fbpx

Зетот на Виктор Орбан купи 11 деловни згради во Нов Белград

Според соопштението до медиумите од консултантската компанија за недвижности ЦБРЕ СЕЕ, со продажбата биле опфатени 11 објекти од премиум класа на површина поголема од 122.000 метри квадратни во пет деловни паркови во Белград

-

Диофа фанд менаџмент купилa 11 деловни објекти од премиум класа во Белград, при што овој фонд е дел од групацијата кога ја предводи зетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, пишува Форбс Србија. Станува збор за згради кои се лоцирани во Нов Белград.

Според соопштението до медиумите од консултантската компанија за недвижности ЦБРЕ СЕЕ, со продажбата биле опфатени 11 објекти од премиум класа на површина поголема од 122.000 метри квадратни во пет деловни паркови во Белград: Green Heart, FortyOne, Belgrade Business Center, 19 Avenue и деловната зграда House.

Урош Грујиќ, директор на одделението за инвестиции во недвижности за пазарот на Југоисточна Европа во ЦБРЕ во соопштението наведува:

„Во прашање е најголемата поединечна трансакција како во Србија, така и на пазарот на Југоисточна Европа, а особено ми е драго што по втор пат бевме советници во трансакцијата на ова импресивно портфолио на деловни објекти, со што го позициониравме ЦБРЕ како апсолутен лидер во областа на советувањето на полето на пазарот на капитал. Оваа инструментална трансакција уште еднаш покажа дека нашиот пазар и понатаму е атрактивен и ликвиден, укажувајќи на потенцијалот за понатамошен раст на инвестициониот пазар“.

Диофа фондот се наведува дека е дел од БДПСТ групата која ја предводи Иштван Тиборц, зет на унгарскиот премиер Виктор Орбан. На сајтот на групата се наведува дека во 2022 година влегле во логистичкиот сектор преку компанијата Ваберерс. Таа компанија пак во октомври лани објавила дека го презела мнозинскиот удел во српскиот дистрибутер МД Интернешнл.

Според претходните известувања на медиумите, Диофа го постигнала договорот за купување на деловните згради пред неколку месеци со Индотек групата, која претходно тоa портфолио го купила од ГТЦ. Индотек е исто така унгарска компанија. Унгарските медиуми соопштија дека основачот на Индотек Даниел Јелинек и Иштван Тиборц имаат деловна соработка со години наназад.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За една година, бројот на случаи на морбили во светот речиси се удвоил

Бројот на случаи на мали сипаници ширум светот речиси се удвоил од 2022 до 2023 година, покажува ново истражување, што претставува предизвик за напорите за елиминација во многу земји,...