петок, 17 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Битола | 383 резултати

Ја удирал со тупаници, па со трпезариска столица и се заканувал дека ќе ја фрли од тераса – Поведена постапка за напад во Битола

декември 20, 2025

И наредил да се соблече за да имаат сексуални односи, но оштетената не се согласила, па насилно ја соблекол и ја принудил на други полови дејствија.

Затекнат во кражба се заканил со скалпел, ОЈО Битола поведе постапка

декември 18, 2025

На 15 декември, околу два часа по полноќ, осомничениот влегол во незаклучена куќа на улицата „Елпида Караманди“ во Битола, пребарувал низ спратот и пронашол и одзел 2.500 денари. Сопственикот го затекнал при кражбата, па осомничениот, со намера да ги задржи украдените средства, физички го нападнал со употреба на сила и му се заканил дека ќе го прободе со скалпел

Балканскиот медиумски камион пристигнува во Македонија

ноември 1, 2025

Пристигнува во Македонија Балканскиот медиумски камион (Balkan News Truck), иницијативата која ја спроведува CFI – Француската Агенција за развој на медиуми во партнерство со Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, а со поддршка на Министерството за Европа и надворешни работи на Франција, во рамките на проектот Shared Horizons. По турнејата во Косово, Босна и Херцеговина, […]

Битолчанка осомничена дека продавала марихуана, обвинителството побара притвор

октомври 26, 2025

Јавното обвинителство во Битола поведе истрага против 33-годишна битолчанка осомничена за продолжено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги. Таа во текот на изминатите месеци, според обвинителството, продавала марихуана на необичен начин оставајќи пакувања со дрога на надворешен дел од ѕидна ограда, од каде купувачите ги подигнувале. При претрес во нејзиниот дом, […]

Нова истрага за злоупотреби во РЕК Битола

октомври 9, 2025

Основното јавно обвинителство во Битола донело наредба за спроведување истражна постапка против осум физички и едно правно лице за продолжени кривични дела поврзани со јавни набавки во РЕК Битола. Како што информираат во Обвинителството, со предистражни дејствија кои по наредба на јавниот обвинител ги преземала Управата за финансиска полиција во изминатите неколку месеци, биле обезбедени […]

СВР Битола го расчисти настанот со насилно одземање маица на лице во Битола на 28 август, следува пријава против пет лица

септември 5, 2025

По преземени мерки и активности, СВР Битола го расчисти настанот со насилно одземање маица на лице од Шведска, со престој во Дебар, ги идентификуваше сторителите и изврши службени разговори со нив во полициска станица. Имено, по преземени мерки, полициските службеници ги идентификуваа сторителите, четворица 17-годишници и еден 14-годишник, сите од Битола. Со судска наредба, биле […]

Пожар избувнал на Клиничкиот центар во Битола, нема штета и повредени

јули 8, 2025

Министерството за здравство информира дека синоќа во кругот на Клиничката болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола, изби пожар како резултат на запалена сува трева. Како што велат во министерството, пожарот веднаш бил пријавен во Центарот за управување со кризи и противпожарната станица, по што надлежните служби навремено и ефикасно интервенирале и го локализирале во најкраток […]

Му ветила дека ќе го вработи син му во МВР, за возврат тој ѝ дал 22.500 евра

јули 2, 2025

СВР Битола до Основното јавно oбвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Л. (43) од Битола поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „измама” по чл.247 од КЗ. „Пријавената во временскиот период од 15.09.2024 до 15.04.2025, со намера да прибави противправна имотна корист, довела во заблуда 64-годишно лице од Битола односно лажно му се […]

Предложен притвор за осомничен од Битола кој нападнал лекари и полицајци

јули 1, 2025

Според новото соопштение од Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност предвидено во член 304-г од Законот за здравствена заштита, како и кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на […]

Разбојничка кражба од фризерски салон во Битола

јуни 28, 2025

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 22-годишен битолчанец осомничен за кривично дело – Разбојничка кражба од член 238 став 1 од Кривичниот законик, информираат во Јавното обвинителство. „На 23 јуни околу пладне, осомничениот влегол во фризерски салон и побарал пари од фризерот. Тој одбил доброволно да му даде, по што […]

Кривична пријава за измама и фалсификување исправа против Здружение за коњички спортови и заштита на коњи

јуни 4, 2025

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Здружение за коњички спортови и заштита на коњи од Битола и против И.О.(34) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување исправа“. Второпријавената И.О., како еден од сопствениците на првопријавеното правно лице, во име на правното лице во […]

Опожарени три автомобили во Битола

мај 20, 2025

Ноќеска, половина час по полноќ било пријавено дека се опожарени три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата „Леринска“ во Битола. Огнот најпрво избувнал во „тојота“, потоа зафатил уште две возила паркирани до него. Како што велат очевидци најпрво се слушнал силен тресок пред да избувне огнот. Ветрот го разнесол пламенот на останатите два автомобили […]

ОЈО Битола бара да опстои мерката замрзнување парични средства во предметот за злоупотреби во РЕК Битола

мај 14, 2025

Основното јавно обвинителство Битола вчера одново побара од Основниот суд во Битола да донесе одлука за определување привремена мерка – замрзнување на паричните средства во износ од околу 3 милиони евра од банкарска сметка на правното лице Друштво за производство, трговија и услуги РУД-КОП увоз-извоз ДООЕЛ Битола, бидејќи постои основано сомнение дека парите се стекнати […]

Бесплатен разглед на Скопје и Битола по повод Светскиот ден на туристички водичи

февруари 21, 2025

Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници соопшти дека, по повод 21 февруари, Светскиот ден на туристички водичи, утре, сабота, ќе организира бесплатен разглед на Скопје и Битола. Од таму велат дека бесплатниот разглед на градот Скопје ќе се реализира со почеток во 12 и во 13 часот пред Спомен куќата на Мајка Тереза. Во […]

Битолчанец заврши со тешки повреди откако возач со „поло“ удри во него

февруари 2, 2025

Осумдесет и девет годишниот А.Б. од Битола, завршил во Клиничката болница со тешки телесни повреди откако во него удрило возило марка „фолксваген поло“, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Како што е наведено во билтенот, несреќата се случила вчераутро. „Во СВР Битола е пријавено дека на ул. „Генерал Васко Карангелевски“ во Битола, патничко возило „фолксваген […]

Битолски хирург осомничен за примање поткуп, од син на пациентка побарал 150 евра за да се „почасти“

јануари 30, 2025

Јавното обвинителство соопшти дека поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело примање поткуп. Станува збор за хирург на Одделението за хирургија при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола. Сомнението, според обвинителството, произлегува од фактот дека хирургот извршил интервенција – операција на жолчно ќесе врз пациентка, а потоа индиректно, преку […]

Обвинителството поведе постапка против 23-годишник осомничен за полови напади во Битола

ноември 9, 2024

Основното јавно обвинителство Битола до надлежниот суд поднело предлог за определување мерка притвор против 23-годишник осомничен за две кривични дела – Полов напад и силување, соопштија од Јавното обвинителство. Против него е поведена постапка бидејќи во два одвоени настана, на 9 септември и на 7 ноември, полово нападнал две млади девојки и започнал да ги […]

Страна 1 од 19