понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Хрватска | 231 резултати

Хрватскиот парламент го потврди воведувањето на задолжителен воен рок

октомври 24, 2025

Хрватскиот парламент денес, со 84 гласа „за“, 30 воздржани и 11 „против“, го измени Законот за одбрана, со што се потврди повторното воведување на задолжителен воен рок, пренесува Хрватскиот Дневник. Основната воена обука (ОВО) ќе трае два месеци, првите повици ќе започнат до крајот на годината, а првите регрути во касарните во Книн, Слуњ и […]

Вучиќ иронично по барањето Хрватска да ја купи НИС: Ќе понудиме 50 отсто повеќе од секој друг за ХЕП

октомври 9, 2025

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија е подготвена да понуди и до 50 отсто повеќе пари од било кој друг купувач за хрватското државно електростопанство (ХЕП). Изјавата доаѓа како одговор на најавата од хрватскиот министер за енергетика, Анте Шушњар, дека Хрватска би можела да влезе во сопственичката структура на Нафтната индустрија на Србија […]

Триесет години од aкцијата „Олуја“: Меѓусебното признавање на жртвите е тешко

август 4, 2025

Поминаа 30 години од акцијата „Олуја“, во која од своите домови во Хрватска беа протерани над 220.000 крајишки Срби, пренесува „Н1“. Во таа и уште пет воени операции, беа убиени 1.170 цивили, од кои 1.055 од српска и 60 од хрватска националност, 918 војници и 228 лица со мешан статус – тоа се најновите и […]

Северна Македонија не планира да стане дел од соработка во одбраната меѓу Хрватска, Албанија и Косово

април 1, 2025

На 18 март годинава Хрватска, Албанија и Косово потпишаа декларација преку која земјите ветуваат дека ќе се ангажираат за зајакнување на соработката на полето на одбраната и безбедноста, што предизвика реакција од Србија, која ова го оцени како отворена провокација кон Белград. Хрватска рече дека соработката е отворена и за сојузниците и партнерите на Европската […]

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

март 28, 2025

Обид за грабеж во банка се случил денес околу 12 часот на улицата „Гундулиќева“ во хрватскиот град Сплит, јави Слободна Далмација, а пренесоа повеќе регионални медиуми. Според првичните информации, две полицајки минувале покрај Ерсте Банка, кога случаен минувач ги предупредил дека нешто се случува во банката. Откако го запреле полициското возило, разбојникот излегол држејќи вработен […]

Реизданија на „Мистер Но“ и „Гричка Вјештица“ избрани за најдобри стрипови во регионот за 2024 година

март 13, 2025

Овогодишниот избор за стрип на годината ја потврди популарноста на италијанските и други увозни стрипови, но и високото мислење на публиката од регионот за легендарните домашни автори. Stripovi.com е највлијателниот портал за стрипови во регионот на бивша Југославија, основан во Загреб од 2001 година како комбинација на форум и онлајн енциклопедија. Оваа онлајн заедница од 2007 […]

Си-Ен-Ен за Милановиќ: Победи политичарот што го споредуваат со Трамп

јануари 13, 2025

Асошиетед прес (АП) и Си-Ен-Ен јавија за победата на Зоран Милановиќ на претседателските избори во Хрватска, кој ќе продолжи да владее во следните пет години, а кој, како што објавуваат, е опозициски критичар на Европската унија и на НАТО, пренесува Н1. Тој освоил повеќе од 74 отсто од гласовите и 1.122.859 гласови во споредба со […]

Руски ботови работат во корист на Милановиќ, тврдат истражувачи од Центарот за информациска отпорност

јануари 10, 2025

Руски ботови започнаа про-Кремљ кампања за дезинформации на социјалните мрежи за да го поддржат хрватскиот ани-НАТО претседателски кандидат Зоран Милановиќ, објави Политико, повикувајќи се на истражување на Центарот за информациска отпорност. Непрофитната организација со седиште во Лондон која разоткрива дезинформации, објави извештај во кој тврди дека про-руските, анти-ЕУ и анти-НАТО ботовски мрежи работеле на зајакнување […]

Во Хрватска се одржуваат претседателски избори

декември 29, 2024

Денес се одржуваат осмите претседателски избори во Хрватска од нејзиното осамостојувањето, пренесува хрватскиот „Индекс“. Државната изборна комисија на Хрватска соопшти дека утрово се отвориле повеќе од 6.500 избирачки места низ земјата и во 38 други држави. Право на глас имаат вкупно 3.762.224 граѓани. На изборите ќе се одлучи дали сегашниот претседател Зоран Милановиќ, поддржан од […]

Рачна бомба активирана на забава во Книн, загинал 25-годишник

ноември 24, 2024

Во хрватскиот град Книн загинал 25-годишник и уште четворица други биле тешко повредени откако на забава експлодирала бомба. Повредени се 25 и 23-годишник, 21-годишна девојка и една малолетничка. „По спроведениот увид е утврдено дека повредениот 25-годишник, за време на забавата, од спалната соба на станот донел рачна бомба М-75 и истата ја предал на друг […]

На факултет во Хрватска, студентите од Македонија ќе плаќаат како домашните студенти

август 29, 2024

Во високото образование во Хрватска, школарината за студентите од Македонија ќе биде иста како и за домашните студенти. Ова е превидено со договорот кој денеска го потпишаа министерката за образование и наука Весна Јаневска и министерот за образование, наука и млади на Хрватска Радован Фукс. Согласно договореното, во областа на основното и средното образование, учениците […]

Хрватскиот министер за одбрана: Од 1 јануари задолжителниот воен рок ќе трае два месеци

август 16, 2024

Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ изјави дека задолжителниот воен рок кој беше најавен на почетокот на следната година, ќе трае два месеци. „Воениот рок ќе трае два месец и ќе започне на 1 јануари 2025 година“, изјави Анушиќ за телевизијата РТЛ. Во јавноста веќе извесно време се зборува за враќање на задолжителниот воен рок, […]

Убил петмина во дом за стари во Хрватска, па заминал во кафуле да нарача пијалок

јули 22, 2024

Маж утрово упаднал во дом за стари лица во хрватскиот град Дарувар, каде со употреба на огнено оружје убил пет лица и повредил уште пет други лица, пренесува хрватскиот „Јутарњи лист“. Меѓу убиените била и неговата мајка. По извршените убиства, како што јавува хрватски Дневник цитирајќи еден од сведоците, убиецот заминал во ближното кафуле, го […]

Руски хакери ја презедоа одговорноста за нападот врз хрватските институции

јуни 28, 2024

Руската хакерска група NoName057(16) ја презеде одговорноста на социјалната мрежа Телеграм за хакерските напади врз хрватските институции што се случија во средата, пренесе „Јутарњи лист“. На мета на хакери неодамна беа Министерството за финансии, Даночната управа и Загрепската берза, а во четвртокот беше нападнат и Клиничкиот болнички центар Загреб. „Не сме ја посетиле Хрватска веќе […]

Без струја речиси цела Црна Гора, како и делови од Хрватска, Албанија и БиХ

јуни 21, 2024

Речиси цела Црна Гора, како и хрватскиот регион Далмација и делови од Босна и Херцеговина и Албанија, се останати без струја. Според „Вијести.ме“, без струја се останати Сараево, Зеница и Бања Лука, а хрватскиот медиум „Слободна Далмација“ извести дека без струја се градовите Сплит, Шибеник, Дубровник, Задар, како и бројни други острови и градови. Во […]

Maж се полил со бензин и се самозапалил пред зградата на хрватската Влада

јуни 11, 2024

Maж се полил со бензин и се самозапалил утрово пред зградата на Владата на Хрватска. Пред зградата на Владата видно шокиран бил и премиерот Андреј Пленковиќ кој веднаш го повикал министерот за здравство Вили Берош и координирале акција за згрижување на лицето, пренесува „Јутарњи“. На местото на несреќата одекнуваат сирени на полиција и на Итна […]

Бејби Лазања одби 50.000 евра награда од хрватската влада, сака парите да бидат донирани

мај 16, 2024

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на денешната седница на техничката влада најави дека сака финансиски да го награди Марко Пуришиќ, познат како Бејби Лазања, по освоеното второ место на овогодишната Евровизија. Хрватските медиуми пишуваат дека било одлучено да му се додели награда од 50.000 евра. Пуришиќ на неговиот Инстаграм профил објави дека нема да ги прифати […]

Утрово силен земјотрес во Хрватска, почувствуван и во Босна и Херцеговина

мај 1, 2024

Сеизмолошката служба во Хрватска утрово забележа прилично силен земјотрес со епицентар на околу 15 километри јужно од градот Слуњ во централниот дел на земјата. Земјотресот се случил во 5 часот и 38 минути, а епицентарот бил на околу 15 километри јужно од Слуњ. Магнитудата на земјотресот била 4,3 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во […]

ХДЗ освои најмногу гласови на хрватските парламентарни избори, но не и мнозинство во парламентот

април 18, 2024

Владејачката партија Хрватска демократска заедница (ХДЗ) освои 60 пратеничка места од можни 151 на вчерашните парламентарни избори во Хрватска, пренесува Гардијан. Ова се резултатите откако се изброија над 90 отсто од гласовите. На второ место се најде коалицијата „Реки на правдата“, предводена од Социјалдемократската партија (СДП), која освои 42 пратенички места. На чело на оваа […]

Земјотрес со јачина од 5,4 степени во Црна Гора, почувствуван и во Македонија и регионот

март 14, 2024

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала утрово околу 4 часот ги разбуди граѓаните на Црна Гора, а беше почувствуван во повеќе држави во регионот. Црногорскиот Завод за хидрометеорологија и сеизмологија извести дека бил регистриран силен земјотрес со епицентар на пет километри југозападно од Чараѓе во Општина Никшиќ, јави црногорскиот весник „Побједа“. Засега […]

Страна 1 од 12