fbpx

Пендаровски и Силјановска ги собраа потписите за претседателска кандидатура

Засега освен Пендаровски и Силјановска Давкова, потписи за претседателска кандидатура собраа и Бујар Османи од ДУИ, Арбен Таравари од Европски сојуз на промени, Максим Димитриевски од ЗНАМ, Билјана Ванковска како кандидат на Левица и Стевче Јакимовски од ГРОМ

-

Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова ги собраа потребните 10.000 потписи за кандидатура за претседател на претстојните избори.

„Во рекордно време, за неполни пет часа, собрани се 10 000 граѓански потписи за поддршка на кандидатурата за втор мандат на претседателот Стево Пендаровски“, изјавија од кабинетот на Пендаровски.

Оттаму велат дека собирањето на потписите започнало денеска, 3 март во 08.00 часот на територијата на целата држава и за неполни пет часа биле собрани 10.000 потписи од граѓаните кои се потребни за поддршка на кандидатурата за претседател.

Пендаровски попладнево на конгресот на СДСМ ќе ја официјализира својата кандидатура за втор мандат, а Силјановска Давкова вчера беше и официјално избрана за кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, откако доби 444 делегатски гласа на Конвенцијата на најголемата опозициска партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ информираа дека Гордана Силјановска-Давкова, до 12 часот денеска собрала над 15.000 граѓански потписи за потврда на кандидатурата.

Засега освен Пендаровски и Силјановска Давкова, потписи за претседателска кандидатура собраа и Бујар Османи од ДУИ, Арбен Таравари од Европски сојуз на промени, Максим Димитриевски од ЗНАМ, Билјана Ванковска како кандидат на Левица и Стевче Јакимовски од ГРОМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...