fbpx

Хрватска и официјално со најлоши економски прогнози во ЕУ

-

Хрватска има најлоши економски прогнози од сите членки во Европска Унија, се наведува во есенските прогнози на Европската комисија, а прогнозираниот пад на домашниот бруто-производ (БДП) е зголемен од 0,6 на 0,7 отсто за оваа година.

Зголемена е и процената на стапката на невработеност, од минатогодишните 17,3 отсто на 17,7 отсто, јавуваат хрватските медиуми.

Европската комисија најдобра оцена даде за ирската економија, предвидувајќи пораст од 4,6 отсто во 2014 година. Очекуваниот пораст на ниво на 28 земји-членки на ЕУ изнесува 1,3 отсто, додека во земјите од еврозоната е 0,8 отсто.

БДП во Хрватска би требало да порасне дури во текот на следната година и тоа за 0,2 отсто, што, исто така, е намалена процена во однос на претходната прогноза од 0,7 отсто. Во 2016 година ЕК очекува раст на хрватскиот БДП за 1,1 отсто.

Хрватскиот јавен долг годинава би можел да достигне 81,7 отсто од БДП, следната година 84,9 отсто, додека во 2016 година тој би изнесувал 89 отсто од БДП. Минатата година јавниот долг на Хрватска изнесуваше 75,7 отсто, но годинава порасна поради загубите на двете најголеми државни претпријатија, како и поради зголемениот буџетски дефицит.

Според комисијата, лошите прогнози за Хрватска се темелат на големите акумулирани надворешни и внатрешни нерамнотежи, слабото бизнис-опкружување и пазарот на труд.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...