fbpx

Унгарија со протестна нота до Хрватска

-

Унгарскиот амбасадор во Загреб му предаде на Министерството за надворешни работи на Хрватска протестна нота, поради понудата на тоа министерство да го отвори главниот граничен премин на границата со Србија, под услов српските власти да ги насочуваат бегалците кон Унгарија.

Дипломатската нота беше испратена по наредба на унгарскиот министер за надворешни работи Петар Сијарто, со согласност од Министерството за надворешни работи на Унгарија, пренесува „Танјуг“.

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, разговараше за прашањето со Сијарто и тие двајцата се согласија дека барањето на Хрватска е неприфатливо и е надвор од европските стандарди.

Унгарија ја прозва Хрватска да се врати на европските стандарди на однесување и да им понуди згрижување и помош на мигрантите, се вели во соопштението на унгарското министерство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.