fbpx

Столтенберг-Вучиќ: Учесниците во Бањска мора да одговараат, добро е што Србија сака да соработува

„Србија е важен регионален учесник и долгорочен партнер на НАТО, добар пример за нашата соработка е заедничката работа што ја направивме во изминатите 10 години за мировната програма на НАТО и исто така соработувавме во многу други области, а работевме на енергетската безбедност, безбедноста на животната средина, напредните технологии и сајбер одбраната“, рече Столтенберг

-

Формирањето Заедница на општини со српско мнозинство е клучот за нормализирање на односите меѓу Приштина и Белград, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по средбата со српскиот претседател. Официјалниот претставник на НАТО допатува во Белград од Приштина, како дел од неговата повеќедневна посета на регионот на Западен Балкан.

„Србија е важен регионален учесник и долгорочен партнер на НАТО, добар пример за нашата соработка е заедничката работа што ја направивме во изминатите 10 години за мировната програма на НАТО и исто така соработувавме во многу други области, а работевме на енергетската безбедност, безбедноста на животната средина, напредните технологии и сајбер одбраната“, рече Столтенберг.

Тој потврди и дека со српскиот претседател разговарал за можноста за заеднички воени вежби.

„НАТО и Србија претходно имаа заеднички вежби, а всушност јас и ти присуствувавме на заедничка вежба меѓу Србија и НАТО, вежба за цивилна подготвеност и навистина се надевам дека ќе можеме да продолжиме вака во иднина. Гледам напред кон зајакнување на нашата соработка“, рече тој.

Столтенберг кажа дека учесниците во Бањска мора да одговараат и го поздрави фактот што Србија е подготвена за соработка.

„Во септември видовме уште едно избивање на насилство во Косово, ова не може да се дозволи, тие што го направија мора да бидат изведени пред лицето на правдата. Навистина го поздравуваме тоа што Србија е подготвена да соработува во овие напори, за што разговаравме и на средбата“, рече тој.

Тој како и вчера во Приштина потсети дека по инцидентите НАТО распореди дополнителни 1.000 војници, но и тешко вооружување. Тоа е, вели тој, најголемото и најсилното засилување на контингентот на НАТО во Косово во изминатата деценија.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израелскиот премиер Нетанјаху вели дека нападот на Рафах ќе се случи со или без договор

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе започне воена инвазија на градот Рафах во јужниот дел на Газа без оглед на преговорите за примирје со Хамас, пишува Би-би-си. Oва...