Во Битола утре бесплатни стрипови во продавницата на „Светот на Биби“

Акцијата ќе трае од 11 до 13 часот, паралелно и во соработка со Денот на бесплатни стрипови на скопската продавница „Бункер“

Илустрација: „Светот на Биби“, автор Михајло Димитриевски - Тxе Мичо

Утре во Битола во продавницата на „Светот на Биби“ ќе се делат бесплатни стрипови.

Акцијата ќе се одржи од 11 до 13 часот.

„Сите наши другарчиња што ги обожаваат Биби и Боби, но истовремено ги сакаат и суперхероите како Нинџа желки, Спајдермен, Покемон и многу други, имаат можност да ги разгледаат стриповите и да одберат еден што ќе го добијат бесплатно!“ најавија од „Светот на Биби“.

Оваа акција е направена во соработка со скопската продавница за стрипови „Бункер“, која утре исто така ќе одржи свој ден на бесплатни стрипови, почнувајќи од 10 часот. Во „Бункер“ се обезбедени околу 700 бесплатни стрипови. Секој посетител ќе може да земе до два бесплатни стрипа.

Во сабота „Ден на бесплатни стрипови“ во Бункер