fbpx

Рот му порача на Вучиќ: Вие не сте Србија, претседателе

Инаку, Собранието на Белград не беше конституирано на 3 март, бидејќи не беа исполнети законските услови, па во главниот град на Србија повторно ќе се одржат избори

-

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг, Михаел Рот, ја критикуваше политиката на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој на вчерашната прес-конференција го нарече „србомразец“.

Рот на социјалната мрежа „Х“ објави дел од говорот од прес-конференцијата на Вучиќ и му одговори дека изјавата „Јас сум државата“ повеќе не важи во Европската Унија.

“L’état c’est moi!” Ова одамна не важи во ЕУ. Вие не сте Србија, претседателе Вучиќ! Те критикувам тебе, твоето пријателство со Русија и авторитарната политика. Од друга страна, го сакам српскиот народ. Тоа што го набројав се најголемите пречки за влез на вашата земја во ЕУ“, напиша претседателот на Комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг.

Претходно, претседателот Вучиќ се осврна на дебатата што на социјалната мрежа „X“ започна со одговорот на премиерката Ана Брнабиќ на оценката на Рот дека изборите во Србија не биле ниту фер ниту слободни.

„Замислете Ана Брнабиќ да се осмели да му одговори на Рот. Нека игра со други држави, нема да игра со Србија. Тој не е џентлмен, добро го познавам, најголемиот србомразец во Германија“, ѝ рекол Вучиќ на премиерката, која седела во првиот ред, додавајќи дека „следниот пат треба да одговори три пати потешко“.

Инаку, во Конечниот изборен извештај објавен пред десетина дена, невладината организација ЦРТА наведува дека бришењето на границите меѓу државата и партијата се „претворило во ситуација во која државниот апарат делувал како алатка за спроведување на кампањата на српската Прогресивна партија.

„Користењето на државата за партиски интереси се манифестираше во широк опсег – од вонредни буџетски дотации до вклучување на државните институции во ширење говор на омраза и оцрнување на опозицијата. За интензитетот на злоупотребата на функцијата претседател на републиката говори и фактот што дури 60 отсто од граѓаните мислеа дека Александар Вучиќ е кандидат на овие избори, а речиси четвртина од граѓаните грешат дека претседателските избори се во тек“, се наведува во извештајот на ЦРТА.

Собранието на Белград не беше конституирано на 3 март, бидејќи не беа исполнети законските услови, па повторно ќе се одржат избори во главниот град на Србија.

Тома Фила од Социјалистичката партија на Србија како најстар советник кој ја водеше седницата, изјави дека во салата нема кворум – односно дека советниците не се појавиле.

„Ве информирам дека по изборите не беа исполнети условите пропишани со Законот за локална самоуправа за конституирање на Градското собрание. Ви благодарам на сите, значи останува да се случи она што го кажав – избори“, рече Фила.

Ова беше трет обид за формирање на Собранието на градот Белград.

На изборите на 17 декември ниту една листа или партија не освои доволно гласови за да формира власт во Белград.

„Денеска е посебен ден за сите белграѓани и за мене лично, кога по 10 години СНС веќе не може да формира влада во Белград“, изјави Владимир Обрадовиќ, кандидат за градоначалник на Белград од листата на „Србија против насилството“.

„Граѓаните и покрај огромната кражба им рекоа дека повеќе не ги сакаат. Мене лично ми беше чест да бидам кандидат за градоначалник на листата Србија против насилството за која гласаа 325.000 граѓани. Им благодарам на нив, но и на сите што гласаа дека СНС повеќе не го уништува овој град“, додаде тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...