сабота, 6 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Александар Вучиќ | 184 резултати

СДСМ: Европската централна банка ѝ забрани на српска Алта банка да купи удели во австриската Адико банка

декември 12, 2025

Од партискиот антикорупциски тим тврдат дека со купувањето на македонската „Стопанска банка - Битола“ „банкарот на Вучиќ станал банкар и на Мицкоски“ и дека зделката, која се случи пред два месеца, е одобрена од гувернерот на Народната банка, Трајко Славески

Вучиќ ѝ даде рок од 50 дена на Русија да ја продаде НИС

ноември 25, 2025

Кога ќе истечат тие 50 дена, а Русите не го продадат нивниот мнозински удел во НИС, Србија ќе воведе принудна управа, а на „руските пријатели“ ќе им ја понуди највисоката цена за откуп на уделот, најави Вучиќ

Вучиќ вели дека три дена српските служби бркаат двајца снајперисти низ Белград

ноември 4, 2025

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вели дека српските служби веќе три дена залудно трагаат по двајца снајперисти кои, според него, се наоѓаат во Белград, но не посочи кој би можел да биде нивната мета. Ова Вучиќ го кажа во интервју за српската ТВ Прва, каде исто така обвини поединечни државни обвинители дека се криминалци и […]

Изгаснат е пожарот во шаторот во „Ќациленд“

октомври 22, 2025

Утрово нешто по 10 часот избувна пожар во т.н. „Ќацленд“, шаторот поставен пред Собранието на Србија на „Студентите кои сакаат да учат“, при што се слушнале и пукотници, а една личност била уапсена, јавува Н1. Според информациите од Бразата помош, пријавата првично била поднесена поради експлозија во еден од шаторите. Медицинските екипи на местото на […]

Фон дер Лајен по средбата со Вучиќ: Ставот на ЕУ е слобода, а не репресија, вклучително и правото на мирно собирање

октомври 15, 2025

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на заедничка конференција со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека ставот на Европската Унија подразбира слобода, а не репресија, вклучително и правото на мирно собирање. „Ние се залагаме за партнерство, а не за покорност“, додаде таа. Како што рече претседателката на ЕК, Србија го направи изборот […]

Стејт департмент: Санкциите за НИС се шанса Србија да постигне поголема енергетска независност

октомври 10, 2025

Американскиот Стејт департмент оцени дека санкциите кон Нафтената индустрија на Србија (НИС), кои вчера стапија на сила, се можност за Србија да се оттргне од руското влијание и да постигне поголема енергетска независност. „Во духот на соработката со Србија, ја одложивме примената на санкциите речиси девет месеци. Одржуваме блиски контакти со нашите српски партнери во […]

Вучиќ иронично по барањето Хрватска да ја купи НИС: Ќе понудиме 50 отсто повеќе од секој друг за ХЕП

октомври 9, 2025

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија е подготвена да понуди и до 50 отсто повеќе пари од било кој друг купувач за хрватското државно електростопанство (ХЕП). Изјавата доаѓа како одговор на најавата од хрватскиот министер за енергетика, Анте Шушњар, дека Хрватска би можела да влезе во сопственичката структура на Нафтната индустрија на Србија […]

Парадата „Сила на единството“ во Белград ја покажа војската, но и ги подели граѓаните

септември 20, 2025

Воената парада „Сила на единството“, што денеска се одржа на Нов Белград, ги покажа најновите воени капацитети на Србија, но и предизвика остри реакции поради ограничениот пристап за дел од граѓаните и обвинувања за политичка инструментализација, објави ТВ Н1. Иако српските власти порачаа дека парадата е наменета за целата јавност, граѓани од Белград, вклучително и […]

Вучиќ не разбира што е демократија, Марта Кос одговори на навредите од српскиот претседател

септември 9, 2025

Еврокомесарот Марта Кос остро реагираше на навредите што српскиот претседател Александар Вучиќ ги упати до членовите на Европскиот парламент, кои се појавија на протестот во Нови Сад во петокот. Таа рече дека ваквите напади откриваат сомнително разбирање на демократијата и јасно стави до знаење дека Србија со вакви потези дополнително го урива својот меѓународен углед. […]

Академски пленум: Смената во САЈ и насилството во Нови Сад се вовед во поголема репресија во Србија

септември 8, 2025

Академскиот пленум реагираше на последните случувања во Србија, оценувајќи дека смената на раководството на Специјалната антитерористичка единица (САЈ), како и полициското насилство и произволни апсења на 1 и 5 септември 2025 година во Нови Сад, претставуваат вовед во уште поголема и побрутална репресија врз студентите и граѓаните. Во соопштението се наведува дека сите кои не […]

Вучиќ се сретна со претседателот на Кина Си Џинпинг: „Челични Пријатели“

септември 4, 2025

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изрази благодарност на претседателот на Кина, Си Џинпинг, за неговиот топол прием во Пекинг и поддршката што Кина континуирано ѝ ја дава на Србија, со порака дека двете земји се „челични пријатели“, пренесува Н1. „Ја гледаме Кина како искрен и сигурен партнер, а претседателот Си беше со нас кога ни […]

Текстот на „Гардијан“ за протестите во Србија доби и одговор од Вучиќ, но беше објавен во делот „писма од читатели“

септември 1, 2025

Британскиот дневен весник „Гардијан“ го објави ставот на српскиот претседател Александар Вучиќ како реакција на нивната статија, но неговото писмо не беше третирано како официјална колумна или одговор, туку беше сместено во делот „писма од читатели“. Одговорот на Вучиќ беше објавен во викенд-изданието на седмата страница, покрај писма на други читатели за теми како блек […]

Контроверза во Србија: Дали Вучиќ се обидел да ги потопи медиумите на „Јунајтед Груп“?

август 30, 2025

Огромна медиумска контроверза и цунами од реакции ја зафатија соседна Србија, откако истражувачките медиуми „Крик“ и OCCRP објавија телефонски разговор за кој тврдат дека е доказ за заговор за ослабнување на критичките српски медиуми на групацијата „Јунајтед Груп“, меѓу кои и познатата телевизија „N1“. А во телефонскиот разговор се споменува дека наводно промената на директорката на „Јунајтед Груп“ ја […]

Јунајтед груп го потврди разговорот меѓу Милер и Лучиќ, но вели дека е нелегално снимена приватна комуникација

август 29, 2025

„Јунајтед груп“ денеска потврди дека се случил разговорот меѓу нивниот извршен директор Стен Милер и извршниот директор на „Телеком Србија“, Владимир Лучиќ, наведувајќи дека станува збор за деловен разговор. Тие исто така истакнуваат дека го осудуваат секое нелегално снимање на приватни разговори, како што велат дека е случајот овде, објави ТВ Н1. „Претходно оваа година, […]

Академски пленум: Вучиќ прави здружение на професори, ќе биде финансирано од буџетот

август 29, 2025

Во научно-технолошкиот парк во Нови Сад, денеска ќе биде формирано здружение „Професори 2.0“, под маска на „Институт за академско делување“ и под раководство на Патрик Дрид, првиот декан кој повика полиција да интервенира против своите студенти, предупредуваат од српскиот академски пленум. Како што велат оттаму, власта одлучила да формира граѓанско здружение кое ќе биде претставено […]

Директорот на Телеком Србија најави кривични пријави против медиумите кои ја објавија снимката од разговорот со Милер

август 29, 2025

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, никогаш не побарал смена на Александра Суботиќ ниту на кого било од компаниите Јунајтед груп или Јунајтед медиа, соопшти директорот на Телеком Србија, Владимир Лучиќ, а пренесе ТВ Н1. „Новиот директор на Јунајтед груп, Стен Милер, го познавам скоро два месеца и не се тајна разговорите како партнери кои учествуваа […]

Транскрипт од разговорот меѓу директорите на Јунајтед груп и Телеком Србија: „Морам таа компанија да ја направам многу мала во Србија“

август 28, 2025

Проектот за истражување на организиран криминал и корупција (ОЦЦРП) објави аудио снимка од наводен телефонски разговор меѓу директорот на Јунајтед груп, Стен Милер, и директорот на Телеком Србија, Владимир Лучиќ, во кој тие се чини дека зборуваат за смената на Александра Суботиќ, извршна директорка на Јунајтед медија, во чии рамки работи и телевизијата Н1, но […]

Српска Алта Груп побара запирање на постапката за преземање на Стопанска банка Битола

август 26, 2025

Македонската Комисија за хартии од вредност (КХВ) ја запре постапката во која српската компанија Алта Груп требаше да ја преземе Стопанска банка Битола. Постапката, според КХВ, е запрена по барање на српската фирма поради промена на преземачот во рамки на групацијата. Во кратката ценовно чувствителна информација објавена на Македонската берза, се вели дека Алта Груп […]

Вучиќ сака да тера правда кај соседите, но не и во својата земја

август 20, 2025

Иако родителите и роднините на жртвите од пожарот во кочанската дискотека се под комбиниран притисок преку закани и ветувања, сепак не е вистина дека не го слушаме зборот правда во земја којашто е четири пати помала од земјата на српскиот претседател Вучиќ. Обвинението во врска со пожарот во Кочани е во фаза на оцена на […]

Академскиот пленум на Србија го обвинува Вучиќ за поттикнување граѓански насилства за да избегне избори

август 15, 2025

Академскиот пленум на Србија остро го осуди насилството врз студенти и граѓани што, според нив, го извршиле приврзаници и платеници на владејачката Српска напредна странка (СНС), како и бруталните интервенции на полицијата во повеќе градови, меѓу кои Нови Сад, Белград, Ваљево, Врбас, Ниш и Бачка Паланка. Во соопштението се наведува дека претседателот на Србија, Александар […]

Страна 1 од 9