fbpx

Вучиќ прогласи победа на локалните избори во Србија, опозицијата на протест во Нови Сад

Во меѓувреме во тек се протести на новосадската опозиција Обединети за слободен Нови Сад пред Новосадскио саем, каде тие ги објавија своите прелиминарни изборни резултати

-

Српскиот претседател Александар Вучиќ прогласи победа на Српската напредна странка на локалните избори, објави ТВ Н1.

„Имавме мнозинство во Белград и по декемвриските избори, но сметавме дека тоа не е доволен легитимитет бидејќи некои не сакаа коалиција со нас. Сега наместо 54 мандати ќе имаме 62-63“, рече Вучиќ.

„Во Белград нашата листа ќе има 52 отсто, што е неверојатна победа, неверојатна е победата и во Нови Сад и сакам да му честитам на професорот Туркулов за таквата победа во Нови Сад, 45 мандати, речиси 53 проценти од гласовите да се добие во Нови Сад“, додаде претседателот на Србија.

Што се однесува до резултатите во белградските општини, Вучиќ рече дека во две се интересни резултатите, а во другите ќе имаат мнозинство.
„Го броиме Врачар, но убедлива победа е сигурна“, рече тој. Тој истакна дека тоа е особено важно бидејќи „во Нови Сад сите излегоа заедно“.

„Во Ниш, како што очекувавме, беше најтешко, ќе биде 32-29, но во Ниш мој предлог е да разговараме и да видиме како и на кој начин да се решаваат проблемите во иднина, бидејќи една група граѓани добија 23 проценти, тоа е огромен број гласови и тоа не смееме да го потцениме“, рече Вучиќ.

Спомна и успеси во Војводина.

Во меѓувреме во тек се протести на новосадската опозиција Обединети за слободен Нови Сад пред Новосадскио саем, каде тие ги објавија своите прелиминарни изборни резултати.

Според нивните резултати од три избирачки места, излезноста е 55,1 отсто. На избирачкото место во Подбара СНС освои 375, Здружената опозиција 382. На Телеп 340 Обединета опозиција, 311 СНС. Гласачко место број 100, СНС 217, Здружена опозиција 227, Бачулов 25, Крени Промени 105.

Саемот е логистички центар за броење гласови. Граѓаните се собрани пред Новосадскиот саем, а внатре се распоредени припадници на полицијата. Во просториите на Саемот има центар за броење гласови, но изутрината имаше и кол-центар на СНС, во кој претежно беа млади луѓе, кој беше распуштен откако таму дојдоа опозициските активисти.

Инцидент во Новосадскиот саем за време на изборите во Србија, откриен „кол центар“ на СНС?

ИзворТВ Н1

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двајца полицајци се сомничат дека примиле поткуп за да не констатираат сообраќаен прекршок

МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на...