fbpx
Таг: култура

таг: култура

Божиновска: Укинувањето на титулата национален уметник е понижувачко

Укинувањето на Законот за национален уметник на Република Македонија претставува врв на понижувањето на сопствените културни дострели од страна на СДС, министерот Алаѓозовски и на Зоран Заев, изјави денеска на прес-конференција Валентина Божиновска од ВМРО-ДПМНЕ. - Со овој предлог-закон, Зоран Заев, Алаѓозовски и СДС брутално го погазија домашното културно творештво и ги потценија достигнувања на најголемите репрезенти на македонската култура...

Тевдовски: Долгот на државните институции изнесува 363 милиони евра

Долгот на државните инстутиции заклучно со 31 мај годинава изнесува 363 милиони евра, информираше денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски. Тој додаде дека прегледот на неплатените обврски е изработен врз основа на податоци кои буџетските корисници, фондови, јавни претпријатија и општини ги доставиле до Министерството и оттука не може да се гарантира нивната веродостојност. - Неплатените обврски на буџетските корисници изнесуваат...

Алаѓозовски и Банов наесен ќе ја потпишат програмата за култура

Во рамки на владината посета во Бугарија, министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски, оствари средба со неговиот бугарски колега, Боил Банов, на која министрите најавиле дека најновата програма за соработка во областа на културата за периодот 2017-2019 година ќе се потпише во текот на есента. „Бугарскиот министер Банов се заложи посебен акцент во идните односи да биде ставен...

СДСМ: Музеј на Македонија најдобро говори за односот на ВМРО-ДПМНЕ кон институциите

„Состојбата со Музејот на Македонија, објект од историско и културно значење за граѓаните на Македонија, кој е целосно запуштен и руиниран, со урнати плафони и со мувлосани ѕидови, најдобро говори за тоа во каква состојба ВМРО-ДПМНЕ ги остави институциите и државата и како се однесуваше кон културното и историското наследство“, велат од СДСМ. Во соопштението на владејачката партија се додава дека додека преку...

Синдикатот на културата од новата влада бара нов закон за култура

Синдикатот на култура на Република Македонија денеска упати низа барања до новата власт, за кои рече дека драстично ќе ги сменат лошите околности во кои е западната културата во земјава. На прес-конференција во МОБ, синдикатот побара замена на сегашниот Закон за култура со нова законска рамка по урнекот на европските земји, како и изземање на културата и на вработените во...

Ден на македонската култура во Шведска

Попладнево од 18 часот, во шведскиот град Телеборг ќе се одржи годинашната манифестација Ден на македонската култура. Покровител на манифестацијата е Македонскиот сојуз, а домаќин годинава ќе биде друштвото „Пелистер“. После, културниот дел од програмата и настапот на учесниците - фолклористи, рецитатори и натпреварот „Вешта жена“, организаторот, за присутните, ќе приреди забава со популарната пејачка Елена Јовчевска и оркестарот „Прилепски...

Џамијата „Али-паша“ во Охрид се реконструира и се конзервира

Директорката на Завод и музеј од Охрид, Тања Паскали-Бунташеска, денеска на прес-конференција изјави дека џамијата „Али-паша“ ќе остане во постојниот габарит, не се гради нова џамија, туку се врши само конзервација и реконструкција. Со оглед на тоа што деновиве во јавноста се дискутираше и се бараа одговори околу конзервацијата и реконструкцијата на џамијата, Паскали-Бунташеска рече дека од Управата за заштита...

Македонија претставена на Меѓународниот саем на книгата во Солун

Македонската класична и современа литература и годинава е претставена пред публиката на Меѓународниот саем на книга во Солун. Преку сопствен штанд, инициран од конзулатот на Македонија во Солун и преку две дискусии и презентации на работата на Блаже Конески и на писателот Томислав Османли, солунската и меѓународната публика имаат можност подобро да се запознаат со македонската творечка дејност и...

Денеска почнува Саемот на книга

Саемот на книга почнува денеска и ќе трае до 10 април. Најавено е учество на 80 издавачи, а ќе се продаваат околу 80.000 книги, некои со попуст и до 70 проценти. Саемот се одржува во првата хала во Скопски саем, на површина од 4.000 квадратни метри. Во Промотивниот центар во втората саемска хала ќе има 60 промоции на нови дела и...

Жените во Македонија дневно поминуваат по два часа во чистење и по два часа во забава

Жените во Македонија сочинуваат 49,9 проценти од населението и во просек живеат 77,4 години, односно 3,9 години подолго од мажите, објави Државниот завод за статистика по повод 8 Март - Меѓународниот ден на жената. Од вкупниот број вработени жени, кој во 2015 година изнесувал 282.078 лица, 76,3 проценти се вработени во деловни субјекти во приватна сопственост. Во 2015 година, бројот на дипломирани...

Битолскиот музеј со проект за санација на Офицерскиот дом во Битола

Со проект за санација и за ревитализација на Офицерскиот дом, Завод и музеј Битола влезе во годишната програма на Министерството за култура за 2017 година. Засега не се знае колку средства ќе бидат издвоени за изработка на проектот, кој треба да понуди решение за обнова на еден од најмаркантните објекти на Широк сокак, кој последната деценија е претворен во руина. -...

„Сон кој живот значи“ – ликовна изложба во Охрид

Во изложбениот салон при Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид синоќа е отворена изложбата „Сон кој живот значи“. Владимир Темков, Драган Најденовски и Владимир Симоновски, низ својата заедничка изложба, го оживуваат сонот на секој што има храброст да погледне во својата душа, да живее во мигот кој значи живот, да сонува и да создава трајни и непроценливи вредности. „Големината на човекот...

Денеска во Собранието ќе биде доделена државната награда „Св. Климент Охридски“

Денеска напладне во Собранието на Република Македонија ќе биде доделена државната награда „Свети Климент Охридски“ за 2016 година. Наградата е највисоко признание за долгогодишни остварувања и придонес во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и на унапредувањето на човековата околина и социјалната дејност од јавен интерес. Наградата, во областа на воспитанието и образованието, годинава ќе му биде доделена...

Вељаноски: СДСМ предвидува реорганизација на локалната самоуправа

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ја обвини опозицијата дека во својата предизборна програма предвидува реорганизација на локалната самоуправа и формирање локални полиции. На денешната прес-конференција во центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Вељаноски истакна дека СДСМ во својата програма задира и во културата, образованието, децентрализирањето на социјалната заштита, управувањето со земјоделското земјиште, а сето тоа го оцени како скандалозно и опасно за иднината...

„Њујорк тајмс“ го оцени Охрид како скапоцен камен во Македонија

Најновиот број на „Њујорк тајмс“, преку сторијата на новинарката Елизабет Зах, го споредува Охрид со скапоцен камен, наведувајќи ги најзначајните споменици на македонската историја и култура. Зах ги посетила црквите „Св.Јован Канео“, „Св.Климент“, „Св.Пантелејмон“ на Плаошник, Самоиловата тврдина и други места. Раскажува и за доживувањето при посетата на селото Куратица, каде ги искусила турите кои се нудат за туристите. Во останатиот дел...

Меѓународната награда „Книжевно перо“ за македонскиот писател Петко Шипинкаровски

Македонскиот писател Петко Шипинкаровски е добитник на меѓународната награда „Книжевно перо“, што по петти пат ја доделува Хрватското книжевно друштво од Риека, Република Хрватска. Наградата на Шипинкаровски ќе му биде врачена на Меѓународната манифестација „Денови на пријателите на книгата“, што ќе се одржи од 17 до 20 ноември. - Со искрено задоволство ја примив веста за Меѓународната награда „Книжевно перо“ на...

ЗАМП не попушта, плаќа огласи по весниците, а медиумите – збунети, не знаат кого да слушаат

Здружението за заштита на авторски музички права ќе го обжали до надлежниот суд решенито на Министерството за култура, со кое се поништува одлуката на ЗАМП за забрана за емитување македонска музика во медиумите. Денеска ЗАМП во речиси сите дневни весници закупи по цела или по половина страница со објава на вчерашното соопштение. Директорот на ЗАМП, Зоран Васковски, за „Мета“ вели...

„Војна“ на линијата ЗАМП – Министерство за култура: Кривични пријави и силни зборови

Поради основани сомневања за несовесно вршење на службата и злоупотреба на службената должност, против одговорните лица во Министерството за култура, ЗАМП поднесе кривични пријави до Јавното обвинителство. Како што информираа од Здружението за заштита на авторските узички права, авторите чии права ги штити ЗАМП, не се изненадени од ова најново незаконско постапување на надлежен државен орган. „Само се прашуваат до...

Вечерва на „Охридско лето“ претставата „Бар Ремарк“

На музичко-сценскиот фестивал „Охридско лето“, публиката вечерва ќе може да ја проследи премиерата на театарската претстава „Бар Ремарк“. Претставата е работена по текстот „Тројца другари“ од Ерих Марија Ремарк, а ја режира Александар Бартман. Ја играат актерите од  Народен театар од Битола, на сцената во предворјето на црквата „Св. Софија“, со почеток од 21 часот.

Заврши петтото културно-забавно лето „На зајдисонце“ во Трпејца

Со настапот на Викторија Чочороска од Вевчани, студентка по соло-пеење на ФМУ во Скопје, во придружба на Алмин Бајрамоски и на познатиот афористичар Сашо Бетоски, во Трпејца беше заокружено петтото издание на манифестацијата „На зајдисонце“. Претходно на летната сцена со турнир беше заокружена традиционалната школа за шах, раководена од Борис Лушески од шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид. Со доделување благодарници и...

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...