понеделник, 15 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: култура | 129 резултати

Милош Биковиќ, гостинот на премиерот Мицкоски, носител на руската „мека моќ“

септември 21, 2025

Гостинот на премиерот, освен што е со потекло од Берово, во 2021 година се стекна со руски пасош и државјанство и беше лично одликуван од  Путин за неговиот придонес во руската култура. „Меката моќ“ на Милош Биковиќ е значајна за Русија – тој служи како познато, симпатично лице кое не ја критикува Русија, што во ерата […]

Лабубу: Од кинески дизајн до глобален тренд што стигна и до македонските купувачи

јуни 30, 2025

Во време кога семејствата во Македонија се двоумат дали да купат малку повеќе храна за дома, дали да стават повеќе нафта бидејќи цените драстично се покачуваат, или да платат струја, се соочуваат со еден нов тренд којшто нивните деца го бараат од нив. Тој нов тренд е познат како „Лабубу“, новиот тренд на Генерацијата Зед. […]

Македонските ученици со најмногу награди на меѓународен конкурс за стрип посветен на помирувањето

јуни 26, 2025

Младите стрип-автори од Македонија постигнаа голем успех на Меѓународниот конкурс за стрип под мотото „Сè што сакаме да речеме е: дајте му шанса на помирувањето“, организиран од Клубот на визуелни уметници „Рашка школа за цртање“ од Рашка, Србија. Конкурсот се реализираше во партнерство со Creative City Center од Албанија и соработници од Србија и Албанија, […]

Сиљановска-Давкова: Културата е најмоќниот ресурс на малите народи и треба да го добие вистинското место во дипломатијата

мај 22, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на домаќинка, се обрати на третата сесија на Форумот за културна дипломатија, што се одржува под покровителство на поранешниот македонски претседател, Ѓорге Иванов. Говорници на сесијата беа: поранешниот претседател, Ѓорге Иванов, поранешниот чешки претседател, Вацлав Клаус, поранешниот претседател на ГС на ООН, Волкан Бозкир, Розета Епифани од Кабинетот на претседателот […]

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

мај 8, 2025

На 6 април во КСП Центар – Јадро во Скопје беше промовирана новата сликовница „Девојчето со форичката“. Оваа книга за деца објавена од книгоиздателството „Светулка“ е напишана од Ева Камчевска а илустрирана од Наташа Андонова. Тема на книгата е пријателството и справувањето со емоциите, особено негативните, како страв и љубомора. Пораките за толеранција кон другите […]

Филхармонија одбележува 80 години од основањето

ноември 23, 2024

Националната установа Филхармонија одбележува 80 години од нејзиното основање. По тој повод на прием кај претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска биле актуелниот и поранешни директори на институцијата – Александар Котевски, Мелпомени Корнети, Маја Чаначевиќ, Ангелина Димоска, концерт-мајсторот Анна Кондратенко и концерт-мајсторот во пензија Румен Димитриев. На средбата, претставниците на Филхармонија ја запознале претседателката со роденденската […]

ДЗР: 318 милиони денари исплатени за културни проекти без јасно дефинирани критериуми

октомври 15, 2024

Министерството за култура минатата година исплатило вкупно 318 милиони денари, односно над 5 милиони евра за различни културни проекти, без јасно дефинирани критериуми за распределба, што може да влијае на субјективен избор на проектите, се вели во новиот извештај што го објави Државниот завод за ревизија (ДЗР). Ревизорите констатирале недостатоци во распределбата на средствата за […]

Влијанието на фан заедниците врз поп културата: Како Македонија се вклучува во светските трендови?

септември 30, 2024

Автори: Гоше Николов и Христијан Крстевски Кога во 2019 година беше претставен првичниот дизајн на мегапопуларниот еж „Соник“ за првпат адаптиран на филмското платно, трејлерот за долгоочекуваниот филм „Sonic the Hedgehog“ наиде на гласни реакции. Обожавателите беа огорчени од чудниот изглед на ликот, особено од неговите човечки заби и необични пропорции кои отстапуваа од иконскиот […]

Музичкиот фестивал „Здраво млади“ ќе се одржи на 11 октомври во МКЦ

септември 24, 2024

Четиринаесеттото издание на музичкиот фестивал „Здраво млади“ ќе се одржи на 11 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ). Програмата ќе започне во 19 часот и влезот ќе биде бесплатен. На фестивалот ќе настапуваат 17 артисти од шест различни земји од Европа. Од македонската сцена ќе свират селекција на бендови артисти од музичкиот колектив „Гола планина“ […]

Националниот ансамбл „Танец“ в четврток заминува на балканска турнеја

септември 17, 2024

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ во четврток ќе замине на балканска турнеја, со концерти во Подгорица, Љубљана, Загреб и Бања Лука. На сцените во овие градови ќе биде изведена раскошна музичко-сценска програма на различни периоди на ансамблот, во која ќе бидат одиграни изворните ора „Тешкото“, „Женско Чампбе“, „Копачка“, како и дел од […]

Бруно Делбонел е добитник на Златна Камера 300 за животен опус на 45. ИФФК „БРАЌА МАНАКИ“

јули 4, 2024

Добитник на „Златна камера 300 за животен опус“ на јубилејното 45-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“ е истакнатиот француски и светски кинематографер Бруно Делбонел. Фестивалот годинава ќе се одржи од 21 до 27 септември во Битола. Бруно Делбонел е најновиот член во Клубот на великаните на „Браќа Манаки“. Изодувајќи го патот од лауреат на „Специјалната […]

Концерт на Мизар и хорот „Хармониси“ в недела во Филхармонија

мај 10, 2024

В недела во Филхармоијата ќе се одржи еден многу необичен концерт, полн со добро познати звуци претставени во ново светло. Станува збор за концерт на Мизар, култната македонска дарквејв група, која овојпат ќе биде придружена од македонскиот византиски хор „Хармониси“, предводен од проф. Ристо Солунчев, како и од група free jazz музичари, предводена од Дени […]

Промоција на книгата „Партиципациска уметност: парадигматски пресврт од објекти кон субјекти“ од Сузана Милевска

мај 6, 2024

Утре во КСП Центар – Јадро ќе се промовира книгата „Партиципациска уметност: парадигматски пресврт од објекти кон субјекти“ од Сузана Милевска, кураторка и теоретичарка на визуелна уметност. Книгата е издадена од организацијата Контрапункт. Промоцијата е во рамките на деветтото издание на фестивалот КРИК за критичка култура и ќе започне во 19:30. Промоцијата ќе се одржи […]

Утре бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети

април 17, 2024

Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, 18 Април, утре ќе биде одбележан со бесплатен влез во сите национални установи од областа на заштитата на културното наследство, кои ќе бидат отворени во текот на целиот ден, соопшти Министерството за култура. Граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со археолошките локалитети и спомениците низ државата. Отворени […]

Почнува „Студентска уметничка пролет“ – студентите ќе имаат можност да посетат изложби, концерти, претстави и предавања

април 11, 2024

Од денеска почнуваат настаните на „Студентска Уметничка Пролет“ што ги организира Europe House Скопје во соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ). Серијата настани ќе траат до 26 април, а се посветени на збогатувањето на културно-уметничката понуда на кампусот, како и промовирањето на интердисциплинарниот пристап кон знаењето меѓу студентите. „Целта на овие настани е […]

Мемиња: јазикот на интернетот кој ги надминува културните бариери

март 31, 2024

За интерактивна верзија од сторијата, кликнете на овој линк   Додека ги читав пораките и прашањата што пристигнуваат на страницата „Студентарија“ на Инстаграм, една ноемвриска вечер, внимание ми привлече порака од студент што се нашол „во тесно“: го изгубил пенкалото што една од неговите колешки-соученички му го позајмила за време на писмен испит. Заплеткан во […]

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

март 29, 2024

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани на уметниците од страна на украински бегалци во Романија во почетокот на месецот. На изложбата ќе може да се видат делата на Oзбек Ајваз, Ѓорѓе […]

Почина Мирко Попов, пионер на македонската електронска музика и поддржувач на локалната независна сцена

март 25, 2024

По кратко боледување, вчера, на 51-годишна возраст почина Мирко Попов. Тој важеше за еден од највлијателните скопски диџеи, музичари, композитори, текстописци, издавачи и продуценти на македонска електронска и алтернативна музика. Попов претходно беше хоспитализиран неколку дена по добиен мозочен удар, а информацијата за неговата смрт ја потврди неговата ПР консултантка. Попов постојано беше ангажиран како […]

(ИНТЕРВЈУ): Патот на рачно анимираниот спот на „Арома(н)тична“ на музичкиот проект Мојра

март 11, 2024

Се создаде песна во склоп на музичкиот проект Мојра, започнат од гитаристот Дарко Јованов и вокалистката Јасна Трпкова. „Арома(н)тична“ е една од многуте деца на креативната соработка меѓу Дарко и Јасна, кои нешто повеќе од година свират и творат под името Мојра, инспирирано од грчкиот назив за трите наречници. Свиреле под разни други имиња и […]

Второто издание на настанот „Клинци“ в петок во Europe House Skopje

февруари 28, 2024

Неформалната организација за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ в петок, на први март, по вторпат го организира настанот за млади „Клинци“, на кој ќе се претстават четворица млади автори и ќе биде поставена изложба на младиот уметник Бојан Звездаковски. Учесници на „Клинци“ ќе бидат младите автори Викторија Ангеловска, Драгана Стојадиновска, Дамјан Златановски и Софија […]

Страна 1 од 7