понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: загинати | 1.139 резултати

Тројца загинати меѓу кои и дете во трагична сообраќајна несреќа во Белград

октомври 26, 2025

Три лица, меѓу кои и 10-годишно дете, загинаа ноќеска во тешка сообраќајна несреќа што се случила околу 50 минути по полноќ во Нов Белград, нјави ТВ Н1. Според информациите на српските медиуми, станува збор за мајка, татко и нивното десетгодишно дете, кои починале на лице место од здобиените повреди. Очевидци изјавиле дека возач на возило […]

Израелски тенкови убија 59 Палестинци во Газа додека се обидувале да добијат хуманитарна помош

јуни 18, 2025

Израелски тенкови отворија оган врз толпа луѓе кои се обидувале да добијат помош од камиони во Газа во вторникот, при што загинале најмалку 59 лица, според медицински извори на Ројтерс. Ова е еден од најкрвавите инциденти досега во ескалацијата на насилството додека очајни жители се борат за храна. Видео објавено на социјалните мрежи прикажува околу […]

Родителите на загинатите во „Пулс“ порачаа: Не ги убивајте уште еднаш нашите деца

јуни 15, 2025

По поднесувањето на обвинителниот акт за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, родителите на загинатите упатија јавно барање до Обвинителството, со кое бараат транспарентно, детално и лично објаснување за тоа кои лица се опфатени, кои се изземени од одговорност и врз основа на што. Нивната реакција доаѓа веднаш по прес-конференцијата на Јавното обвинителство, на која […]

По протестот на семејствата на жртвите од Кочани, обвинителството со отворен повик до јавноста

април 29, 2025

Еден и пол месец по трагедијата во импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани во која загнаа 62 главно млади лица, и по средбата со семејствата на загинатите на денешниот протестен марш во Скопје, Јавното обвинителство објави отворен повик за информации, докази и лични сведоштва. На веб-страницата на обвинителството (jorm.gov.mk) е поставен формулар кој како што соопштија […]

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

април 27, 2025

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од мајките на загинатите деца побара одговори од министерот за внатрешни работи, од директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) и од сите надлежни […]

Загинаа 26 лица и 17 се повредени во напад врз туристи во индискиот дел на Кашмир

април 23, 2025

Најмалку 26 лица загинаа, а 17 се повредени во вооружен напад врз туристи во индискиот федерален регион Џаму и Кашмир, соопшти полицијата. Овој напад, кој се случил во вторникот во пределот Пахалгам, е најсмртоносниот врз цивили во Индија во последните речиси две децении, пренесе Ројтерс. Според информациите, меѓу загинатите има 25 индиски државјани и еден […]

Протестен марш во Кочани: „Зошто ги пуштивте убијците на нашите деца?“

април 19, 2025

Со пораки за правда, болни сведоштва и апели за одговорност, денеска по третпат се одржа протестниот марш „Задоцнета реакција“ во Кочани, во знак на сеќавање на 62-те жртви од трагичниот пожар во импровизираната дискотека „Пулс“. Семејствата на загинатите, заедно со стотици поддржувачи и граѓани, повторно побараа целосно расветлување на случајот и санкционирање на сите одговорни […]

МВР со детали за сообраќајката кај Кичево: Меѓу загинатите двајца сопружници од Гостивар, повредени се и малолетници

април 19, 2025

Тешката сообраќајна несреќа со трагични последици се случила на 18 април околу 20:40 часот на магистралниот пат Кичево – Гостивар, во близина на местото викано „Сеферов бунар“, соопшти СВР Охрид. Во несреќата учествувале три патнички возила – „мерцедес“ управуван од З.Д. (64) од Битола, „форд“ управуван од А.Р. (63) од кичевското село Горно Страгомиште, и […]

Тешка сообраќајка на патот Кичево – Гостивар, тројца загинати, осум повредени

април 19, 2025

Три лица загинаа, а осум се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи на патот Кичево–Гостивар. Во несреќата учествувале три возила, а увид на местото извршил јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево и увидни екипи од Министерството за внатрешни работи. Несреќата се случи ноќта на 18 април нешто пред 21 часот помеѓу Кичево […]

Уште една жртва од пожарот во Кочани, почина пациент во Белград

април 17, 2025

Министерството за здравство информира дека согласно информации од Воено Медицинска Академија во Белград денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани, роден 2001 година. „Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови е веднаш упатен на лекување во Воено Медицинската Академија во Белград и кој […]

Тошковски: 59 починати во пожарот, од нив 35 се веќе идентификувани

март 16, 2025

Педесет и девет лица загинале во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, од кои и еден полицаец на службена должност кој работел на откривање присуство на малолетни лица и дрога во објектот, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Од нив идентификувани се 35, од кои 31 се од Кочани и четири од Штип, а […]

Голема трагеција во Кочани: Десетици мртви во пожар во дискотека

март 16, 2025

Десетици луѓе загинаа, а стотина се повредени во пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, јавуваат локалните медиуми, Телевизија Кочани и Радио Кочани. Неофицијално, пожарот се случил околу 3 часот по полноќ за време на концертот на бендот „ДНК“, кога во дискотеката имало околу 1.500 луѓе. Јавното обвинителство утрово соопшти дека точниот број на жртви и […]

Патнички авион на „Азербејџан ерлајнс“ се урна во Казахстан

декември 25, 2024

Дваесет и седум лица преживеале од вкупно 62 патници и пет членови на екипажот, во авионска несреќа што се случи денека близу градот Актау во Казахстан, пренесува „Гардијан“. Патничкиот авион на „Азербејџан ерлајнс“ бил на пат од Баку за Грозни во руска Чеченија, но наводно бил пренасочен поради магла. Според казахстанските власти, преживеаните, меѓу кои […]

Најмалку 51 лице загинаа во поплави во Шпанија

октомври 30, 2024

Најмалку 51 лице загинаа во источните и јужните делови на Шпанија во поплавите предизвикани од обилните дождови, соопштија властите во земјата, а пренесе „Јуроњуз“. За исчезнати се водат неколку лица, а поплавите ги прекинаа железничките услуги. Неповолните временски услови се очекува да продолжат и во наредните денови. Воз со речиси 300 луѓе излетал од шините […]

Тридневна жалост за загинатите во поплавите во Босна, се трага по 15 исчезнати лица

октомври 6, 2024

По разорните поплави во делови на Босна и Херцеговина, во кои загинаа најмалку 18 лица, општина Јабланица прогласи тридневна жалост, јавува босанската телевизија БХРТ. Со одлука на локалните власти, денови на жалост се денеска, утре и вторник. Најмногу загинале во Јабланица, 13, двајца во областа Коњиќ и три во Фојница. Покрај човечки жртви, поплавите предизвикаа […]

Радиолог, гинеколог и радиолошки технолог од болницата „Плодност“ се жртвите во сообраќајната несреќа кај Прилеп

октомври 3, 2024

Во тешката сообраќајна незгода на патот Прилеп – Битола загинаа радиолог, гинеколог и радиолошки технолог од приватната болница „Плодност“. Станува збор за прим. д-р Александар Ристески, врвен македонски радиолог, спец. гинеколог д-р Никола Василески и радиолошкиот технолог Фанче Јованоска. Тие загинаа во сообраќајна несреќа додека доаѓале на своите работни места од Прилеп. „Изразуваме длабоко сочувство […]

16 лица загинаа во поплави што ја зафатија централна Европа

септември 16, 2024

Бројот на загинати во поплави предизвикани од поројни дождови кои ја зафатија централна Европа, се искачи на 16, а уште неколкумина се водат како исчезнати, пренесува „Гардијан“. Властите пријавиле смртни случаи во Чешка, Полска и Австрија и предупредија дека „најлошото можеби допрва доаѓа“. Шефот на чешката полиција, Мартин Вондрашек, изјави дека една жена се удавила […]

Страна 1 од 57