fbpx

Три бебиња жртви на рускиот напад со дрон во Одеса, прогласен е ден на жалост

Андриј Костин, генерален обвинител на Украина истакна дека во близина нема воен објект, нарекувајќи го нападот намерно таргетирање на цивили

-

Бројот на загинати во напад на рускo беспилотно летало врз станбен блок во украинскиот град Одеса се искачи на десет, откако телото на третото дете беше извлечено од урнатините, соопштија денеска властите, пренесе Си-Ен-Ен.

„Телото на друго бебе штотуку е пронајдено покрај телото на жена. Се верува дека детето е помалку од една година“, напиша Олех Кипер, началникот на регионалната воена управа на Одеса на Телеграм.

Вчера во урнатините беа пронајдени и телата на мајка и нејзиното четиримесечно бебе, соопштија властите.

Сестрата на загинатата мајка за Си-Ен-Ен изјавува дека таа се викала Ана и дека била во нејзината спална соба на вториот кат од нејзината станбена зграда кога се случил нападот.

„Нејзиниот сопруг и ќерка го преживеаја нападот со дрон“, изјави нејзината сестра за Си-Ен-Ен.

Според саботното дневно обраќање на украинскиот претседател Володимир Зеленски, убиено е и дете по име Марк – тој имал две години, а денеска требало да наполни три години.

Нападот ја остави предната фасада на станбениот блок во урнатини.

Андриј Костин, генерален обвинител на Украина истакна дека во близина нема воен објект, нарекувајќи го нападот намерно таргетирање на цивили.

Денеска е прогласен ден на жалост во Одеса, соопшти градската управа.

Зеленски рече дека нападот ја покажува потребата за дополнително зајакнување на капацитетите за воздушна одбрана на земјата.

„Едно од непријателските дронови погоди станбена зграда во Одеса. Уништени се 18 станови“, изјави во саботата украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...