fbpx
Таг: монографија

таг: монографија

Промовирана монографијата „Фестивалска приказна“ по повод 60-годишниот јубилеј на „Охридско лето”

Во предворјето на црквата „Света Софија“ во Охрид вчеравечер беше промовирана монографијата „Фестивалска приказна - Охридско лето 1961 – 2020“ од авторките Снежана Анастасова-Чадиковска и Роза Нолчева-Ангеловска. Шестата по ред фестивалска монографија се промовира по повод јубилејот, 60 години од постоењето на фестивалот „Охридско лето“. Снежана Анастасова-Чадиковска е истакнат академски музичар, пијанист, педагог и музички публицист. Зад себе има богата...

Монографија за манастирот „Св.Наум Охридски“ од академик Цветан Грозданов

Во издание на МАНУ и на книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје, излезе од печат колор-монографијата за манастирот „Св.Наум Охридски“ од академик Цветан Грозданов. Промоцијата на најновиот труд на Грозданов е закажана за утре, во салата на Соборниот храм на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. За најновото дело на познатиот научник ќе говорат поглаварот на МПЦ г. г. Стефан и претседателот...

Монографија „Македонија – мојот живот“, посветена на животот и на делото на Гојко Јаковлевски

Утре, со почеток во 19.30 часот, во Музејот на македонската револуционерна борба во Скопје, ќе се одржи прмоцијата на монографијата „Македонија - мојот живот“ од новинарот Киро Кипроски, посветена на животот и на делото на Гојко Јаковлевски. Промотори на монографијата ќе бидат доцент Светлана Вељановска и новинарот и публицист Виктор Цветановски. Покрај тоа, на промоцијата ќе настапат интерпретаторите на народениот мелос...

Луксузна монографија „Охридска Мадона“ за творечкиот опус на Драган Спасески – Охридски

Ликовниот уметник и поет Драган Спасески-Охридски, во неговата галерија „Резонанса“ во Охрид, промовираше луксузна монографија „Охридска Мадона“ која содржи избор од уникатни сликарски дела и поезија создавани во текот на 25-годинишен творечки живот. Репрезентативното издание на Книгоиздавателството „Матица Македонска“ е авторство на Дејан Ѓориќ, реномиран историчар на уметност од Србија, а како рецензенти се потпишуваат Антонела Петковска и Венко Андоновски. Драматургот...

Во Прилеп промовирана монографија за актерот Бранко Ѓорчев

Во рамки на 50. македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, денеска, во Центарот за култура „Марко Цепенков“ беше промовирана Монографија за актерот Бранко Ѓорчев (1962-2013). Промоцијата беше збогатена со инсерти од улоги на Ѓорчев, чија матична сцена беше Драмски театар во Скопје. Директорот на Драмски театар, Роберт Велјановски, рече дека Ѓорчев бил исклучително плоден уметник со специфично креативен актерски...

Канческа-Милевска на промоција на монографија за „Танец“

Денеска, на промоцијата на монографијата „Танец – душата на Македонија“, ќе се обрати министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска. Монографијата, која се издава по повод 65-годишнината од постоењето на Ансамблот за народни игри и песни „Танец“, е од авторите Родна Величковска и Марко Китевски.

Промовирана монографијата „70 години Македонска филхармонија“

Своето седумдецениско постоење, Македонската филхармонија го одбележи со промоција на монографија, од нејзиното формирање во 1944 година до денес, во која низ документи, фотографии и сведоштва е раскажан развојот на оваа најстара музичка институција. Монографијата насловена „70 години Македонска филхармонија“ е од авторите Тина Иванова и Роза Нолчева-Ангеловска. Таа еобјавена со поддршка на Министерството за култура.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...