fbpx

ЕВБ: Вучиќ украл страница од книгата на Груевски – двајцата се теретат за миграција на гласачи

Јуропеан Вестерн Балканс (European Western Balkans - EWB) во својата анализа прави паралела меѓу изборите во Србија и во Македонија, кога на премиерското место беше Никола Груевски, а во таканаречените „бомби“ можеше јасно да се слушне како се прави „миграција на гласачите“, нешто што се случи и на изборите во соседна Србија на 17 декември

-

По изборите на 17 декември, опозицијата во Србија ја обвини владејачката партија за организирана регистрација на гласачите кои вообичаено не живеат во Белград за да гласаат на локалните избори во градот. Слични обвинувања, со протечени аудиоснимки своевремено беа упатени и против поранешниот премиер на Северна Македонија, Никола Груевски, пишува Serbia Elects, а пренесува Јуропеан Вестерн Балканс (European Western Balkans – EWB).

Опозицијата од коалицијата „Србија против насилството“ и пред 17 декември изнесе тврдења дека во Белград се регистрираат „фантомски гласачи“, што претставниците на власта ги демантираа, пишува EWB.

На денот на изборите, на социјалните мрежи нашироко беа споделувани видеа од организираниот превоз на гласачи.

По изборите, домашниот набљудувач ЦРТА објави извештај во кој се документирани неколку форми на докази дека навистина се случила организирана миграција на гласачите. Точниот број останува неутврден поради недостиг на дополнителни информации. Опозициските партии и нивните правни тимови, исто така, почнаа да објавуваат различни документи за кои тврдат дека ја докажуваат илегалната миграција.

Наводите се особено актуелни во Белград, каде што маргината на победа на листата поднесена од владејачката партија беше помала од 5 отсто. Опозицијата тврди дека српските државјани кои живеат во други области, вклучително и во регионот, биле транспортирани да гласаат на локалните избори.

Српските власти, пак, како што пренесува EBW, тврдат дека не е направен прекршок. Министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ, за време на неговото гостување на РТС вчера, рече дека секое зголемување на бројот на гласачи во Белград може да се припише на легитимните економски миграции.

„Кога барате алиби за вашата загуба, велите дека сите се одговорни освен вас“, рече Гашиќ коментирајќи ги наводите на опозицијата.

Обвинувањата – слика на ситуацијата со Груевски во Македонија

За овој процес на „миграција на гласачи“, се прави паралела со владеењето на Никола Груевски. Македонскиот премиер од 2006 до 2016 година, се соочи со истите обвинувања додека беше на функцијата, пишува EWB.

Очигледната миграција на гласачите организирана од партијата ВМРО-ДПМНЕ, која беше на власт во тоа време, беше прикажана на снимка која тогаш опозициската СДСМ ја објави на почетокот на 2015 година.

Снимките од телефонски разговори во кои се слушаа гласовите на членови на владејачката партија, таканаречените „бомби“, предизвикаа политичка криза во Македонија која на крајот доведе до промена на власта. На 6 март 2015 година беше објавено видео кое содржи докази за организирана миграција на гласачите, пишува EBW.

Во еден од разговорите тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска зборува за акција во која ВМРО-ДПМНЕ со автобуси превезува етнички Македонци од преспанскиот регион на соседна Албанија. Издавани им се лични карти и привремено се сместуваат на адреси во Македонија, до денот на изборите, кога со придружба до гласачките места одат да гласаат за владејачката партија.

EBW потсетува и на текст на Балкан инсајт кој тогаш објави дека во стан од 40 квадрати биле пријавени 50 лица.

Наводи за потполно истата практика сега се искажуваат и од српската опозиција. Лидерот на Партијата за слобода и правда, Драган Ѓилас, вчера изјави дека во Белград, каде што се наоѓа напуштена куќа, се регистрирани дека живеат 53 луѓе.

Во телефонски повик објавен од македонската опозиција во 2015 година се прикажува наводен разговор меѓу премиерот Груевски и министерот за транспорт Миле Јанакиески за време на локалните избори во 2013 година.

Откако Јанакиески објавува дека владејачката партија заостанува зад опозицијата во скопската општина Центар, Груевски вели: „Да ги имавме овие Преспа сега, [Преспанците во Албанија] ќе ја завршевме работата“, пишува Балкан инсајт.

Опозицијата во Србија сега ја обвинува владејачката СНС дека организира миграција на гласачите со цел да ги промени резултатите од локалните избори во главниот град.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Народната банка додели награди на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството

Народната банка, на денот на монетарната независност, 26 април, ја одржа годишната свеченост за доделување на наградата на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството. Овогодинешниот победник беше Никита...