Реизданија на „Драгонеро“ и „Кет Клоу“ избрани за најдобри стрипови во регионот за 2023 година

Stripovi.com е највлијателниот портал за стрипови во регионот на бивша Југославија, основан во Загреб од 2001 година како комбинација на форум и онлајн енциклопедија. Оваа онлајн заедница од 2007 година организира избор за најдобар стрип на годината, по углед на други слични избори наречен „Оскар“

Издранијата на „Драгонеро“ и „Кет Клоу“ кои ги освоија првите места на годишниот избор на најдобар стрип во регионот. Фото: stripovi.com.

Овогодишниот избор за стрип на годината ја потврди популарноста на италијанските и други увозни стрипови, но и високото мислење на публиката од регионот за водечките домашни автори.

Stripovi.com е највлијателниот портал за стрипови во регионот на бивша Југославија, основан во Загреб од 2001 година како комбинација на форум и онлајн енциклопедија. Оваа онлајн заедница од 2007 година организира избор за најдобар стрип на годината, по углед на други слични избори наречен „Оскар“. Како и минатите години, уредништвото смета дека со оглед на големиот број нови изданија во регионот таков избор не само што има смисла, туку е и потребен со цел вреднување на минатогодишната продукција, како и на моменталниот вкус на публиката.

Во изборот за најдобар стрип за 2023 година учествуваа  вкупно 390 гласачи, регистрирани членови на stripovi.com. Тие во текот на февруари имаа можност да изберат по 10 изданија на кои може да им доделат поени, во две категории: „стрип свеска“, односно издание од помал формат, како и „стрип албум“, во формат А4 или поголеми димензии.

Првопласираните стрипови за 2023 г. во категорија со помал формат. Фото: stripovi.com.

Првото место во категоријата на помал формат, во конкуренција  на 421 издание го освои новото издание на првата приказна од серијата „Драгонеро“ на хрватската издавачка куќа Стрип Агент. (Епизодата „Крвта на змејот“ во 2014 гoдина имаше и македонско издание од М-комикс.)

Со тоа овој италијански стрип го симна од тронот „сонародникот“ „Алан Форд“, кој минатата година беше и регионален шампион, а имаше уште две други реизданија меѓу првите десет. Годинава меѓу првите десет имаше само едно ново реиздание на „Алан Форд“, на седмото место.

Меѓу првите пет места се најдоа уште три италијански стрипови – две реизданија на култни епизоди со Мистер Но и Загор, како и нова епизода со Текс Вилер. На петтото место е реиздание на легендарните приказни со Бајо Паторот од Карл Баркс.

Првопласираните стрипови за 2023 г. во категорија стрип-албум. Фото: stripovi.com.

Првото место во категоријата стрип-албуми, во конкуренција  на 355 изданија, го освои збирката на авантури на суперхероината Кет Клоу (Cat Claw), дело на српскиот цртач Бане Керац по сценарија на самиот Керац, Светозар Обрадовиќ и Славко Драгинчиќ. Овој интеграл на хрватскиот издавач „Фибра“ е книга која тежи над 2,3 килограми, со вкупно 584 страници. Авантурите на девојката со супер моќи на мачка,  кои на прв поглед личат на пародија на Спајдермен, започнати во 1980 година, беа успешен извозен производ и во времето на Југославија, дистрибуиран и во Шведска, САД, Франција, Холандија, Турција, Унгарија…

Всушност, изданија на „Фибра“ ги заземаа првите пет места. На второ место е избран интегралот „Браќата Шпагети“ на аргентиските автори Карлос Трило и Доменико Мандрафина. Третото место експресно го зафати новиот хрватски стрип-ал

Насловната страница на „Кантана“ на Игор Јовчевски.

бум „Тексас Кид, мојот брат“ на хрватскиот цртач со светска кариера Игор Кордеј, по сценарио на Дарко Мацан, објавен во ноември 2023 година. Четвртото и петтото место ги заземаа хрватски преводи на француските стрипови „Кану Беј“ и „Бразда“.

Како и минатата година, стотиците изданија кои влегоа во конкуренција за овогодишниот избор се претежно лиценцирани преводи на италијански, француски, белгиски, американски, јапонски и британски стрипови. Само мал дел се дела на домашни автори од регионот, меѓу кои и единствениот претставник на македонскиот стрип – „Кантана: За одмазда повеќе“ на Игор  Јовчевски во издание на „Стрип Квадрат“.