fbpx
Таг: Хрватска

таг: Хрватска

В недела втор круг претседателски избори во Хрватска

На втор круг од претседателските избори, Хрватите ќе гласаат в недела. Тогаш треба да се избере претседател помеѓу актуелниот Иво Јосиповиќ и Колинда Грабар-Китаровиќ од конзервативната Храватска демократска заедница (ХДЗ). На првиот круг одржан на 28 декември, 57-годишниот социјалдемократ Јосиповиќ доби 38,46 отсто од гласовите, а поранешната шефица на француската дипломатија Грабар-Китаровиќ - 37,22 проценти.  

Јосиповиќ и Грабар-Китаровиќ во втор круг за претседател на Хрватска

Актуелниот претседател на Хрватска, Иво Јосиповиќ, и поранешната шефица на хрватската дипломатија, Колинда Грабар-Китаровиќ, влегоа во вториот круг од претседателските избори, откако не успеаја да обезбедат повеќе од 50 отсто од гласовите. Како што јавуваат хрватските медиуми, Јосиповиќ освоил 38,5 отсто од гласовите, а Грабар-Китаровиќ освои 37 отсто. Останатите двајца кандидати, Милан Којунџиќ од Сојузот за Хрватска и Иван Велибор...

Во Хрватска невработени се повеќе од 300.000 граѓани

Во Хрватска се невработени повеќе од 300.000 луѓе, покажуваат најновите статистички податоци. Според хрватските медиуми, ситуацијата со невработеноста се влошила по завршувањето на  туристичката сезона. Точниот број на невработение е 312.000 и со тоа Хрватска спаѓа во земјите-рекордери по невработеност во ЕУ. За разика од огромниот број невработени во Хрватска, слободни работни места има само за 6.071 граѓани. Според најновите податоци на Евростат, во октомври...

Претставата на Унковски прогласена за најдобра во Хрватска

Главната награда на Хрватското друштво на драмски уметници за најдобра претстава за 2014 година, во Хрватска, е доделена на претставата „Три сестри“ од Антон П. Чехов, во режија на Слободан Унковски, а во изведба на Градскиот драмски театар „Гавела“ од Загреб. Националните награди за најдобрите остварувања во областа на театарот, филмот и на радиото беа соопштени вчеравечер, на свеченото доделување...

Владата на Хрватска распиша претседателски избори

Своја кандидатура најави и сегашниот претседател на Хрватска, Иво Јосиповиќ
Претседателските избори во Хрватска ќе се одржат на 28 декемрви, а доколку има втор круг, тој ќе биде одржан на 11 јануари следната година. Ова го потврди портпаролот на владата, Никола Јелиќ, а формалната одлука владата ќе ја донесе на седница следниот четврток. Кандидатури за шестите по ред претседателски избори најавија актуелниот претседател Иво Јосиповиќ, кандидатката на ХТЗ, Колинда Грабар Китаровиќ,...

Хрватска повеќе одвојува средства за црквата отколку за сиромашните

Католичката црква во последните 10 години од државниот буџет на Хрватска добила 782 милиони евра, пишува хрватскиот весник „Јутарни лист“. Податокот првпат е достапен за јавноста откако Владата на оваа земја одговори на пратеничко прашање на претседателката на лабуристите, Нанси Тирели. Таа уште во август упати прашање до Владата за тоа колку пари се уплатени од буџетот на сите верски заедници, вклучувајќи...

Извозот во Хрватска пораснал за речиси 10 проценти

Извозот на Хрватска за првите девет месеци од оваа година достигна 57,6 милијарди куни (7,51 милијарди евра), што е за 9,6 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година, додека увозот порасна за 4,5 проценти, на 98,2 милијарди куни (12,81 милјарди евра), покажуваат податоците што ги објави Државниот завод за статистика. Наворешно-трговскиот дефицит на крајот на септември изнесувал 40,5 милијарди куни,...

Ќе се обноват летовите меѓу Србија и Хрватска

Србија и Хрватска ќе ги продолжат летовите помеѓу нивните главни градови во декември, 23 години откако тие беа прекинати. Во соопштението на српскиот национален авиопревозник „Ер Србија“ се вели дека лансирањето на дневните летови помеѓу Белград и Загреб почнуваат на 12 декември. Главниот извршен директор на „Ер Србија“, Дане Кондиќ, изјави дека новата линија ќе ја исполни зголемената побарувачка во...

Хрватска и официјално со најлоши економски прогнози во ЕУ

Хрватска има најлоши економски прогнози од сите членки во Европска Унија, се наведува во есенските прогнози на Европската комисија, а прогнозираниот пад на домашниот бруто-производ (БДП) е зголемен од 0,6 на 0,7 отсто за оваа година. Зголемена е и процената на стапката на невработеност, од минатогодишните 17,3 отсто на 17,7 отсто, јавуваат хрватските медиуми. Европската комисија најдобра оцена даде за ирската економија,...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...