вторник, 19 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: стрипови | 25 резултати

Реизданија на „Драгонеро“ и „Кет Клоу“ избрани за најдобри стрипови во регионот за 2023 година

март 13, 2024

Овогодишниот избор за стрип на годината ја потврди популарноста на италијанските и други увозни стрипови, но и високото мислење на публиката од регионот за водечките домашни автори. Stripovi.com е највлијателниот портал за стрипови во регионот на бивша Југославија, основан во Загреб од 2001 година како комбинација на форум и онлајн енциклопедија. Оваа онлајн заедница од 2007 […]

Во Битола утре бесплатни стрипови во продавницата на „Светот на Биби“

октомври 6, 2023

Утре во Битола во продавницата на „Светот на Биби“ ќе се делат бесплатни стрипови. Акцијата ќе се одржи од 11 до 13 часот. „Сите наши другарчиња што ги обожаваат Биби и Боби, но истовремено ги сакаат и суперхероите како Нинџа желки, Спајдермен, Покемон и многу други, имаат можност да ги разгледаат стриповите и да одберат […]

Познати добитниците на награди на меѓународниот конкурс „Златен стрип“

август 15, 2023

На овогодинешниот традиционален меѓународен стрип конкурс „Златен стрип“ се пријавиле вкупно 171 изработувачи на стрипови, а Стрип центарот на Македонија од Велес го објави списокот на наградени стрипови и автори, како дел од активностите на 20. Интернационален стрип конкурс „ВЕЛЕС 2023“- петта стрип колонија. Прва награда на конкурсот добива стрипот „Пиг Аут“ на авторскиот тим […]

В среда во Ѓаково се отвора изложбата „Современи македонски стрип автори“

јули 5, 2023

Во рамките на осмиот Интернационален фестивал на стрипови и фантазија во Сомбор, Србија, Домот на културата – Ѓаково заедно со Клубот на љубители на стрипот – Сомбор во среда, со почеток во 19 часот, ќе се отвори изложбата „Современи македонски стрип автори“. Приредувач и селектор на оваа изложба е програмскиот координатор на Стрип центар на […]

МКЦ на 17 и 18 јуни домаќин на првото издание на Стрип Трип Фестивал

мај 18, 2023

Првото издание на Стрип Трип Фестивалот во Скопје ќе се одржи на 17 и 18 јуни во Младинскиот културен центар (МКЦ). Организаторите најавуваат дека програмата предвидува одржување на дискусии и презентации на најнови домашни и регионални стрип изданија, гостување на автори и издавачи, изложба на реномирани стрип цртачи, музичка и филмска програма, работилница за цртање […]

Реизданијата на „Алан Форд“ и „Инкал“ избрани за најдобри за 2022 г. од читателите на Stipovi.com

март 11, 2023

Овогодишниот избор за стрип на годината ја потврди регионалната популарност на легендарниот италијански стрип „Алан Форд“, во голема конкуренција на претежно лиценцни изданија. Stripovi.com е највлијателниот портал за стрипови во регионот на бивша Југославија, основан во Загреб од 2001 година како комбинација на форум и онлајн енциклопедија. Оваа онлајн заедница од 2007 година организира избор […]

Стрипот „Хогар Страшниот“ прославува 50-годишен јубилеј

февруари 9, 2023

На 4 февруари 2023 година се навршија 50 години од првото објавување на хумористичниот стрип Хогар Страшниот, најпознато дело на американскиот автор Дик Браун, што своевремено бил прогласен за „најбрзо растечки стрип на светот“. Тој денес може да се најде во дури 56 земји. „Хогар Страшниот е еден од ретките стрипови за кои имаат чуено […]

„Бункер“ го издаде графичкиот роман „Стармен – Годините на Дејвид Боуви како Зиги Стардаст“

јануари 23, 2023

Издавачот „Бункер“ во рамките на едицијата „Апслоутни почетници“, го издаде седмиот графички роман „Стармен – Годините на Дејвид Боуви како Зиги Стардаст“, од германскиот автор и цртач Рајнхард Клајст. „Зиги Стардаст е измислен лик создаден од англискиот музичар Дејвид Боуви (името Зиги е земено од кројачки дуќан, кој Боуви го има приметено додека патувал со […]

Сајбер безбедноста и човековите права на Интернет во фокус на новата епизода на „Шорткат“

декември 1, 2022

Институциите не успеале правилно да комуницираат за сајбер нападите што погодија повеќе државни интернет-страници изминативе месеци. Во новата епизода на Шорткат, во која главна тема се сајбер безбедноста и човековите права на Интернет, претставуваме дел од резултатите од истражувањето на Фондацијата Метаморфозис. Покрај ова, информираме и за два од најголемите проблеми во главниот град периодов […]

Поделени стотици бесплатни стрипови во стрип-книжарницата „Бункер“

ноември 26, 2022

Вторпат од 2017 година, денеска во стрип-книжарницата „Бункер“ во Скопје, која се наоѓа во близина на поранешен „Трготекстил“ на љубителите на стрипови им беа поделени стотици стрипови бесплатно. Освен околу 500 стрипови што ги обезбеди „Бункер“ беа поделени дополнителен број изданија што се донирани од љубители на стрипови и од други издавачи, обасни Владимир Битољану, […]

Објавени победниците од меѓународниот стрип-конкурс „Стрипот и историјата“

септември 1, 2022

Објавени се наградите за првото издание на Меѓународниот конкурс за стрипови на тема „Стрипот и историјата“ што се одржуваше од март до јули 2022 година во организација на „CAN for BALKANS – Comics Alliance Networking for Balkans“. Организаторите информираат дека во финалето при изборот влегле 27 автори од Белгија, Бугарија, Македонија, Романија, Србија, Украина и […]

Продолжен рокот на Конкурсот за изработка на постер инспириран од хероите на италијанскиот стрип

август 6, 2022

Рокот за доставување на изработените постери инспирирани од хероите на италијанскиот стрип е продолжен до 5 септември, информираат од Институтот „Данте Алигиери“ од Скопје. Тие заедно со Амбасадата на Италија во Скопје и Филмскиот Фестивал за млади „Џифони Македонија“ објавија конкурс за изработка на постер во пресрет на Comics Day / Денот на италијанскиот стрип, […]

Објавен меѓународен конкурс за изработка на стрипови на тема „Стрипот и историјата“

јули 8, 2022

Сите заинтересирани автори се повикани да учествуваат на меѓународниот стрип-конкурс на тема „Стрипот и историјата“, којшто се одржува во рамките на проектот „CAN for BALKANS – Comics Alliance Networking for Balkans“, информираат од Стрип центарот на Македонија од Велес. „Стриповите треба да ја опфаќаат горенаведената тема, со опфат на секој историски период, од праисториско време […]

Отворена стрип изложбата „Цртање на приказни“ во МКЦ, авторите бараат поголем простор на јавната сцена

јуни 8, 2022

Изложбата на стрипови „Цртање приказни“ на седум стрип автори вчера вечер беше отворена во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Посетителите имаа можност да се запознаат со авторските дела на Иванка Апостолова, Гаја Смилевска, Матеј Богдановски, Владимир Лукаш, Вук Митевски, Иван Ивановски и Ѓорѓе Јовановиќ, пропратена со свирка на музичкиот состав „Цвеќарница“. Изложбата прикажува стрипови […]

Наградени средношколци-автори на стрипови од регионот на конкурсот со тема регионално помирување

јуни 8, 2022

Како дел од заедничката имплементација на меѓународниот стрип конкурс „ALL WE ARE SAYING IS GIVE RECONCILIATION A CHANCE“, денеска во Центарот за култура „ГРАДАЦ“ во Рашка, Србија ќе се одржи изложба од сите стрипови пристигнати на овој конкурс на тема регионално помирување. Организација која е носител на овој проект е Стрип центар на Македонија-Велес, информираат […]

Стрип центарот од Велес го објави јавниот повик за цртање на стрип

мај 26, 2022

Стрип центарот-Македонија од Велес го објави јавниот повик за цртање на стрип. Право на учество имаат сите ученици од државата, без разлика на родот, етничката или друга припадност. Должината на стрипот треба да биде до две табли и најмалку пет сликички на А4 формат (мин.300дпи ако се испраќа по електронски пат). Доколку стрипот е во […]

Четири стрипа наградени на четвртото доделување на наградата за необјавени стрипови – Лифт

јануари 5, 2022

Издавачката куќа Темплум во 2021 година го распиша четвртиот конкурс за доделување на наградата Лифт #4 за најдобар необјавен македонски стрип. Во избор на тричлена жири комисија која беше составена од Никола Гелевски, Јана Јакимовска и Владимир Трајановски во просториите на КСП Центар – Јадро, како победници за минатата година беа избрани 4 стрипови при […]

Во Велес се одржа 18. Меѓународен стрип салон

август 23, 2021

Во Велес изминатиов викенд се одржа 18. Меѓународен стрип салон во организација на Стрип центарот на Македонија. На овој меѓународен настан беа свечено прогласени наградените од меѓународниот стрип конкурс: 1 место „ЗЛАТЕН СТРИП“ • Сабахудин Мурановиќ Муран (БиХ) за стрипот „УБАВЕЦОТ ДРАГЧЕ“ 2 место • Стрип „ИМИГРАНТИ“ Дамир Чиврак (сценарио), Жељко Иванчиќ(цртеж), Ненад Бариниќ (колор) […]

Голем интерес кај македонските ученици за интернационалниот стрип конкурс

април 21, 2021

Стрип центарот на Македонија – Велес пред неполни два месеца го објави интернационалниот стрип конкурс „Велес 2021 Златен стрип“ како дел од традиционалниот стрип салон на меѓународно ниво. Како што известува програмскиот директор, Томе Трајков оваа година созреаа условите овој стрип конкурс да се препрати до основни и средни училишта од сите општини од државата, […]

Вечерва во Скопје завршна стрип изложба на млади стрип автори

декември 15, 2020

Вечерва со почеток во 18:30 часот во Фантаст – арт студио Емилија и Стојче Тоциновски, Стрип центар на Македонија – Велес ќе ја отвори последната изложба, која е дел од проектот „Стрип училиште – Стрипот во интеркултурна едукативна мисија 2020“, финансиран од Министерството за култура на РСМ. „Основна цел на проектот е развој на интеркултурноста, […]

Страна 1 од 2