот културно-информативен центар во Софија има и своја официјална веб-страница на која се објавуваат сите настани што се организирале во текот на годините, има фотогалерија, како и официјални податоци за контакт, е-маил адреса, телефонски број и адреса на седиштето на центарот.

Културно-информативните центри на двете држави се формирани како резултат на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Бугарија за основање Културно-информативен центар на Северна Македонија во Софија и Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје потпишана на 18 април 2003, пишува на веб-страницата.

Потпис на договорот ставиле тогашниот бугарски министер за култура, Соломон Паси, и тогашната министерка за култура на Република Македонија, Ганка Цветанова.

Директор на културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија е д-р Сашко Насев.

Овој центар е мошне активен, што може да се види и по сите организирани настани објавени на официјалната веб-страница. Впрочем, истиот пред неколку дена го посети и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, како дел од владината делегација која беше во официјална посета на Република Бугарија.

Костадиновска-Стојчевска истакна дека културно-информативниот центар е пример за квалитетно поглавје во односите меѓу Северна Македонија и Република Бугарија и е место за културна размена, едукација, но и место каде што се создаваат вредни пријателства, се вели во соопштението од Министерството за култура.

Освен во Софија, Македонија има културно-информативен центар и во Истанбул и во Тирана кој се отвори минатата година, а се очекува во следниот период да се отвори и во Белград.

Ваквите неточни објави можат да се сфатат како дополнителен раздор во македонско-бугарските односи, кои се кревки, откако Бугарија стави вето на македонскиот пат кон Европската Унија.

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во споредба со...

Промовирана веб-страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство

Со помош и поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, изработи веб-страница, која ќе служи како основа за промовирање на...

Зеленски: Севернокорејските трупи се вратија на фронтот во Курск

Украинскиот претседател Володомир Зеленски, изјави дека севернокорејските трупи се вратиле на фронтот во руската област Курск, по информациите дека Москва ги повлекла своите трупи поради големи загуби, пренесува „Гардијан“. „Имаше нови напади...

Подобри игри во најава Crimson Desert, Dune Awakening и Doom: The Dark Ages

Игрите „Crimson Desert“, најновата „Dune: Awakening“, како и најавената „DOOM The Dark Ages“ се најавени за годинава. Се очекуваат да бидат масовно играни особено играта за Dune: Awakening која е носталгична...

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во...