fbpx
Таг: загинати

таг: загинати

Кулеба: На Алијансата за оружје за Украина се приклучија 59 компании од 23 земји

На Алијансата на одбранбената индустрија, формирана во рамките на Првиот форум на одбранбената индустрија што се одржа во Кијив, досега се приклучиле 59 компании од 23 земји, соопшти денеска украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба. Како што извести украинската државна новинска агенција Ukrinform.net, Алијансата заеднички ќе произведува оружје за Украина. Според Кулеба, Украина ја предвидела можноста да се дојде...

Бајден доаѓа во посета на Израел додека траат воздушните напади на Газа

Израелските воздушни напади повторно татнат низ Газа и утрово, дури и во рамките на евакуациската зона во која според насоките од Израел треба да бидат Палестинците што ги напуштија своите домови по предупредувањето дека во другите подрачја ќе се дејствува против милитантите на Хамас, јави новинската агенција Асошиејтид Прес. Во меѓувреме, претседателот на САД, Џо Бајден, треба да пристигне во...

Израел кажа дека „ја затнал“ границата со Газа, воздушните напади продолжуваат

Израел посочи дека целосно ја обезбедува границата со Газа, откако милитанти од палестинското движење Хамас, кое ја почна најновата војна со Израел во саботата, истиот ден ја пробија граничната бариера на повеќе места, известува Би-би-си. Денеска се очекува голем копнен напад на израелските сили во Газа. Според истиот извор, во текот на изминатото деноноќие немало нови прекугранични упади. Нападите на израелските...

Хамас и понатаму ја преминува границата, Израел: „Ова е нашиот 11 септември“

Сè уште се во тек борбите во седум или осум области во Израел, а активна е и заложничка ситуација во кибуцот Кфар Аза. Припадници на групата Хамас и понатаму ја преминуваат границата на Израел – влегувајќи или излегувајќи од земјата. Во градот Ашкелон, пак, во тек се ракетни и артилериски напади. Ова се клучните состојби за кои утрово на брифинг...

Најмалку 21 загинат и 18 повредени во автобуска несреќа во Венеција

Најмалку 21 лице загина и 18 се повредени во страотна автобуска несреќа што се случи вчеравечер во Венеција. Автобус со странски туристи, вклучително и Украинци паднал од издигната улица на другиот крај од лагуната од историскиот центар на Венеција, јави новинската агенција Асошиејтид Прес. Извлекувањето на загинатите и повредените од автобусот, кој се запалил веднаш по паѓањето, се одвивало цела...

Свадба во Ирак се претвори во кошмар, најмалку 110 луѓе загинаа

Најмалку 110 луѓе загинаа додека присуствувале на свадба во ирачкиот град Каракош, источно од Мосул. Извештаите сугерираат дека огнометот во внатрешноста на салата го предизвикал пожарот. Властите за цивилна одбрана рекоа дека салата имала префабрикувани панели кои биле многу запаливи, што веројатно помогнало во ширењето на пожарот и падот на дел од таванот, пренесе Би-би-си. Црвената полумесечина соопшти дека изброиле...

Најмалку 20 загинати и 300 повредени во експлозија на бензинска пумпа во Нагорно Карабах

Најмалку 20 лица загинаа, а повеќе од 300 се повредени во експлозија на бензинска пумпа во Нагорно Карабах, јавува Асошиејтед Прес.  Ова го соопштиле ерменските сепаратистички власти, во време кога илјадници цивили бегаат пред пристигнувањето на азербејџанските сили, кои во брза офанзива ја вратија контролата над Нагорно Карабах. Експлозијата на складиште за гориво, според АП, се случила синоќа во близина на...

Меѓународен адвокатски тим подготвува досие за Русија поради користење на гладот како оружје

Адвокати за човекови права, во соработка со канцеларијата на Главниот обвинител на Украина, подготвува досие за воени злосторства што би било поднесено во Меѓународниот кривичен суд (ИЦЦ), обвинувајќи ја Русија за намерно предизвикување глад при оружен конфликт, јави украинската државна новинска агенција ukrinform.net. „Целта е да се документираат случаите кога руските инвазиски сили користеле глад како оружје во војна“, се...

Расте бројот на загинати во поплавите во Либија, 30.000 луѓе останаа без покрив над глава

Над 30.000 лица останаа без живеалишта во катастрофалните поплави што го зафатија источниот дел на Либија. Извештаите за бројот на жртви варираат во голема мера и се движат меѓу 6.000 и 11.000 изгубени животи. Илјадници лица се водат како исчезнати, а градоначалникот на најпогодениот град Дерна стравува дека вкупниот број на загинати би можел да достигне 20.000, пренесе Би-би-си. Преживеаните...

Бројката на загинати во поплавите во Либија се искачи на над 5.300 луѓе

Повеќе од 5.300 луѓе загинаа по поплавите во либискиот град Дерна, пренесува Би-би-си.  Силните поплави пукнале две брани во источниот крајбрежен град и со земја срамниле домови. Улиците се покриени со кал, урнатини и превртени возила. Меѓународната организација за миграција соопшти дека смртоносните поплави што ја погодија источна Либија раселиле повеќе од 30.000 луѓе. Агенцијата на ОН соопшти дека најмалку 30.000...

Големите поплави и пукањето на брани во Либија однесоа над 2.000 човечки животи

Медитеранската бура „Даниел“ предизвика катаклизмични поплави во Либија и пукање на брана, а се стравува дека досега животите ги загубиле над 2.000 луѓе. Однесени од пороите биле цели населби во повеќе крајбрежни гратчиња на истокот на земјата, јави Асошиејтид Прес. Најголемо опустошување се случило во Дерна, градот со кој претходно управуваа исламските екстремисти во судирите и граѓанската војна што се...

ЕУ: Руските напади врз цивили се воени злосторства, ќе одговараат сите команданти, извршители и соучесници

ЕУ силно ги осудува руските напади врз цивили и цивилна инфраструктура во Украина и ја повикува Русија веднаш да престане со својата нехумана и незаконска агресија, соопшти Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС). Од ЕЕАС потсетуваат на, како што велат, грозоморниот ракетен напад што се случи вчера на пазар во Костјантинивка во регионот Донецк, кога загинаа најмалку 16 лица, меѓу...

Жестоки напади изминатово деноноќие во Украина, повредени се цивили

Во текот на изминатите 24 часа, во Украина се случиле 30 вооружени судири меѓу руските агресорски сили и украинската одбрана. Непријателот извршил и повеќе воздушни напади, меѓу другото и со дронови, па има повредени цивили, јавува украинската државна новинска агенција Ukrinform.net. Украинското воено воздухопловство извршило девет воздушни напади врз руска жива сила, складови со муниција и воена опрема, а дополнително...

Двајца загинати и петмина повредени во рускиот напад на регионот Полтава

Во рускиот ракетен напад врз селото Гогољево во областа Полтава, загинаа две лица, а пет се повредени, соопшти денес шефот на Кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак, пренесе Укринформ. „Четири крстосувачки ракети беа истрелани од непријателска фрегата од Црното Море во близина на Феодосија. Исто така, двe крстисувачки ракети Кс-59 беа истрелани од два авиони Су-34 во правец на...

Тројца американски маринци загинаа во хеликоптерска несреќа во Австралија

Тројца американски маринци загинаа, а 20 се повредени откако воен хеликоптер се урна за време на вежби во Австралија. Хеликоптерот „МВ-22Б Оспреј“ паднал додека летал кон оддалечените острови Тиви северно од суверената територија Дарвин. Инцидентот се случил на островот Мелвил северно од главниот град на територијата. За петмина од маринците се вели дека се во тешка состојба, пренесува Би-би-си. Тие учествувале на...

Украина напредува на исток, московски аеродроми со ограничени летови поради напади со дронови

Украинските сили ги одбиваат руските напади и зазедоа неколку квадратни километри на источниот фронт во текот на изминатата недела, изјави утрово заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малиар, а пренесува Гардијан. Малиар рече дека украинските сили напредуваат јужно од Бахмут – градот окупиран од руските сили во мај по крвава повеќемесечна борба. Заменик-министерката тврди дека во текот на минатата седмица...

Украинските сили напредуваат, руските единици повторно напаѓаа цивилни цели

Во текот на изминатото деноноќие во Украина се воделе 20 битки меѓу украинските одбранбени сили и руските инвазиски сили, а офанзивата на вооружените сили на Украина на југот на земјата продолжува, соопшти утрово Генералштабот, пренесува украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Одбранбените сили на Украина продолжуваат со офанзивата кај Мелитопол и Берѓанск, при што успешно ги задржуваат освоените територии и успешно...

Досега утврдени 80 смртни случаи од пожарите на Хаваи, луѓе биле спасувани од океанот

Големите шумски пожари на Мауи, еден од четирите големи острови на хавајскиот архипелаг, досега одзеле најмалку 80 човечки животи, но стравувањата се дека бројката може драстично да порасне, бидејќи не може да се воспостави контакт со стотици други лица. Пожарникарите се бореа и се борат со огнената стихија во неколку области, вклучително и историски значајниот град Лахаина, којшто е...

Бројката на жртви од пожарите на Хаваи се искачи на 67 лица

Во големите шумски пожари што го опфатија хавајскиот остров Мауи досега загинале 67 луѓе, но се очекува бројката да расте, јави Си-ен-ен. Гувернерот на сојузната држава Хаваи Џош Грин рече оти се очекува дека траурната бројка ќе расте. Тој објасни дека најголемиот дел од загинатите ги загубиле животите на отворено, а не во нивните домови. На жителите на најтешко погодениот град,...

Најмалку 41 мигрант загинаа во бродска несреќа во Италија

Четириесет и еден мигрант загина во бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза, изјавиле преживеани од катастрофата за локалните медиуми, а пренесе Би-би-си. Четворицата преживеани им кажале на спасувачите дека биле на брод кој тргнал од Сфакс во Тунис и потонал на пат кон Италија. Преживеаните, по потекло од Брегот на Слоновата Коска и Гвинеја, стигнале до Лампедуза денеска. Станува збор...

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...