Денеска напладне во Собранието на Република Македонија ќе биде доделена државната награда „Свети Климент Охридски“ за 2016 година. Наградата е највисоко признание за долгогодишни остварувања и придонес во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и на унапредувањето на човековата околина и социјалната дејност од јавен интерес.

Наградата, во областа на воспитанието и образованието, годинава ќе му биде доделена на фолклористот Марко Китевски, а во областа на културата и уметноста наградата ќе ја добијат музичкиот уметник Гордана Јосифова-Неделковска, скулпторот Жарко Башески, поетесата Весна Стојчевска и театарската критичарка и публицистка Лилјана Мазова.

Денеска во Македонија се одбележува државниот празник 8 Декември – Денот на свети Климент Охридски, ученик на светите браќа Кирил и Методиј и прв македонски книжевник, духовник и учител.