fbpx
Таг: Александар Вучиќ

таг: Александар Вучиќ

Борел бара од Вучиќ да ги ослободи тројцата косовски полицајци безусловно

Шефот на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, по одвоените средби што ги имаше со премиерот на Косово, Албин Курти и со српскиот претседател, Александар Вучиќ, на прес-конференција кажа дека побарал од Вучиќ да ги ослободи тројцата косовски полицајци кои се држат во Србија од 14 јуни. „Идентификувавме можен начин напред на кој двете страни мора да ги исполнат своите...

Курти и Вучиќ отидоа во Брисел на средба со Борел

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти заминаа денеска во Брисел на средба со шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел и со специјалниот пратеник за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчек. Вучиќ отиде во Брисел, но претходно изјави дека нема да разговара со Курти, туку само со Борел. „Со Албин Курти немам за што да...

Вучиќ и Курти ја условуваат средбата во Брисел, поставени блокади на патиштата кон Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека нема да оди во Брисел на средба со европските претставници и преговори со Албин Курти, додека секој уапсен Србин на Косово не биде ослободен. Тој разговорите ги услови и со повлекување на, како што рече, „лажните градоначалници од северот“, пренесува Kossev.info. „Нема да одам да разговарам со Курти додека не биде ослободен секој...

Њујорк тајмс: Најголемите улични протести во Србија по соборувањето на Милошевиќ

Протестите во Србија поради минатомесечните масовни убиства во саботата се претворија во најголемите улични демонстрации во Белград откако во 2000 година беше соборен поранешниот српски претеседател Слободан Милошевиќ, пишува Њујорк Тајмс. Протестите „Србија против насилството“, кои се одржуваат еднаш неделно, добија замав од почетокот на мај, кога 18 лица беа убиени во два масакри - едниот во училиште во Белград,...

Организаторите со напори да спречат провокации на протестот „Србија против насилство“

Српските пратеници Мирослав Алексиќ, Славица Радовановиќ и Срѓан Миливојевиќ, коишто се меѓу организаторите на протестите „Србија против насилство“ утре ќе се координираат со Полициската управа за Белград за да се спречат несакани сцени, јави Н1. Според телевизијата, тие побарале состанок со началникот на Полициската управа, Веселин Милиќ, за подобра комуникација, координација и превенција на несакани настани на протестот, петти по...

Вучиќ ја обвини косовската полиција дека пукала во демонстрантите во Звечан

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја обвини косовската специјална полиција дека пукала со боева муниција во насобраните граѓани во општина Звечан на Северот на Косово, при што, според Вучиќ, ранет е извесен Драгиша Гаљак, објави N1. Вучиќ ја изнесе своја верзија за случувањата велејќи дека по преговорите со КФОР што ги одржале претставниците на „Српската листа“, тие предложиле КФОР да ги...

Вучиќ го предложи Милош Вучевиќ за нов претседател на СНС

Претседателот на Србија и лидер на владејачката Српска напредна странка (СНС), Александар Вучиќ, денеска на партиското Собранието што се одржува во Крагуевац поднесе оставка од својата партиска функција.Тој за нов лидер на партијата го предложи Милош Вучевиќ, пренесе Н1. „Што да ви кажам за нашиот Милош, знам дека е со нас од почеток, дека најдобро знае што е партијата, знам колку...

Вучиќ се повлекува од лидер на СНС, од утре ќе бил претседател на сите граѓани

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на вечерашниот митинг наречен „Србија на надежта“ соопшти дека од утре нема да биде претседател на неговата партија, Српската напредна странка (СНС). „Ова е последна вечер кога зборувам како претседател на СНС“, рече Вучиќ на митингот во Белград, додавајќи дека од утре СНС на чело ќе дојде некој друг, а тој ќе биде само „претседател...

Остри реакции од меѓународната заедница за денешните немири на Косово

Европската Унија вечерва упати остра осуда за судирите меѓу косовската полиција и демонстрантите на северот на Косово. Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, се огласи преку писмена изјава во која се вели дека судирите меѓу косовската полиција и демонстрантите се иницирани од обидот на новоизбраните градоначалници да влезат во зградите на локалните самоуправи во четири општини на северот на Косово. „Длабоко...

Сирени за тревога и шок бомби на северот на Косово, Вучиќ ја крена војската на највисоко ниво на борбена готовност

Сирени за тревога попладнево се вклучија во Митровица, а во моментов има инциденти во три северни општини во Косово. Најтешка е состојбата во моментов во Звечан, каде веќе е употребен солзавец, шок бомби, а се слушаат и куршуми објави порталот Коссев.инфо Колеги новинари од Косово, со кои Мета.мк стапи во контакт кажаа дека во некои делови на Митровица снемало струја,...

Бесплатно, во полни автобуси, симпатизери на Вучиќ се мобилизираат за вечерашниот митинг во Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ и неговата Српска напредна странка (СНС) мобилизираа стотици поддржувачи за да присуствуваат на големиот собир кој ќе се одржи вечерва во Белград. Полни автобуси со поддржувачи од регионот, меѓу кои има и од Северна Македонија веќе се упатија кон српската престолнина. Порталот на ТВ Н1 објави дека од утрово автобуси се паркирани пред Палатата Србија, а...

Александар Вучиќ ќе води и македонски граѓани на контрапротестот во Белград на 26 мај

„Организиран бесплатен автобуски превоз на сесрпскиот митинг на 26 мај (петок) во Белград. Кој е подготвен да оди, нека се јави. Известете ги и сите останати луѓе. Поаѓањето ќе биде од Куманово. Резервирајте ги вашите места на време“, е пораката што на 11 мај на Фејсбук ја објави Српската заедница во Македонија. Самиот повик на Фејсбук до моментот на објавување...

Њујорк Тајмс одговори на обвинувањата на Вучиќ дека написот за врските на државата со Беливук бил нарачан

Голема бура во српската јавност предизвика написот во угледниот Њујорк Тајмс, во кој се опишува поврзаноста на владата на СНС, Александар Вучиќ и криминалните кланови. Претседателот на Србија неодамна за време на гостувањето на ТВ Хепи изјави дека споменатиот текст е „нарачан и напишан во Белград“ и дека тие што го читале не биле фасцинирани. Овој текст очекувано наиде на...

Вучиќ: Побарав да ја вратиме смртната казна, но Владата е против

Ѝ предложив утрово на премиерката Ана Брнабиќ да ја вратиме смртната казна, но таа беа против, затоа што така би биле единствените со смртна казна со Белорусија во Европа. И јас некогаш бев против смртната казна, но сега се каам што имав таков став. Ова денеска на прес-конференција го изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, откако се случи второ масовно убиство...

„Њујорк Тајмс“ за Александар Вучиќ и Беливук: Сива зона меѓу државата и мафијата

Угледниот американски весник „Њујорк Тајмс“ во средата објави опсежен текст, во кој се фокусира на српскиот претседател Александар Вучиќ. Сторијата го прикажува политичкиот развој на Вучиќ, од навивачките почетоци, преку преземањето на власта во Србија до можните врски со криминалната група на Вељко Беливук, заедно со изнесувањето на детали за злосторствата за кои се обвинети членовите на групата на...

Српската влада по вчерашната трагедија предлага контроли и мораториум за носење оружје

Српската влада ги донесе најновите одлуки по вчерашното деветкратно убиство во белградското училиште „Владислав Рибникар“, пишува Радио-телевизија Србија.  Владата со најновите одлуки предлага мораториум на издавање дозволи за поседување и носење огнено оружје (дозволи за набавка на оружје, потврди за оружје и слично), во наредните две години. Во рок од три месеци, мора да заврши прегледот на сите издадени дозволи...

Адвокатот Шабиќ за N1: Обвинителството да открие кој му ги дал личните и медицински податоци на Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на вчерашната прес-конференција по масовното убиство во белградското училиште „Владислав Рибникар“ истакна дека државните институции си ја завршиле работата, потоа објави лични податоци за малолетникот кој го изврши нападот, како и податоци од анализите на две здравствени установи за менталното здравје на момчето. Адвокатот Родољуб Шабиќ за порталот N1 изјави дека е недозволиво таквите...

Вучиќ предлага мораториум за поседување оружје и кривична одговорност за лица над 12 години

Српскиот претседател Александар Вучиќ попладнево имаше свое обраќање до јавноста, по траорниот настан, кога седмоодделенец уби осум свои соученици и чуварот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, а рани уште шест деца и наставничка. Вучиќ откри повеќе детали околу случајот, а предложи и десет мерки, за кои рече дека треба да одлучат надлежните институции. Тој изјави дека ова е...

Вучиќ и Курти се обврзаа да го решат прашањето за исчезнатите лица на Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти денеска ја прифатија декларацијата за исчезнатите лица како дел од дијалогот за нормализација на односите. Во декларацијата која ја објави Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) тие се обврзаа да соработуваат за идентификување на гробните места и да ги следат ископувањата за да се лоцираат и идентификуваат исчезнатите лица во периодот...

Србите од Косово ги бојкотираат локалните избори организирани од властите во Приштина

Србите од Косово денеска ги бојкотираат локалните избори на север организирани од властите во Приштина, каде претставниците на српската заедница во ноември поднесоа оставки од локалните институции, јавува АФП. Бојкотирањето на изборите во четири општини каде Србите се мнозинство ризикува да ги засили постојаните тензии во последните месеци меѓу косовската влада и Србите, наведува француската агенција. Инаку, вонредните локални избори се...

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...