Своето седумдецениско постоење, Македонската филхармонија го одбележи со промоција на монографија, од нејзиното формирање во 1944 година до денес, во која низ документи, фотографии и сведоштва е раскажан развојот на оваа најстара музичка институција.
Монографијата насловена „70 години Македонска филхармонија“ е од авторите Тина Иванова и Роза Нолчева-Ангеловска. Таа еобјавена со поддршка на Министерството за култура.