fbpx
Таг: Хрватска

таг: Хрватска

Дачиќ: Отвoрањето на границата е голем успех за Србија

Укинувањето на едностраната и противправна одлука на хрватската Влада за блокада на границата со Србија претставува голем успех на политиката на Владата на Србија, на чело со премиерот Александар Вучиќ, порача шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ. Според него, тоа е и голем пораз на неодговорната политика на хрватската Влада и премиерот Зоран Милановиќ. Српската Влада вечерва ќе одржи вонредна седница,...

Хан: Хрватска да ја деблокира границата

Еврокомесарот за соседска политика и за проширување, Јоханес Хан, денеска од Белград апелираше хрватската влада да ја смени одлуката за блокада на границата, затоа што тоа е од заемен интерес за сите луѓе на Западен Балкан. Хан, како што јавува РТС, на прес-конференцијата по разговорите со српскиот премиер Александар Вучиќ, оцени дека мерките на хрватската влада не се пропорционални, односно се...

Курц им порача на Хрватска и на Србија да ги тргнат емоциите на страна

Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, денеска ги повика Хрватска и Србија да ги остават на страна своите емоции и повторно да воспостават слободен протек на стока и на луѓе. Тој истакнал дека затворањето на границите не придонесува за решавање на проблемот. - Ги повикувам Хрватска и Србија да ги стават емоциите на страна и повторно да воспостават слободен...

Пусиќ: Да се намали тензијата меѓу Србија и Хрватска

Шефицата на хрватската дипломатија, Весна Пусиќ, денеска во Њујорк изјави дека Хрватска и Србија треба да ги намалат тензиите што настанаа поради бегалскиот бран и предизвикаа блокади на границите. - Тензијата меѓу Хрватска и Србија е сосема непотребна и сметам дека е неопходно таа веднаш да се намали, но и да се почне со решавање на проблемите во партнерство со државите...

Милановиќ: Србија во договор со Унгарија ги испраќа бегалците само кон Хрватска

Србија во договор со Будимпешта, организирано испраќа бегалци само на границата со Хрватска, која не може да прими толкав број и затоа е воведена блокада на границата, изјави денеска хрватскиот премиер Зоран Милановиќ. - Србија дозволува бегалците неорганизирано да талкаат по земјата, но само додека не се собираат на северот, а потоа организирано ги испраќа на хрватската граница. Тоа се...

Вучиќ: Србија нема да одговори на мерките на Хрватска

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, истакна дека Србија нема да одговори на новите мерки на хрватската влада, не затоа што не ја разбира ваквата нивна одлука, туку зашто смета дека одамна поминало времето кога некој влегувал во автобус, прегледувал патници и ги вадел од возилото затоа што имале некој пасош. - На економските мерки може да се одговори со мерки, на лудилото никако....

Србија ги запре автобускиот и железничкиот сообраќај кон Хрватска

Редовните автобуски и железнички линии од Белград за Хрватска утринава се откажани, јавуваат српските медиуми. Од „Српски железници“ соопштија дека возот кој бил најавен за 11.03 часот бил откажан, а вечерва нема да тргне ниту возот во 21.30 часот. Авиосообраќајот меѓу Србија и Хрватска се одвива без прекин, а патниците од Беград кои имаат српски пасоши без проблеми допатувале во Загреб,...

Србите ги блокираа македонските транспортери на хрватска стока

Македонските превозници на хрватско-српската и на унгарско-српската граница се блокирани, откако официјален Белград одлучи да ги блокира сите што превезуваат стока за или од Хрватска или некако се поврзани со соседната држава, со која има затегнати односи поради бегалската криза. Имено, камионџиите кои се враќаат од некои од европските земји и притоа ги користат алтернативните гранични премини за влез во Србија,...

Церар: Споровите околу бегалската рута би можеле да ги влошат односите во регионот

Споровите на државите од рутата низ која минуваат бегалците може да ја заострат ситуацијата на Западен Балкан и во поширокиот регион, изјави денеска словенечкиот премиер Миро Церар, по завршувањето на вонредниот самит на ЕУ. - Балканот не е доволно стабилен за да ја издржи таквата ситуација. Затоа е многу важно особено внимание да се посвети на Балканот и на поширокиот регион,...

Хан се обидува да ги смири Хрватска и Србија

Еврокомесарот за соседска политика и за проширување, Јоханес Хан, се обидува да посредува во спорот меѓу Хрватска и Србија за бегалската криза и порачува дека затворањето на границите не е никакво решение. - Уверен сум дека ќе најдеме решение. Станува збор за пропорционални мерки и за добрососедски односи. Затворањето на границата не е решение – изјави Хан за австрискиот весник...

Хрватската полиција употреби солзавец врз мигрантите

Хрватската полиција денеска употребила солзавец врз мигрантите во прифатниот камп Опатовац, јавува хрватската телевизија „Н1“. Според првичните податоци, неколку лица се повредени во судирите на полицијата со бегалците, а меѓу нив има и деца. Хрватското МВР соопшти дека од 16 септември досега во земјата влегле повеќе од 44.000 мигранти, од кои 8.750 само во последните 24 часа.

Отворен преминот Батровци за автомобили и за автобуси

Српскиот граничниот премин Батровци со Хрватска денеска е отворен во 16 часот за патнички возила и за автобуси во двете насоки, но и понатаму е запрен сообраќајот за товарни моторни возила, соопшти Автомото-сојузот на Србија. Српската царинска управа соопшти дека денеска, поради блокада на преминот Батровци, сообраќајот на премините Сремска Рача и Мали Зворник е зголемен за повеќе од 50 отсто. Како...

Унгарија со протестна нота до Хрватска

Унгарскиот амбасадор во Загреб му предаде на Министерството за надворешни работи на Хрватска протестна нота, поради понудата на тоа министерство да го отвори главниот граничен премин на границата со Србија, под услов српските власти да ги насочуваат бегалците кон Унгарија. Дипломатската нота беше испратена по наредба на унгарскиот министер за надворешни работи Петар Сијарто, со согласност од Министерството за надворешни...

Хрватска го отвори товарниот терминал кон Србија

Товарниот терминал на хрватскиот граничен премин Бајаково кон Србија е повторно во функција, соопшти денеска Авто-мото сојузот на Србија. Како што се наведува во соопштението, товарниот терминал е отворен во 12.30 часот, по заканите од Србија дека ќе воведе контрамерки доколку Европската комисија до 14 часот не ја вразуми Хрватска да го отвори преминот. Сообраќајот за товарни возила на излезот од...

Схинас: Брисел е против подигнување ѕидови и огради

Брисел се противи на подигнувањето ѕидови и огради во Европа, но секоја земја има право да ги заштити своите граници – изјави денеска портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Схинас. На новинарско прашање како ќе реагираат сега, кога Србија најави контрамерки поради одлуката на Хрватска да ги затвори границите за товарен сообраќај, Схинас рече дека тоа е прашање „релевантно за сегашната...

Србија се заканува со противмерки ако ЕК не ја вразуми Хрватска

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија ќе донесе „одредени мерки“ доколку Европската комисија денеска до 14 часот не преземе нешто во врска со одлуката на Хрватска да ги затвори границите за товарен сообраќај. - Ова скандал од меѓународни размери и Хрватска ги прекрши сите европски договори и директиви – рече Вучиќ, додавајќи дека објаснувањето што го дала Хрватска, спаѓа...

„Гардијан“: Хрватска е неспособна да одговори на бранот бегалци

„По хаосот во кој се најдоа на влезот во Унгарија, бегалците од Блискиот Исток доживуваат нови трауми, сега на влезот во Хрватска. Уште едно тесно грло на границата покажува дека таа земја е неспособна да излезе на крај со најголемиот бран на масовна миграција во изминатите 70 години“, пишува денеска „Гардијан“. Лондонскиот весник потсетува дека во средата хрватскиот премиер, Зоран...

Затворени границите на Хрватска, бегалците влегуваат илегално

Иако граничните премини со Србија се затворени, приливот на бегалци во Хрватска не е запрен, тие преку полињата и илеганите патишта влегуваат во земјата. Во текот на ноќта до границата стигнаа околу 30 автобуси и сите бегалци влегле во Хрватска. Полицијата ги собира долж таканаречената зелена граница и ќе носи во Товарник. Според последните податоци, од средата наутро во земјата влегле...

Првите бегалци пристигнаа во Хрватска

Изутринава, во 4.30 часот, на автобуската станица во Шид, Хрватска, пристигна првиот автобус со 70 бегалци од Сирија, Авганистан, Пакистан, Ирак и од Мавританија. Потоа, пред пристигнувањето на хрватската граница, неколку бегалци се упатиле пеш, преку пченкарното поле во Товарник. На привремена станица, спроти прифатниот центар во Прешево, уште десетина автобуси со натписи „Шид“ и „Хрватска“ се подготвуваат да тргнат кон...

Хрватска со рекордни 8 милијaради евра приходи од туризам

Министерот за туризам на Хрватска, Дарко Лоренцин, изјави дека државата оваа година може да очекува рекордни приходи од туризмот од приближно осум милијарди евра. На јадранското крајбрежје и во Загреб, од јануари до јули оваа година, престојувале вкупно 7,6 милиони туристи, кои генерирале вкупно 40 милиони ноќевања. Според официјалните податоци на туристичките заедници, на Јадранот и во Загреб само во јули одмарале...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...