fbpx

Ќе се обноват летовите меѓу Србија и Хрватска

-

Србија и Хрватска ќе ги продолжат летовите помеѓу нивните главни градови во декември, 23 години откако тие беа прекинати. Во соопштението на српскиот национален авиопревозник „Ер Србија“ се вели дека лансирањето на дневните летови помеѓу Белград и Загреб почнуваат на 12 декември.

Главниот извршен директор на „Ер Србија“, Дане Кондиќ, изјави дека новата линија ќе ја исполни зголемената побарувачка во бизнисот и ќе им овозможи на патниците редовно патување меѓу двете земји. Според Кондиќ новата услуга ќе обезбеди двонасочни врски меѓу Белград и Хрватска, континентална Европа, како и клучните глобални дестинации.

Летовите меѓу Белград и Загреб беа прекинати во 1991 година, кога избувна конфликтот, откако Хрватска прогласи независност од Југославија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...