fbpx

Не е точно дека Западот никогаш не се грижел за Украина

Лидерите на ЕУ бараа во неколку наврати Русија да го прекине огнот, да ги повлече воените сили и воената опрема од Украина и да го почитува целосно територијалниот интегритет и суверенитет и независност на Украина. ЕУ го нагласува правото на Украина да избере своја судбина и им честита на луѓето во Украина за нивната храброст во бранењето на својата држава

-

Украинците не се испраќаат на фронтот за да умираат, туку за да го бранат територијалниот интегритет на својата земја. Украина не бараше војна, туку е принудена да се брани од рускиот агресор. Не е вистина дека Западот никогаш не се грижел за Украина. Западните земји постојано ѝ испраќаат помош на Украина, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Анализираме објава на Фејсбук која изнесува неколку манипулативни и неточни тврдења во врска со војната во Украина.

Зеленски:

“Без финансиска помош од Западот Украина нема да може да исплаќа пензии. Не барам сожалување, но без пензии старите едноставно ќе умрат”.

И сега така:

Секој работоспособен (освен тој што има да плати) е испратен да умре на фронтот, а пензионерите се осудени на глад.

Западот никогаш не се грижел за Украина и нејзиниот народ.

Украинците беа искористени на најодвратен начин, со единствена цел да и нанесат штета на Русија.

  Успешна пропаганда си ја заврши работата и Украинците паднаа во стапицата. Сега е предоцна, стои во објавата.

Објавата тврди дека секој работоспособен Украинец бил испратен да умре на фронтот. Ова е манипулативно тврдење, имајќи предвид дека Украина не бараше, ниту пак, посакуваше војна. Украина беше нападната од Русија и нормално е да се брани од агресорот. Украина војува за да се ослободи, односно ја брани својата независност, а Русија војува за да приграби што повеќе украински територии. Ако Русија престане да војува и ги повлече своите војници, војната едноставно ќе запре. Украинците коишто се пратени на фронтот не се пратени за да умираат, туку за да го бранат територијалниот интегритет на својата земја. А, кога има војна, има и жртви. Во случајов, жртви има и на украинска и на руска страна.

Бројот на загинати војници е тешко да се утврди, двете страни не ги откриваат овие податоци. За Русија, државна тајна е бројот на загинати од руската страна, а откривањето на таа бројка се казнува со 7 години затворска казна. За бројот на жртвите и повредените во војната не постои потврда ниту од страна на украинската влада, украинскиот претседател, украинското Министерство за одбрана или која било друга официјална институција на Украина. Секоја изјава на оваа тема, може да биде или шпекулација или во најдобар случај проценка, меѓутоа официјално не е обелоденета фактичка бројка за нејзините загуби.

Понатаму, објавата тврди дека Западот никогаш не се грижел за Украина и нејзиниот народ. Ова е лажно тврдење.

Западните земји постојано ја помагаат Украина, парично, воено и хуманитарно. Вистиномер веќе пишуваше на оваа тема во септември минатата година. Според податоците што ги објави Ал Џезира во април 2023 година, повикувајќи се на Килскиот институт за светска економија, германски тинк-тенк, западните сојузници вложиле најмалку 75,2 милијарди евра (80,5 милијарди долари) финансиска, хуманитарна и воена помош во периодот од 24 јануари до 20 ноември 2022 година.

Со 47,8 милијарди евра (51,2 милијарди долари) во обврски, САД се најголемиот помагач на Украина, со најмалку 22,9 милијарди евра (24,5 милијарди долари) наменети за воени цели, 15,05 милијарди евра (16,1 милијарди долари) финансиска помош и 9,9 милијарди евра (10,6 милијарди долари) во хуманитарна помош.

Инаку, 80,5 милијарди долари (колку што вреди помошта на западните сојузници за Украина во 2022 година) претставува само 0,19 отсто од комбинраниот бруто домашен производ (БДП) на САД и ЕУ (42,1 илјади милијарди долари). И покрај ваквата мала помош Украина успева да го задржи продорот на руските сили, па дури и да премине во контраофанзива. Може само да се замисли што би се случило кога западните сојузници би доделиле помош од 3 отсто од нивниот БДП, на пример, или 1,263 билиони (илјади милијарди) долари.

Воената помош, ваква каква што е сега, вклучува оружје, опрема и финансиска помош за украинската војска. Хуманитарната помош опфаќа медицински, прехранбени и други производи за цивилите, додека финансиската помош доаѓа во форма на грантови, заеми и гаранции.

За тоа колку помош западните земји ѝ испраќаат на Украина, може да се следи на официјалната веб- страница на Килскиот институт за светска економија.

Кога се фокусираат на посветената воена помош, земјите на ЕУ продолжуваат да го стигнуваат чекорот и сега ги надминаа САД, особено Германија и нордиските земји (Данска, Норвешка, Шведска и Финска) наменија значителна нова помош во изминатите месеци. Од вкупните 25 милијарди обврски за тешко оружје (јан. 2022 – октомври 2023), на САД отпаѓаат 43 отсто од вкупната вредност, додека сите земји и институции на ЕУ заедно сочинуваат 47 отсто. САД остануваат најголемиот воен донатор, со вкупни обврски од 44 милијарди евра. Но, Германија брзо стигнува, со вкупните воени обврски сега надминуваат 17 милијарди евра, пишува Килскиот институт.

Според објавените податоци на Институтот, во периодот од 24 јануари 2022 година до 31 октомври 2023 година, од вкупно 42 донатори, најмногу воена, хуманитарна и финансиска помош за Украина донирала Европската Унија, а по неа следат САД, Германија, Велика Британија и Норвешка. Европската Унија најмногу донирала финансиска помош, а САД воена.

Тврдењето дека „Украинците биле искористени на најодвратен начин, со единствена цел да ѝ нанесат штета на Русија“, е исто така неточно тврдење кое се вклопува во пропагандата на Кремљ.

На дневна основа граѓаните на Русија се бомбардирани со пропаганда дека НАТО и САД, како и Западот, ѝ се закануваат на Русија и дека НАТО ја турнал Украина во конфликт.

Кога американскиот претседател Џо Бајден на 11 март 2022 година ги објави санкциите за Русија поради нејзината инвазија врз Украина, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е агресорот.

Путин е агресор. И Путин мора да плати цена. Не може да почнува војна како што прави, која е закана за најголемите темели на меѓународниот мир и стабилност и потоа да бара финансиска помош од меѓународната заедница, рече Бајден. 

НАТО јавно ја осудува со најсилна реторика руската брутална и неиспровоцирана воена агресија против Украина, која е независна, мирољубива и демократска држава и близок НАТО партнер. НАТО и земјите членки продолжуваат да ја поддржуваат Украина да го одржи своето основно право на самоодбрана.

Дејствијата на НАТО се дефанзивни, дизајнирани не за да испровоцираат конфликт, туку да го превенираат. Алијансата има одговорност да обезбеди дека оваа војна нема да ескалира и да се прошири надвор од Украина, што би било уште поопасно и уште поразорно, пишува на сајтот на НАТО.

Од НАТО го осудија и таканаречениот референдум за присвојување на украински региони кон Русија.

Територијални присвојувања како резултат од закана или употреба на сила, нема да се признаат за легални. Сојузниците никогаш нема да го признаат нелегитимното присвојување на Крим. Лажните референдуми во Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон не се легитимни и се брутално кршење на Повелбата на ОН. НАТО сојузниците нема да ги признаат. Оваа територија е на Украина. Ги повикуваме сите држави да ги одбијат обидите на Русија за освојување териториивелат од НАТО.

Западот пружа поддршка за украинската независност, суверенитет и територијален интегритет во рамките на меѓународно признатите украински граници и се залага за правото на Украина на самоодбрана.

Лидерите на ЕУ бараа во неколку наврати Русија да го прекине огнот, да ги повлече воените сили и воената опрема од Украина и да го почитува целосно територијалниот интегритет и суверенитет и независност на Украина. ЕУ го нагласува правото на Украина да избере своја судбина и им честита на луѓето во Украина за нивната храброст во бранењето на својата држава.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата што ја анализираме изнесува низа неточни и манипулативни тврдења. Украинците не се испраќаат на фронтот за да умираат, туку за да го бранат територијалниот интегритет на својата земја. Украина не бараше војна, туку е принудена да се брани од рускиот агресор. Дезинформација е дека Западот никогаш не се грижел за Украина. Западните земји постојано ѝ испраќаат помош на Украина, финансиска, хуманитарна и воена, за што има јавно објавени податоци.

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...