fbpx

Девет лица, меѓу кои и едно бебе, загинаа откако брод се преврте кај Лампедуза

Националноста на патниците на бродот не е позната. Преживеаните биле однесени во Лампедуза, која се наоѓа помеѓу Тунис, Малта и италијанскиот остров Сицилија

-

Девет лица, вклучително и едно бебе, загинаа откако нивниот брод се превртел додека се обидувале да го преминат Медитеранот при невремето. Уште 15 лица се водат како исчезнати, соопшти италијанската крајбрежна стража, а пренесе Гардијан.

Крајбрежната стража денеска јави дека добила барање за соработка од службениците за пребарување и спасување на Малта, откако чамецот вчера се превртел на околу 50 километри југоисточно од островот Лампедуза.

Службата соопшти дека испратила сопствен патролен брод на местото на несреќата, кој спасил 22 преживеани и извлекол 9 починати лица, меѓу кои и едно бебе.

Спасувачките операции биле особено предизвикувачки поради неповолните временски услови, со бранови високи и до 2,5 метри.

Националноста на патниците на бродот не е позната. Преживеаните биле однесени во Лампедуза, која се наоѓа помеѓу Тунис, Малта и италијанскиот остров Сицилија.

Несреќата доаѓа откако вчера грчката крајбрежна стража објави дека ги извлекла телата на три девојчиња кај островот Хиос. Девојчињата загинале откако брод што ги превезувал од Турција удрил во карпите. Спасени биле 14 лица, меѓу кои 8 деца.

Европратениците вчера гласаа за усвојување историски пакет закони за миграција и азил, но невладините организации реагираа дека промените нема да придонесат кон намалување на бројот на луѓе што умираат во Медитеранот додека се обидуваат да влезат во ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...