fbpx

Србија наредната недела оди на избори, трката неизвесна особено во Белград

Покрај неизвесноста на парламентарните избори, особено изедначен е натпреварот на локалните избори за избор на иден градоначалник во Белград

-

На 17 декември во Србија ќе се одржат предвремени парламентарни и локални избори, кои претставуваат своевиден референдум за поддршката на српскиот претседател Александар Вучиќ. Додека српската опозиција се жали дека условите за учество на изборите не се фер и демократски, особено на правото на еднаков пристап на власта и опозицијата во медиумите, за власта на Вучиќ овие избори ќе бидат тест за нејзината популарност во поголемите градови.

За 250 пратенички места во српскиот парламент се натпреваруваат 18 изборни листи. Како што пишува сервисот Дојче веле на српски јазик, она што загрижува на актуелните избори е фактот што зачленувањето на Србија во ЕУ не игра речиси никаква улога во дискурсот на српските политичари.

Српските аналитичари посочуваат дека во предизборната кампања приоритет се дава на животниот стандард, борбата против невработеноста и економската стаилност на земјата, потоа на борбата против корупцијата и криминалот, како и на прашањето за Косово.

Опозициските политичари ја обвинуваат српската власт дека преку контрола на медиумите и купувањето гласови се обидува да ги придобие изборите на 17 декември. Иако српскиот устав не му дозволува на претседателот да учествува и отворено да лобира за одредени политички кандидати, Александар Вучиќ нашироко е вклучен во предизборната кампања за Српската напредна партија.

Анкетите за предвремените парламентарни избори покажуваат водство на неговата Српска напредна партија при изборот на идниот пратенички состав, иако популарноста на неговата Српска напредна партија одамна е под поддршката што ја има Вучиќ.

Според истражувањето спроведено од Нова Српска политичка мисао во ноември 2023 година, Српската напредна партија би освоила 39,2 отсто од гласовите на парламентарните избори, додека водечката опозициска коалиција „Србија против насилството“ ќе добие 25,8 отсто од гласовите. Помалиот партнер од владејачката коалиција – Српската социјалистичка партија и Единствена Србија ќе освојат 8,1 отсто од гласовите.

Во трката за влез во српскиот парламент се и помали опозициски коалиции, кои имаат изразито десничарски, а дел од нив и проруски ставови. Коалицијата Двери и Заветници на оваа анкета добила 5,1 отсто од гласовите, додека за Надеж за Србија би гласале 4,4 отсто од анкетираните лица. Можност да влезе во парламентот има и Народната партија, за која би гласале 3,2 отсто од гласачите. Анкетата покажува дека 8,4 отсто од граѓаните би гласале за некоја опозициска партија, но не се сигурни за која.

Ваквиот предизборен исход од мерењата на волјата на гласачите покажува дека Србија би можела да влезе во мачен постизборен период за формирање на неопходното мнозинство за избор на идната српска влада. Покрај неизвесноста на парламентарните избори, особено неизвесен е натпреварот на локалните избори за избор на иден градоначалник во Белград.

Дел од српската опозиција најавува дека нема да дозволи власта да ги фалсификува изборите и најавува протести на улиците на Белград по одржувањето на изборите закажани за 17 декември.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...