„Шорткат“: Нема казни за предизвикувањето на шумските пожари

Што ќе гледате во новата епизода на вестите за млади „Шорткат“?

Пожарите, покрај поплавите, се најчестите природни непогоди кои се случиле во земјата во изминатите две децении. Најчесто ги има во периодот меѓу март и септември, што укажува дека се директно поврзани со влијанијата на климатските промени и покачувањето на просечните температури.

И покрај илјадниците хектари изгорени шуми, во последните три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар. Повеќе на оваа тема погледнете во новата епизода на „Шорткат“.

Ги издвојуваме најважните совети за сајбер хигиена според заклучоците на вебинарот „Сајбер чистка: бришење на дигиталната прашина“ што се одржа во вторникот, а ја носиме и прекрасната вест за бездомното куче Чопер кое беше пронајдено откако се изгуби во Скопје и замина да живее во Германија.

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва во 19 часот.