Сајбер безбедноста и човековите права на Интернет во фокус на новата епизода на „Шорткат“

Институциите не успеале правилно да комуницираат за сајбер нападите што погодија повеќе државни интернет-страници изминативе месеци. Во новата епизода на Шорткат, во која главна тема се сајбер безбедноста и човековите права на Интернет, претставуваме дел од резултатите од истражувањето на Фондацијата Метаморфозис.

Покрај ова, информираме и за два од најголемите проблеми во главниот град периодов – сообраќајниот хаос и аерозагадувањето.

Носиме и позитивни вести за бесплатни стрипови, музички фестивали, признанието „Успешни млади“, како и за интересот на една компанија да инвестира во ски-центарот Попова Шапка.

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва на сите наши канали на социјалните мрежи. Следете ги нашите вести за млади.