понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: предвремени парламентарни избори | 331 резултати

Бојко Борисов отворен за соработка со сите партии за новата бугарска влада

април 5, 2023

Лидерот на партијата ГЕРБ Бојко Борисов денеска изјави дека им ја пружа раката на сите партии кои се вклучени во бугарскиот парламент, вклучувајќи и на проруската партија „Преродба“ и на претседателот Румен Радев за формирање на нова бугарска влада, пренесува „Медиапул“. Борисов рече оти тој ќе остане пратеник во собранието, но и дека лично со […]

Неизвесен победникот на парламентарните избори во Бугарија

април 2, 2023

Речиси мртва трка се води меѓу коалицијата „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ и коалицијата ГЕРБ – СДС, јавува mediapool.bg. Разлика помала од еден процент меѓу овие две коалиции е најверојатниот исход од предвремените парламентарни избори што денеска се одржаа во Бугарија. Според податоците од агенцијата „Алфа Рисрч“, „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ освоила […]

Лажни дојави за бомби како закана за изборниот процес во Бугарија, може да влијаат на одѕивот на гласачите

март 29, 2023

Откако се стишија во Македонија, лажните дојави за бомби масовно се појавија во Бугарија, доведувајќи го под знак прашање нормалното одвивање на предвремените парламентарни избори што се закажани за недела, 2 април. Десетици училишта и универзитети во изминативе два дена во Бугарија добија дојави за бомби, кои по проверките се утврди дека се лажни. Централната […]

На една недела пред изборите, во Бугарија неизвесно дали ќе се формира нова влада

март 25, 2023

Една недела пред одржувањето на предвремените парламентарни избори во Бугарија, неизвесно е дали гласањето на граѓаните закажано за 2 април ќе доведе до формирање на нова бугарска влада. Претстојните избори ќе бидат петти по ред парламентарни избори во рок од две години, бидејќи по сите досегашни резултати на изборите ниту една пратеничка листа не успеа […]

Уставните измени повод за остри критики меѓу Ковачевски и Мицкоски

март 24, 2023

Кој ги знае ставовите на Никола Груевски за уставните измени, а кој оди по странски амбасади за да гарантира изгласување на уставните измени во замена за власт? Ова се само дел од острите реплики на претседателот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и премиерот Димитар Ковачевски коишто си ги разменија вчера и денеска. Премиерот Димитар […]

Мицотакис: Предвремени избори во Грција во мај

март 22, 2023

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во синоќешното телевизиско интервју рече дека предвремени парламентарни избори во Грција ќе се одржат во мај, пренесува весникот Катимерини. Четиригодишниот мандат на Мицотакис истекува во јули годинава, а очекувањата беа тој да ги распише изборите за почетокот на април. Владата е под голем притисок на грчката јавност по железничката несреќа на […]

Пет партии ќе влезат во новиот парламент на Бугарија, ПП-ДБ и ГЕРБ во тесна трка

март 2, 2023

Според две истражувања на јавното мислење, објавени вчера и денеска, во новиот состав на бугарскиот парламент ќе влезат пет политички партии, пренесува Бугарското национално радио (БНР). Во поглед на популарноста, пак, двете анкети на првото место од петте партии ставаат различни коалиции. Според анкетата на „Алфа Рисерч“, веројатно најетаблираната социолошка агенција во Бугарија, победници на […]

Џафери очекува текстот за уставните измени да е готов до почеток на летото, седница да има до септември

јануари 24, 2023

Претседателот на Собранието, Талат Џафери очекува предлог-текстот за измените на Уставот на РСМ да се изготви до почетокот на летото, додека дискусијата за утврдените предлог-измени на Уставот очекува да започне на собраниска седница во септември, пишува Радио Слободна Европа на македонски јазик. На тој начин, вели Џафери, евентуалното донесување на уставните измени би можело да […]

БСП го врати мандатот, нови избори во Бугарија најверојатно во април

јануари 24, 2023

Бугарската социјалистичка партија (БСП) денеска и формално го врати мандатот за формирање влада. Тоа беше третиот мандат во рамките на најновиот обид Бугарија да добие политичка влада, а по ова Бугарија треба да организира нови парламентарни избори, коишто претседателот Румен Радев најверојатно ќе ги закажe за април, пишува бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. „Направивме сѐ што е […]

Пропадна и третиот обид да се состави влада, Бугарија повторно на избори

јануари 20, 2023

Бугарската социјалистичка партија (БСП) го враќа третиот мандат за формирање влада, со што Бугарија наскоро повторно ќе организира предвремени парламентарни избори, јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Социјалистите денеска побараа претседателот Румен Радев да ги прими во понеделник за да го вратат мандатот, но тоа сепак ќе се случи во вторник. „Баравме решение за излегување од политичката […]

Контраспин: Тврдењето дека мнозинството од СДСМ е за предвремени избори е спин

јануари 8, 2023

Освен една изјава на Мицкоски од 29 декември 2022 година, дека „имал сигнали од пратеници на СДСМ и на ДУИ“ за формирање мнозинство од 61 пратеник за распуштање на Собранието и распишување предвремени избори, нема од ниту едно друго место некаква поткрепа или аргумент кој би зборувал во насока дека „мнозинството во СДСМ, членови, министри и дел […]

Во Бугарија и БиХ денеска се одржуваат избори

октомври 2, 2022

Значајни избори денеска се одржуваат во Бугарија и Босна и Херцеговина, коишто ќе определат кој ќе раководи со овие две балкански земји. Бугарските граѓани гласаат на предвремени парламентарни избори, од кои се очекува во новиот бугарски парламент да влезат осум политички партии. Најмногу гласови се очекува да освои партијата ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, […]

Бугарија ќе оди на избори на 2 октомври, Радев го назначи Галаб Донев за технички премиер

август 1, 2022

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска го распушти парламентот и распиша предвремени парламентарни избори што ќе се одржат на 2 октомври, јавува Бугарското национално радио. Радев го потпиша и указот за назначување на службена влада во Бугарија, на чело со Галаб Донев за технички премиер. Тој беше поранешен министер за труд и досегашен советник на бугарскиот […]

Во Бугарија ќе има предвремени избори откако БСП не успеа да формира парламентарно мнозинство

јули 27, 2022

Бугарската социјалистичка партија (БСП) не успеа да формира парламентарно мнозинство и утре ќе му го врати мандатот за состав на нова влада на претседателот Румен Радев, јавува Бугарското национално радио. Претседателот на парламентарната група на БСП во актуелното собрание изјави дека одговорноста за ваквиот чин е на партиите ГЕРБ, ДПС, Има таков народ и Преродба. […]

Анкета во Бугарија: Партиите на Борисов и Петков изедначени, „Има таков народ“ не би влегла во парламентот

јули 6, 2022

Најновата анкета на „Алфа рисрч“ покажува дека партијата „ГЕРБ“ на Бојко Борисов и „Продолжуваме со промените“ на Кирил Петков имаат минимална разлика во популарноста доколку во Бугарија се одржат предвремени парламентарни избори, пренесува bTV Novinite. За „ГЕРБ“ на Борисов би гласале 21,5 отсто од граѓаните кои учествувале на анкетното истражување, додека „Продолжуваме со промените“ на […]

Мицкоски го одби францускиот предлог за симнување на бугарското вето, најави блокади на институции и патишта

јуни 18, 2022

Поистоветување на 8 септември 1991 година со денешниот опозициски протест, жестоко спротивставување на францускиот предлог за деблокада на почетокот на преговори со ЕУ на земјава и најави за блокади на институции и патишта по претстојново лето беа дел од пораките на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски што ги испрати пред неколку илјади симпатизери на протестот […]

Мицкоски денеска со протест пред влада ќе бара предвремени парламентарни избори

јуни 18, 2022

ВМРО-ДПМНЕ и помалите партии од опозициската коалиција денеска со почеток од 20 часот ќе одржат протест пред владиното седиште во центарот на Скопје. Христијан Мицкоски на овој начин ќе притисне за одржување на предвремени парламентарни избори во земјава наесен, иако ставот на СДСМ и владејачкото мнозинство е дека наредните избори ќе се одржат во редовниот […]

ВМРО-ДПМНЕ со протест пред влада на 18 јуни, од СДСМ порачуваат да не се блокираат важни закони

мај 17, 2022

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да организира антивладин протест на 18 јуни пред влада. Во наредниот период ќе продолжи активната блокада на опозицијата на Собранието на РСМ, а воедно од партијата ја оставаат отворена вратата и за дополнителни чекори во периодот што следи. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски вчера не обелодени на какви дополнителни […]

Ковачевски му порачува на ВМРО-ДПМНЕ наместо со најавените блокади, да почне со работа во општините

мај 6, 2022

По најавите на ВМРО-ДПМНЕ за блокирање на Собранието на РСМ од 10 мај и барањето на Христијан Мицкоски за лидерска средба за закажување на датум за предвремени парламентарни избори, денеска со реакција излегоа двајцата лидери на владејачките СДСМ и ДУИ, Димитар Ковачевски и Али Ахмети. Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, денеска ги повика […]

Шекеринска се повлекува од политиката, Мицкоски предлага Гаши да биде нов премиер

декември 17, 2021

По најавата на Венко Филипче дека ќе се повлече од министерската позиција во идната влада и актуелната министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска најави дека нема да биде дел од новата влада предводена од СДСМ. „Единствената принципиелна и чесна одлука би била да кажам дека нема да учествувам во следната влада. Сметам дека во изминатиот […]

Страна 1 од 17