fbpx
Таг: култура

таг: култура

Дигитализација на книжниот фонд во НУБ со нова опрема

Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ е ставена во функција современа висококвалитетна опрема за дигитализација на книжниот фонд, која Владата на Рeпублика Македонија ја набави во рамки на проектот дигитална библиотека. Со новиот сервер ќе продолжи дигитализирањето на печатените книги кои се чуваат во НУБ и кои во дигитална форма се ставаат на страницата на дигиталната библиотека (www.dlib.mk),...

Охрид догодина – Светски град на хуманизмот

Претседателот на Академијата на хуманизмот, Јордан Плевнеш, обзнани дека Охрид догодина ќе биде прогласен за Светски град на хуманизмот. -Постапката е почната во консултации со познати интелектуалци и уверен сум дека ќе ја реализираме оваа идеја на Охридската академија на хуманизмот - вели Плевнеш. Формален повод ќе биде 1.100-годишнината од смртта на свети Климент Охридски. Плевнеш предлага дотогаш да се одбере локација...

Министерството за култура додели 30 стипендии за стручно усовршување

Триесет апликации прифатило Министерството за култура на конкурсот за 2015 година за стручно усовршување на млади уметници во сите дејности од културата и за едукација на дефицитарен кадар на престижни универзитети во светот. Конкурсот се објавува од 2008 година и до 2014 година се доделени вкупно 375 стипендии за кои Министерството годишно наменува по околу два милиона денари. Стипендиите се доделуваат за...

Велес вторпат ќе ја носи титулата „Град на културата“

Велес ќе биде Град на културата за 2015 година. Општината вторпат ја добива оваа титула, која Министерството за култура ја доделува 12 години. На конкурсот за 2015 година, стигнале пријави и од Неготино и од Струмица, а Велес бил едногласно избран од комисијата. Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, денеска на прес-конференција рече дека од Општина Велес примиле комплексна програма со...

Деветнаесет награди на вториот конкурс за создавање класична музика

Деветнаесет награди со вкупен износ од 3.515.000 денари се доделени на вториот конкурсен рок за 2014 година за нарачка на дела од областа на класичната музика. На конкурсот за стимулација на творештвото од областа на класичната музика, до Министерството биле поднесени 36 апликации за девет различни категории, од кои само една не ги исполнила условите. Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска,...

Филмските работници испратија протестно писмо до Владата

Поради законските измени за плаќање придонеси за хонорарците, филмските работници во Македонија испратија отворено протестно писмо до Владата. Во писмото се вели: „Ние, филмските работници на Република Македонија, сме крајно загрижени за ефектите што ќе ги предизвикаат законските измени за плаќање придонеси за хонорарците во филмската дејност. Како начин на функционирање, филмот е природно поврзан со хонорарното работење и најголем дел на луѓето што ја сочинуваат браншата се...

Министерот за култура и спорт на Босна и Херцеговина во посета на Македонија

Министерот за култура и спорт на Босна и Херцеговина, Салмир Каплан, кој е во посета на Македонија, денеска ќе се сретне со министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. На средбата ќе се разговара за соработката во областа на културата меѓу двете земји. По средбата, тие ќе го посетат Турбето на крал Кзи, споменик на културата од османлискиот период, кој во изминатиот...

Од денеска до 20 декември се одржува „Недела на ромска култура – Рома-фест 2014“

Петиот фестивал „Недела на ромска култура – Рома-фест 2014“, во организација Здружението на љубители на ромска фолклорна уметност „Рома ило“, почнува денеска и ќе трае до 20 овој месец. Фестивалот е со поддршка од Министерството за култура и од Градот Скопје. Целта е да се афирмира и популаризира ромската култура и идентитет, прзентирајќи ја ромската носија, музика и фолклор, литаратура и...

Промовирана монографијата „70 години Македонска филхармонија“

Своето седумдецениско постоење, Македонската филхармонија го одбележи со промоција на монографија, од нејзиното формирање во 1944 година до денес, во која низ документи, фотографии и сведоштва е раскажан развојот на оваа најстара музичка институција. Монографијата насловена „70 години Македонска филхармонија“ е од авторите Тина Иванова и Роза Нолчева-Ангеловска. Таа еобјавена со поддршка на Министерството за култура.

ВМРО-ДПМНЕ: Ако има дискриминација, како Алаѓозоски зел 2.370.000 денари од Готен

Алаѓозовски е најдобар пример дека во Министерството за култура не постои дискриминација бидејќи од 2007 до 2014 година има добиено 2.370.000 денари преку издавачката куќа „Готен“, а само во Годишната програма за 2014 година има четири проекти во вредност од 121.000 денари, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, по прес-конференцијата на СДСМ. „СДСМ треба да се срами што во континуитет говори со толку политичка...

Традиционална манифестација во чест на лицата со хендикеп

Осмото издание на манифестацијата „Различни,а еднакви“ ќе се одржи в понеделник, 15 декември 2014 година, во Домот на Армијата со почеток во 19.30 часот. Ќе им бидат доделени награди на лица со хендикеп кои постигнале видни резултати во одредена област, а во богатата програма ќе учествуваат: Здружението за лица со церебрална парализа од Велес, лица со оштетен слух и говор од училиштето „Партение Зографски“,...

Промоција на книгата „Култура и меморија“ од Марта Маркоска

Денеска во просторoт на книжарицата „Матица ексклузив“, во 19 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Култура и меморија“ од Марта Маркоска. Книгата обработува теми од современите научни истражувања на полето на културологијата: културната меморија како феномен на селективно помнење, времето и просторот како физички, но и антропоморфни феномени, филмот како метајазик на психичките сензации преточени во визуелен код, театарот како...

Поминаа 23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници...