fbpx

Затворени границите на Хрватска, бегалците влегуваат илегално

-

Иако граничните премини со Србија се затворени, приливот на бегалци во Хрватска не е запрен, тие преку полињата и илеганите патишта влегуваат во земјата.

Во текот на ноќта до границата стигнаа околу 30 автобуси и сите бегалци влегле во Хрватска. Полицијата ги собира долж таканаречената зелена граница и ќе носи во Товарник.

Според последните податоци, од средата наутро во земјата влегле повеќе од 13.000 луѓе.

Во хрватското село Товарник покрај границата со Србија неколку илјади бегалци чекаат да влезат во автобусите со кои ќе се превезат до некој од прифатните центри во Хрватска.

Прашање на време е кога Хрватска целосно ќе го затвори сообраќајот, изјави хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остојич кој тврди дека хрватските прифатни центри се „преполни“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...